ауууу леле каков беше крајот каква страст 2 3 пати вратив за да видам а за Џемил немам зборови психопат е жими се ова не е ништо ќе видите после што ќе направи Спојлер ќе ја киднапира Ифет се надевам дека ќе го фати тој дел епизодата во понеделник ,кој ќе чека до тогаш
За се е највеќе крива Ифет зато што цело време крие од Али Иксан. Ако уште во првиот момет му кажеше дака тоа е ѓубрето што ја силуваше па се ожени со другарка и а сега и се пушта на Нил ,одма Џемил ке го јадеше стапот.Ама колку што е Џемил психопат,толку е и Ифет.Ќути и го крие како да има потреба од неговата садо-мазо љубов која ја добива од Џемил. И за се што ке се случува натака крива е само Ифет и никој друг. И многу ми е криво што онаа вештерка од сестра на Али Иксан на крај ќе биде во право.
Ja подѕирнувам понекогаш за тепање време, ама далеку ми е од квалитетна серија...баш лимонадиче... Како и да е, овој Џемил ми е тежок п***р без никакви комплекси, па уште и маж се нарекува, ццц. Ептен ми падна в очи моментот коа (ваљда на тештата) и` рече „Дали Бетул знае дека ме купивте со пари?“.... Ако го купиле тој се продал, па нека ја чукне таа тиква грда како мрсул и нека подразмисли што е посрамно, да купиш некого со пари, или самиот да бидеш на продажба? Онаа па Бетул па....поочајна и попатетична од неа, амин. За еден *** какви се` не понижувања трпи. А за мазохизмот на Ифет да не збориме, доволен е фактот што му прости силување на оној грдион...Ферхунде ми е далеку подобар лик
И јас не ја гледам серијава, вчера ми падна во очи, ми беше досадно па да видам што се случува си реков. Тој со долгата коса, дечкото на сестрата на Али Иксан, чинам Омер се викаше, толку ми е педерастичен и одвратен... органски несварлив. Серијава ми е ептен глупа, испомешано е се, сплетки, бетер од шпанска серија, не планирам да ја гледам, всушност и не гледам турски повеќе само ете сакав да си го кажам првиот впечаток за серијава. Ифет е многу убава, само што додека за Јасмин викавме дека ја мачкаат со маргарин, мене Ифет ми личи на дух, ептен е била на лице. Тој Џемил доста симпатичен е.
Вчера гледав како ќе заврши Ифет и морам да кажам дека многу се разочарав...цела вечер бев нервозна заради тоа. Ааа и маж и сегашен го немаше никаде,којзнае што ќе се случи или да не го сменат актерот... Баш ми беше шармантен.
Серијава малце ми стана досадна. Со новиве случувања и заплети и глупости, не знам уште колку ќе издржам да ја гледам.
после се што и се случи на Ифет,кога го гледам овој фрагмент од серијата ,не можам да замислам како може ова да се случи и таа да го стори ова...... http://www.youtube.com/watch?v=-torr3dme34
кога веќе кажа јас да докажам Спојлер несакајќи ќе пука во него и да погодам зошто заради тоа што глупи турци јас кажав претходно или направите асална серија или ич нека не ја прават мораше да заврши поради една друга серија што почна таму глуми МУРАТ УНАЛМИШ јусуф од сестри и затоа 3 сезона на сестри почнува без јусуф ,глупости се брза да се скрати сценариото да заврши серијата затоа бидејќи има уште 10 што ќе треба да се емитуваат и ги бараат глумците за други улоги во серии
Во таа серија кај што глуми Јусуф од Сестри се вика Татковци и синови и завршува следната недела.И таа е кратка серија.
Леле оваа Ифет глуачка невидена..Како може бе после се што и направи Џемил пак да биде со него??? Наместо сега да си го гледа мажот и да ужива во богата куќа падна таа уште со Џемил се заебава...цццц
јас не видов што се случи, како ифет реши пак да се мажи со али иксан после тоа кога оваа другата ги излажа дека е трудна?? ај овој дел ве молам кажете ми го
Ерхан се разбуди од кома и му кажа на Али Иксан дека Ѓулин не е бремена, туку дека лаже. Овој ја избрка нејзе од дома и отиде кај Ифет да и каже и така.
Девојки дали може да ми ја раскажете последната епизода, не успеав да ја гледам а многу ме интересира што се деси
Еее срцка е овој маж и на Ифет,на дланка ја гледа.А она проста запнала по оној идиотон Џемал.Стварно почнува да ме разочарува.
Леле јас да бев на местото на Ифет кога беше у собата со Џемил и Али Иксан надвор ќе се дерев ќе викав помош и Али Иксан да дојдеше и едно убаво да го истепашее
E mnogu me nervira ovaa Ifet, covek ne si go gleda pitomoto,trca po divoto.A pak toj Dzemil uhhh da mi padne v race bi go zadavila.
Уууу оваа сестра му на Али Иксан како ме нервира се за инат праиии,сакам Ифет еден ден да ја истепа,ама веќе Ифет знае како со неа кога и кажа ова е моја куќа како и се стаи ејј уште малце ќе и рипнеше да ја тепа само така да продолжи се додека и ќути таа упорно продолжува да ги провоцира
не заврши веќе со снимање од втората сезона беа снимени само неколку епизоди и незнам од кои причини се прекина снимањето и направија една завршна епизода