Бидејќи на форумов не приметив ваква тема, истава ја отворам за размена на искуства, препораки за производи како и за размена на кодови за попуст. iHerb е интернет продавница за козметика, разни додатоци во исхраната (витамини, минерали и сл.), природна и органска храна, производи за лична хигиена. Она што е карактеристично за iHerb се ниските цени (поголемиот дел од производите се со два до три пати пониски цени од кај нас), како и ниската поштарина од само 4$. iHerb врши достава во многу земји низ светот, а од неодамна и во Македонија. При првата порачка може да добиете попуст од 5$ (за порачки до 40$) или попуст од 10$ (за порачки над 40$), со користење на код за попуст од некој купувач (јас го добив овој код http://www.iherb.com?rcode=FNL458, преку него ви се отвора страната iHerb и попустот ви е автоматски активиран). На iHerb можете да добиете и дополнителни попусти секоја седмица, бидејќи има седмични попусти и до 30% на одредени производи. Во секоја порачка имате право на еден „trial“ производ (за симболична цена од 0,50$). Предност на iHerb е тоа што на декларацијата која е залепена на пакетот наведена е само вредноста на порачката без поштарина, па за тие 4$ може да си порачате уште нешто. За да биде поштарината 4$, тежината не пакетот не треба да надминува 1,814кг, инаку се плаќа повисока поштарина. Јас вчера го добив првиот пакет (пристигна за 17 дена). Вкупната сума која ја платив (со поштарина) беше 43.86$, а на декларацијата стоеше 39.86$. Ми беше малку страв како ќе помине на царина, меѓутоа при подигнувањето платив само 102 ден. за царина (всушност тоа не е царина, туку некои минималани давачки, веројатно затоа што го имаа отворено пакетот), плус 22 ден. за подигнувањето од пошта. Се` на се` производите се многу поефтини од кај нас, а што е уште побитно сертифицирани и со проверен квалитет. Ако имате направено порачка кажете што порачавте и дали сте задоволни. Јас вечер ќе ги сликам производите што ги добив и ќе ги прикачам
Пред да ги порачам производиве, гледав да имаат што е можно повеќе reviews и повисоки оцени. Лабелово го зедов како trial производ за 0,50$. Пишав и горе дека во секоја порачка може да се земе и еден ваков производ. Содржи органски пчелин восок, витамин Е и навистина ги омекнува усните, а мирсот му е неодолив, на свежи малини http://www.iherb.com/sierra-bees-or...ith-vitamin-e-15-oz-4-25-g/45759?rcode=fnl458 Ова се мултивитамини со многу убав состав. Има 60 во пакувањето и се земаат по една дневно. Малку се поголеми, ама не се тешки за голтање. Битен ми беше составот, а мултивитамини со ваков состав кај нас коштаат дупло. http://www.iherb.com/nature-s-way-alive ... ode=fnl458 Whey isolate протеинскиот напиток има убав, чоколаден вкус. Планирам да го пијам еднаш дневно после тренинг, како замена за оброк. Досега немам пиено други протеински шејкови за да го споредам, само можам да кажам дека е превкусен и дека е супер замена за оброк http://www.iherb.com/muscletech-six-sta ... ode=fnl458 Четчево за усни кошта 3$ и е супер практично. Долниот дел се вади и со него се поклопува четчето, така што може да се носи и во ташна без да се валка ташната. Од истава фирма има секакви четки, мислам дека сите беа по 3$. http://www.iherb.com/e-l-f-cosmetics-st ... ode=fnl458 Шампонов уште не ми е пробан, го дотрошувам стариот па ќе го пробам и овој. Според критиките треба да е добар за сува коса- имаше доста позитивни коментари. http://www.iherb.com/giovanni-smooth-as ... ode=fnl458
Ии како постапувате со дхл? Кога ќе ви се јави и ќе ви каже дека треба ддв да платите? @Cosmi мислам нарачуваше... некој друг? Ми иде пратката да им ја оставам. 1500 и кусур да сум платела, а пратката е 2100
Да не си одбрала некоја брза испорака при нарачката? Или пакетот да не е многу голем? Нема логика инаку, многу е тоа. Едино ако си нарачала нешто ептен специфично што го нема кај нас, па по таа некоја логика да оделе. Ама пак... мислам до 40 евра не се царини, ни па се даночи нешто. Какво ДДВ, не се тачни значи. Цел свет функционира со онлајн нарачки и бесплатна достава, векот назад ќе го враќаме. Арно вика @Cosmi само помали нарачки му е мајката. Патем, другарка имаше ваков случај сличен ко тебе, не знам шо им беше објаснувањето ама на крај плати. Исто поголем пакет/нарачка.
Колаген е нарачката. Ништо што го нема кај нас, само од друга фирма. Нарачката инаку е 34 евра, знам дека до 22 не се плаќа ддв ни царина а од 22 до 45 само ддв... Имам порачувано порано од овие ама со обична поштарина, сега со дхл пошо ми се брзаше.. Значи порачката со се деливери е 34 евра, се вкупно.. Ниту пак е голем пакетот, колку е пола кило преку сила..имам две нарачки со дхл, ако за двете ме ебаваат вака нека си ги чуваат, од бугарија ќе одам да купам..
Да не те известиле грешно дека е за ДДВ само толку? Вака кога кажуваш, мислам дека највеќе ќе платиш за ДХЛ. Како во магла ми е дека за истото плати и она, само имаше бааги поголем пакет. (нешто со димензии/тежина имаше кај неа + преку ДХЛ) Не знам шо да кажам, се надевам нема уште 50-60 евра плус на ДХЛ да дадеш оти стварно забегале.
Не знам конкретно за iHerb, ама од други страни кога нарачував со ДХЛ, ми наплатија 1000 денари за лежарина (демек што им седел кај нив пакетот) и плус ддв си платив во царина (исто околу 30-40 евра ми беше нарачката). Така да може ти е 1000ка за ДХЛ и плус ддв/царина ~500 денари. Во ддв/царина целата сума на пакетот ја гледаат, сосе деливерито
На 34 евра е околу 360 ден. ддв 18% Барај објаснување од каде ја нашле сумата. Најголеми лопови во Мк се дхл.
Ете да сум појасна.. 1593 ден за складишнина и средување на постапката за плаќање на давачките ПЛУС ддв .. Јас па се направив малку мутава сабајле и го прашав тој од дхл зошто царина затоа што во првиот мејл пишаа... Pochituvan/a, Pristignata e pratka za Vas vo DHL carinski magacin so broj vo subject na porakava za koja Carina na RM bara da se sprovede carinska postapka so plakjanje na uvozni davachki. Ќе си платам ддв ама таа лежарина нека си ја набутаат знаете каде...од позади а да не зборам дека не носат до берово треба да одам таму се на се 2 пати..
Ајдуци скапани се. Прашај ако знаеш некој што има шпедиција приватна да ја превземе пратката и да платиш само ддв. За сума од 400 ден.тие еден куп давачки ставиле.
Да, ова е најверојатно цената за ако сакаш они да ти посредуваат за царинење. Ако веќе одиш до Скопје само за ова подобро сама директ плати си за ддв-то. Јас одев до ДХЛ да си ги земам документите за царинење, па во царина со извод од сметка колку си платила (не примаат screenshots да им покажеш или нешто друго) и пак назад во ДХЛ да платам за лежарина и тек тогаш ти ја даваат пратката.
Колку време ја чекате нарачката од iherb?И дали ви ја доставуваат до врата,адреса?Или мора да си ја земете лично од приватна пошта?
Мислам дека да Последно нарачував пред неколку години и ми се јавија од пошта, ДХЛ ама ми ја донесоја преку главната од македонски пошти.. Чекав еден добар месец. Не знам како изгледа соработуваат но ми оставија картон во сандаче и отидов си ја подигнав. Инаку што се дешава со шипингот цените се ненормални Пред неколку години ме фати околу 300 и нешто денари, за пакет со козметики а сега за 1 производ што не тежи повеќе од 100гр ми вади шипинг до Мк 1000 денари
Леле ужас! Поготово делот со чекањето!Ме сроза. Али што да праам,кога тоа што ми треба го нема по аптекиве. Во неколку прашав нигде го нема(Зегин,Виола..) Фала,како и да е.
Zdravo, sakam da napravam naracka na Iherb od tamu mi izgleduva so free shipping, no tuka koi se davackite so postarina, carina i sl.? Stanuva zbor za paket kozmetika od nekolku proizvodi pod 1kg. Ako mozebi znaete nekoja informacija kje mi bide od golema pomos.
Мислам дека при нарачувањето треба да одбереш преку каква пошта сакаш, ако не се лажам. Јас последно избрав преку Македонски пошти, не беше многу евтино, ама преку ДХЛ ми беше прескапо. Јас за последната пратка чекав околу 2 недели. Зачудувачки, да Мене ми оставија картонче и бев во Мак. пошта, искрено мислев ќе ја достават до дома (со оглед на високата поштарина) ама ете...
Ајде ве молам некој што порачувал во последно да сподели колку се наплаќа за шипинг до Мк? Нешто кај мене вади некои гастрономски цени за мали работи ми иди поскапа доставата од производите не знам дали им е некоја грешка или стварно го имаат премногу поскапено шипингот