Ве молам за помош има ли некој искуство,ништо не разбирам а и не сум во состојба да размислувам ама ич
Епа iHerb изгледа е завршена приказна за МК. Повеќе не се исплаќа нарачување, освен групна поголема пратка, оти давачките испаѓаат поскапи од производите. Иста судбина како со АСОС....
Знам ама немав избор морав да ги нарачам зошто во претходната нарачка сум утнала место 2 паковања јас 1 сум нарачала,а за детенце ми се и морав хитно зошто сите кај што можев да нарачам од страна земјиве доаѓаат дури крај на септември а оно уште за 4 дена има. Кога мислиш дека денот неможе плус да те дотепа...
Не баш.Овој што го нарачувам е најчиста форма когнизин патент,се користи за когнитивна поддршка,меморија внимание,адхд додека овој на алкалоид е повеќе за медицински случаеви и не е чист холин,мене ми треба квалитетен чист за долгорочна употреба. Тоа е кога ќе се зафркнеш сам,следна нарачка во Бугарија ќе биде на адреса.Се добро што можеше во земјава да просперира усраа.
Јас порачав во јули преку Vitacost, и денес пак. Имаат скоро сѐ што имаше на iHerb, бар од она што мене ми треба... Праќаат преку FedEx, ама веројатно на поинаков начин. Чини 13 долари, фиксно, и мене минатиот пат ми стаса во регуларна пошта (главната, од страната кајшто царинат). Инаку, ако добро сфатив, праќаат од некоја европска земја (можеби Данска?) - веројатно поради царините на Трамп. Не платив ни царина, ни ништо. Овој пат можеби - сумата е околу 50 долари, но да видиме... Е сега, малку подолго се чека. Околу месец ипол. Но, барем е некаква алтернатива за iHerb, за оние кои немаме избор
На Iherb имав сметка од 3870ден и искористив бонус поени со што сметката на крај дојде 2620ден и пак ми ја царинеа. Па им пишав на Iherb дека сакам да ги вратам производите додека беа на царина, па се објаснував и на крај ја вратија пратката и ми ги вратија парите. Не се исплати воопшто.
Хеј, го прочитав твојот коментар за странава...прв пат нарачувам од неа, па сакав да се консултирам со тебе...викаш дека фиксно за шипинг се плаќа 13 долари ама кога стигнав до плаќање имаше додатен текст Your order may be subject to additional taxes, customs fees and import duties at time of delivery. These charges are separate from your shipping charge, and you will be billed directly for them by your local customs office. така да... ме интересира колкава ти беше нарачката и дали ти стигна нешто екстра да доплаќање?
Си платив додатно на Федех 2100 денари плус царинење 300+ денари.Тиња од фирма пнг и од царина нарачано на 28 на 03 беше на царина мк ми стигнаа дури на 16ти одкако се јавив со намера да се расправам и како не е до нив до царина било,за истиот ден експресно да ми ги донесат.Iherb заврши за мене во Мк нарачка,а ќе имам потреба повторно од хитни и битни суплементи така што ќе нарачувам во Бг па ќе ми ги носат.Жални сме ...
А што треба да значи? Ти кажува 13 долари за достава и си плаќаш царина и лежарина во МК.. Си пишува.. Iherb и за мене завршена работа во мк е...утепани сме Сега во Германија ми стигаат ...
Ова значи дека пратката можи да подлежи на царина и дополнителни давачки во земјата на достава, според законска регулатива. Така да доколку ти стигни по регуларна пошта, а надминува 22€ односно 90€, пратката ти подлежи на ДДВ, односно ДДВ и царина.
Да знам - мене претходната ми имаше надминато 22е (но не 90е) и сепак не ми ја царинеа. Т.е., не платив баш ништо. Ќе видиме следната, која е нешто над 50е. Би требало да стаса за некој месец, ќе пишам тогаш.