Update: Денес ми стаса оваа нарачка (од 16ти септември). Ја подигнав на истото место како и претходната - одделение за пакети во главна пошта, Скопје (таму кајшто царинат, ама не на пултот за царина). Ми се јавија на телефон за да ме известат, што е супер. Платив околу 280 ден., веројатно царина (250, така пишуваше на ливчето) + поштенски услуги (околу 30), на лице место. Така што, сепак многу подобро од iHerb и DHL, што вообичаено надминува 3000 за поштарина, лежарина, иштотијазнам (а притоа и цената на самите производи).
Денес ми стаса уште една пратка од Vitacost. Сѐ исто како минатиот пат, вклучително и трошоците. А пратката ми беше околу 80 долари.
Имам нарачано од ихерб милион пати па и сега август септември нарачка од 88 евра ми стигна преку федекс без никакви давачки ама еве сега за пратка од 85 евра со се шипинг минпрсќаат мејл за царинење и како шипингот бил до мк не до адреса? чаре? Пратка под 90 нека наплатат ддв ама не и триста др глупости?
Дали сега е изводливо да се порачува од iherb во Македонија и до која цена не би подлежувало на дополнителни трошоци
Ми дава опција на iherb subscription само едно месечно, а сакам да порачам 4 наеднаш. Дали има некоја опција да порачам 4 наеднаш без subscription?