Сестра ми е бруцош годинава и има проблеми со iknow, треба да внеси предмети ама системот и е празен нема ништо.Се јавуваме на факултетот но не ни креваат. Дали некој знае зошто е вака?
Знае да паѓа системот често, ништо страшно не е само кај неа кај сите е сигурно, нека почека до утредента да види ако се реши. Ако не нека праша некои од колегите ако го имаат истот проблем.
Дали некој знае како се пријавуваат испити на iknow? и дали тие положени од колоквиум исто така се пријавуваат?
Најави се на iKnow и оди во "Пријави", таму ќе ти се прикажат сите не положени предмети, штиклирај ги предметите и долу на крајот има повторно "пријави" и ќе ги пријавиш. Тие што се положени на испит нема да ти ги прикаже. А исто така и тие што ти се положени на колоквиуми ќе ги пријавиш и тие предмети за да може професорот/ката да да внеси оценка.
Здраво дечки, поради неможност да се запишам на првиот уписен рок за прв циклус студии решив да се запишам на вториот уписен рок, конкретно на економски, меѓутоа при најавување на iknow системот економски не ми го покажува како опција, на ранг листите од првиот рок местата се пополнети за редовните студенти но јас ќе се запишувам вонредно и има слободни места. Разгледував ранг листи од претходни години и видов дека има примено вонредни студенти на втор уписен рок. Ме интересира дали некој бил во слична ситуација и дали би знаеле каде да се обратам? Фала ви