Il Volo

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Someonespecial, 7 јуни 2015.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.047
    Допаѓања:
    160.493
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сè уште нема отворена тема за моите омилени, а гледам дека има доста интерес за нивната музика... епа редно е јас како најголем фан да отворам една :wasntme:

    Il Volo (или Летот по нашки :D) е италијанско оперско поп трио составено од тенорите Piero Barone и Ignazio Boschetto и баритонот Gianluca Ginoble. Формирано е во 2009, кога момциве на возраст од 14-15 години (причина плус што бев воодушевена од нивниот талент кога чепкав по постари видеа :bow:) најпрвин самостојно учествувале на италијанското музичко шоу Ti lascio una canzone, чиј режисер потоа добил идеја да ги спои во едно трио.
    Оттогаш имаат издадено 4 aлбуми, добитници се на неколку награди меѓу кои на Bilboard Latin Music Awards, италијанските Wind Music Awards, и секако победници на Sanremo 2015 и претставници на Италија на овогодинешната Евровизија со прекрасната Grande amore :inlove:



    Grande amore ја открив, изнаслушав и ја знаев напамет негде месец и кусур пред Евровизијата, ама после нивниот настап на финалето официјално сум заљубена во нивната музика, им ги прочепкав сите можни останати песни, од Canzone per te и Mas que amor па до најмалку познатите... савршенство без мане ми се :angel:
    А за манијачење да не зборам, бетер од оние directioners тип на фанови ископав сè могуче на нет за нив... ама по кои би скренала јас ако не по Италијанци :lol:
    И да, ѕирнувајте превод на англиски на текстовите, прекраснотии се! :inlove:




     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.