Би сакала да ми дадете некој совет...Речиси секој ден имам бело прање, а тоа се случува можеби година-две...некогаш е сив или жолт, немам јадеж, малку киселест мирис, а некогаш исцедокот е кремаст или пак на мали парчиња Се си мислев дека не е ништо страшно, но веќе се сомневам. Не сум менувала многу партнери, а и многу внимавам на хигиената. Користам течни сапуни на природна база за интимна нега, сум се миела и со сода бикарбона. Планирам да одам на гинеколог во скоро време.
Симптомите што ги наброја личат на некоја вагинална инфекција.Тоа не звиси од држањето хигиена.Дури и гинеколозите не препорачуваат користење на било какви ароматизирани средства за миење на интимните делови. Најубаво и најпаметно е да си закажеш на гинеколог.Стручно лице што знае за што станува збор.Вака ниту една од нас не може да ви направи преглед и да ви даде одговор за што конкретно станува збор. Еве еден совет, чисто пробај, наместо со шампон за интимна нега или сапун, користи чај од камилица.Има смирувачко дејство.