Познатиот светски бренд Inglot најавува отварање во Скопје. Веќе е отворена фб-страна. Инстаграм мејкап блогерките ги користат нивните производи, мене ми се допаѓаат тушевите во боја. Вие што мислите? Спојлер: Inglot
Инглот се отвара во Рамстор Мол на 11ти Јули. Радости. Се надевам дека нема да биде со астрономски цени.
Dovolno dolgo vreme gi koristam proizvodite od Inglot I mozam da kazam deka se predobri..paletite(senkite)i technite pudri im se son.
Ја посетив продавницата...сенките за очи се сон...контур пудрите, хајлајтерите исто така..и како цреша над шлагот, пигментите... Цените очекувани..една четка што ја меркам долго време беше околу 1200 ден.. Лаковите им се прилично со висока цена 900 ден мислам дека беа но се едиствени на пазарот по нивен патент како што истакнува брендот..лак што му дава на ноктот да "дише" Впечатокот позитивен за целиот freedom концепт на брендот
Да ти кажам право кармините бледо ги загледав пошто ме брзаа(мажи и продавница за шминки не е баш комбинација) ке одам пак наредната недела ке видам и ќе ти пишам ако те интересира др можам да видам..не ти ни помогнав баш
Денес имав прилика да се запознаам поблиску со Инглот козметиката. 1. 900 денари сунѓерче за блендање. 2. 400 ден мат кармини. 3. 900 денари моливи за очи. 4. 900 денари пигменти. 5. 550 денари 3 сенки. 6. 400 денари единечни сенки. 7. Над 1000 денари секоја четка поединечно. 8. 900 денари камени пудри. 9. 400 денари кремасти коректори. 10. 800 денари течни коректори. 11. 900 денари пигменти. Морам да напоменам дека продавницата е добро и светски опремена, имаше и мини несесери и други видови шминка. Исто така ми се допаѓа што имаше катче за шминкање што значи во иднина ќе има и прилика за тоа. Едино не ми се допадна погледот на продавачката која ме погледна како да сум паднала од Марс. Едит: 100 денари плус е поскапо од грчкиот сајт на Инглот.
Едно девојче беше, а јас бев во комбинизон онака лабава комбинација и ми беше успат да поминам. Не знам што поглед ми упати,само разгледував. Таа служеше друго девојче и не ми рече ни "здраво". Кога си заминав ме испрати со таков поглед. Заборавив да видам цени на маскари и тушеви, ама наредна прилика ќе се почастам со нешто.
Мат кармините ги пробала некоја? Баш се заинтересирав со цената што ја имаат, јас очекував дека ќе бидат поскапи дури.
Ќе ги проверам ако ме носи патот натаму, верувам дека се исплатат. П.С. Одамна бендисав една црвена нијанса. Ако ја има, ја земам одма.
Морам да ја потсетам продавницава Со оглед на тоа што кај нас сега имаат 25% попуст сакам да ги видам нијансите од блиску. Сега за сега ги меркам кармините поточно нијансите- 441 , 443 , 447 , сакам да пробам и некоја нивна база за сенки , ако некоја има пробано нека пише
Me izrqduva so cenata na senkite. Poznati se po predobri senki a 400 ne e mnogu. Osven ako ne se so golemina na nokte..