Браво за buba4e89 ги запамтила повекето цени јас ништо...ама наредно кога ќе одам морам нешто да купам...таа четкаѕта за очи 6ss ногу убава ми се виде за блендање сенки ми е прва на листата
Не знам зошто ама мене ми се врти низ глава цена на кармините околу 900 денари. Многу убаво изгледа продавницата, а и девојката која беше на смена беше прилично љубезна иако и кажав дека само разгледувам. Ми рекоа дека ќе добиваат уште роба па тек тогаш ќе се одлучам на што ќе потрошам пари
Некоја да не има земено од мат карминиве , да каже со сигурност за цена? Некако воопшто не ме води патот кон Рамстор да прашам за цени
По повод Гараж Сејл кој се одржува во Рамстор од 17.08-23.08.2017 Инглот има 15% попуст на целата козметика.
Девојки би сакала да ве прашам дали некоја која била во продавницава ги забележала мини сет четките за патување (има по 4 и 6) и колку пари се? Тие на официјалната страна од Инглот чинат околу 1 300 денари. (Бидејќи ги нема во денари на страната ги претворив од конвертибилни марки (босански) и долари во денари затоа не ја знам точната цена).