Девојки, дали некој користи производи на ингрид и како сте задоволни? Јас искрено, користам од се по нешто на ингрид сенки, кармини, маскари, подлога, пудри- течна, мат, во прав... презадоволна сум... Имаат квалитет на поскапите брендови, а многу поефтини се за разлика од нив.
А јас сакам да знам каде можам да ја најдам Ингрид козметиката? Имам слушано многу пофалби па да пробам.
Струга, Охрид, Прилеп, Битола тој дел натаму, во Скопје ја нема Само да ти кажам мене лицето од пудрата ми се исфрли и мислам брчки под очите дупло ми се направија И јас пофалби слушав ептен и мажево ми ја купи од Битола и само си го упропастив лицево, за останатите производи не знам ама пудрата е катастрофа
Зависи до кожата изгледа... јас ја користам минералната пудра отприлика 3 години и не ја менувам... неа за денски, а за на вечер за излегување користам друга (менхетен) ... ја имам и таа во туба со пумпичка, нешто како мат иде, преубава е ама најсветлата нијанса мене ми е темна, па ја користам само во лето на исончан тен а инаку не ми прават никаков проблем... таа во прав слабо ја користам- не обожавам камени и прашковидни пудри баш но добра е во Ск не знам каде би можело да има од ингрид
Од пудрата јас сум задоволна. Е сега гледам ја фалат и подлогата за шминка па ако ја има некој користено да кажи збор два.... !?
Јас ја користам моментално. Мене ептен ми одговара, убаво го измазнува лицето, матира, и ми ја држи пудрата доста долго на лице. Се немам исфрлено од неа што ми е доста битно. Јас ја земав од Грција некои 9-10 евра мислам, ако некој знае каде во Скопје може да се најде, нека сподели.
Ја зедов ингрид за мајка ми, пошто јас ја користам Севентин, и онака реков ќе си ја пробам, ставив неколку пати и ми се допадна
Пудрата ја имам сретнато во Сезам маркет, а подлога незнам баш прашај по парфимериите и сподели ако ја најдеш негде
Да не ја има некој користено маскарава гледам ја фалат на другиве форуми? Јас досега ја немам ни сретнато
која цена е одприлика подлогата за шминка и каде ја има во пазари, продавници, маркети, или парфемерии ??
Видов на штанд нова колекција за тинејџери од Ингрид и се вика Батерфлај (да не пишувам на анг се надевам разбравте) многу пристапни цени. Мене на око убав ми се виде прајмерот за лице, па можи да се проба. Што ако била за тинс
Јас од пудрата минерална сум презадоволна многу убаво покрива.Ја користам цела зима и сеуште не сум во план да ја заменам. Не ми го прави лицето катастрофа и како што имам сува кожа не ми ја досушува воопшто. Само убав сапун користам Dove од млеко(понекогаш и масло ставам кокосово, кантарион но и сапунот секогаш ми ја хидрира кожата..) и ми е хидрирано и меко постојано лицето и акни немам додека го користам сапунот. А доколку престанам и веднаш особено пред менструација неколку излегле но после миење со сапунот ми се стабилизирува веднаш лицето и акните се собираат . Подготвено лицето за повторно да ставам ингрид пудра. И од тушот сум задоволна добар е траен не се брише негде до 24 часа секако доколку не изумите и јако да се изтрзате по очи како што јас знам често да заборавам дека имам шминка