Fala ti mnogu, sakam da zemam prajmer i bronzer, bronzerot mi izgleda bozenstveno, se nadevam deka e dobar kolku sto e ubav
Да ти кажам имам пробано од малите руменила и убаво е и пигментирано друго ништо немам пробано , можеш да пребараш низ форумов има мн девојки што користат Ингрид
Не знам точно, јас лично од капитол немам купувано но другарка купуваше ингрид од таму. Сигурно ќе се снајдеш или прашај некој од вработените ќе ти кажат каде е штандот.
Да, јас. Не е лошо како ги измазнува порите, кожата е многу свиленкаста на допир, пудрата лизга. Но мене откако ја употребив неколку пати ме нафрла на местата каде сум ја нанела и престанав да ја користам оваа база за шминка.
Јас ја купив на штандчето во сити мол што е кај Зегин и беше околу 430-440 ден. Но не се сеќавам баш точно. Ја има и во Космо.
Јас вчера си купив на ИНГРИД црвен кармин од shine линијата и баш ми се допаѓа , долготраен е и не е скап -160 ден. Приметив и дека не се пресилкува на чаша при пиење и не се брише иако не е мат, топла препорака од мене доколку сте во план да купите кармин.
Искуства со прајмеров? И дали знаете која цена е? А инаку имам комбинирана кожа. А ии исто така каде купувате козметика на Ingrid?
Ејј супер, сме имале тема за овој бренд. Ме интересира која е цената на кармините? Ми се допаднаа две нијанси од обичните сјајни кармини па сакам да земам. И каде ја има козметикава? Во Веро Џамбо кај ескалаторите само или? П.С. Видов сте пишале и за Космо, тенкс.
И во Капитол има, лево од скалите. Карминот го купив доста одамна, мислам 170 ден дека беше, но бев презадоволна. Кремаст, но не сјаен и доста пигментиран.