Фала ти, ќе земам дефинитивно после коментаров. Многу ми се допаднаа една беж и розе нијанса, морам да ги земам. Кај девојката кај која ги видов на стори беа опишани како „сјајни“, ама на фотографијата изгледаа баш богато и кремасто. Ќе пишам, утре ќе поминам до Космо па ќе видиме што избор има.
Има и во Сити мол на штандовите на Хемел. До сега во Космо не сум ги видела, а може дека не сум ги барала. Презадоволна сум од пудрата Идеал мат, со пумпица е. Одлична покривност, долго време издржува без да просјае.
Ингрид пудрата во пластично, црно шишенце. Покривна, а лесна и трае многу, ова ѝ е веќе 5ти месец. Сега нешто друго ми беше муабетот. За ингрид лакчињата, ама малата амбалажа. Поубаво нанесување со четчето сум немала, ќе видиме, мислам и во траење нема да ме разочараат. Нашиве парфимерии - ич не се снабдени, па немаше нијанси од големото пакување, секако се воодушевив од малите - така да, сеедно е. Еве ги:
Не сум марамка, ама ќе ти одговорам се надевам не е проблем ) Пудрата е 430 денари, и јас ја имам користено и можам да ти кажам дека е предобра
Попокривна е. Дали е подобра зависи од кожата и е индивидуално. Мене ми е одлична и е единствена пудра што сум ја купила неколку пати.
Здраво, каде во Скопје ја купувате козметикава, барав во веро џамбо, космо и дм и тие немаат ништо од нив?