Уште е рано, ама јас сум превозбудена, од сега тумачам шо ќе цртам ко ќе дојди време. Накратко, смислата на темата е баш како 30 дневниот предизвик за цртање, само критериум е да се црта со мастило, било туш, стило. Се црта секој ден на задаениот збор, и секој збор е отворен за интерпретација. Се сеќавам лани првиот збор беше swift, јас нацртав златно топче од Квидич како некој пробва да го фати, а другарка ми Taylor Swift. Се црта секој ден и се објавува секој ден на социјални мрежи со хаштаг #inktober #inktober2018, или се прави половичен предизвик со еден цртеж неделно, објавено со истите хаштагови. Не можев да дочекам да дојди Октомври да се отвори темата, нека седи до тогаш. Треба денојве да се опремам со скечбук за Инктобер и стилца. Првиот ден од кога почнува предизвикот е 1 Октомври.
То е најмалку важно, важното е да е забавно. Дури и најдобро да црташ, во цел месец бар еднаш ќе потфрлиш оти не ти е денот, а реално многу поќе се потфрла. Битно е да е цел ден и да си се забавуваш. Лани ми беше прва година и едвај дочекав пак да дојди.
Баш сакав да се обидам ама го пропуштив датумот. Какви се правилата? Сега претпоставувам е доцна бидејќи од први се почнува. П.с. многу се убави цртежите.
Воопшто не е касно, ако можиш да стигниш супер, ако не во твое време. Покрај дневното поставување на цртежи, по официјалните правила има уште две опции. Прва опција: постираш цртеж секој ден од Октомври. Втора опција: постираш цртеж секој втор ден од Октомври. Трета опција: постираш цртеж еднаш неделно. Лани ми се имаше случено два- три дена да сум зафатена па цртежите ги "надохнадив" во еден ден, зато и викам ако можиш да стигниш не е воопшто касно да се приклучиш.
@GoodGirl45 важно е како ти ќе го интерпретираш зборот, така да ако тебе "roasted" те асоцира на печен леб - точно е. Јас за денешниов ден сум хајпната, од старт го планирав па сакам да ми испадни по вкус.