Идејата е таа, на реализацијата ич не сум фан. Немав време, се надевам од утре подобро. И морав малку боја...
Сакав да цртам како Скуби Ду е бркан од мумија, зомби, дух, нешто така. Ама, толку ми е мака денес шо шкртнав нешто колку денот да помини, да не почнам толку рано со новиот prompt list и тема - "pretend to be dead".
Ова додуша ти е одлично, многу е лично само сигурна сум дека е со дрвени боено. Ама ако, форум е, нема гајле. Други Инктобери стартот ми бил јак, сум била мотивирана од темите, сум имала идеи. Овие два дена цртам оти морам. Утре додуша ми е интересен ден, да ми е и расположението бар просечно и ќе биди. Туку ај дур пишам вака, со Стасиа се шушкавме да си прајме нов 30/1 дневен предизвик после Инктобер со листа на зборови од годинешниве Инктобери шо се спин оф ( многу јутубери и уметници со голема фанбаза си изработват своја спин оф листа по која тие и нивните фанови цртаат. Една од најпознатите е "вештерки", ама ние гледавме листа "botanimals" односно комбинација на цвеќе/ растение со животно). Ама мислам последната недела да збораме за ова, па ако има заинтересирани можиме да продолжиме да се дружиме во темата за цртежите наши шо е. И веќе кога се запишав, сакам да ви се заблагодарам на присуството! На секој форум и социјална мрежа каде шо имам акаунт гледам цртежи и онака сум среќна дека има глобален цртачки настан како овај. И вашите цртежи се сите многу убај, милина за очи. @art_la_mila @Amellie13 @piksooki @kockichka @Ugly Duckling @SStasia се надевам ќе ни се придружат и други.
Леле да жолтото, и ова и претходното Ама јас си сфатив дека не е важно, ајм сориии. Гледам дека не цртат сите со мастило, зависи кој во шо сака да се подобри. А јас, од досада. Фала
Реално не е важно. Барем не тука, оти мала група сме и секогаш стојам зад то дека правилата се прилагодват на групата. Оти која е смислата на мала група да му ставиме ригорозни правила и да ја демотивираме? Ама, официјалните правила се дека смеј само мастило, а молив и гума како прв слој шо се покрива со мастило, ама на форумов и цртеж- два да се поинакви - who cares.
Како некој што нема ИЧ талент за цртање, немате појма колку уживам да ги гледам вашите интерпретации на темите. При секој цртеж сум Ааааааааа и Оооооо од вашата креативност.
Јас ќе ви се придружам од денеска со минимална опрема сум. Ќе набавам и ќе си ја сванам сериозно работата.
Девојки се извинувам што заостанав но многу бев изморена овие денови.Сега седнувам и до после ќе ги видите моите нови 2 цртежи. Сите цртате прекрасно дури и да не е убаво интересно е како сите можеме различно да сватиме едно исто нешто. И исто сакам да ја пофалам @theowndemon за цртежот на зборот mindless многу ми се допаѓа поентата.
Еве додека ја чекам другарка ми да се спреми ви начкртав уште нешто. За да бидам во тек со сите се брзам малку.
Еве го моето за mindless... Можеби не се разбира добро поентата но е самоубиство поради изговорени зборови на mindless луѓе.
втор ден за мене: mindless Ова незнам колку може да се сфати што е од прв поглед. Ова е карактер од покемон и си го замислува мозокот како демек си го бара назад во форма на срце е и со други зборови љубовта си ја бара назад во срцето.