Конечно ве стигнав со цртеживе. Изоставив 4 дена и си реков ќе ги завршам друг ден сите наеднаш, ете сега ги нацртав за да не ми се насоберат многу. И се потрудив да одберам некои полесни и поедноставни, па некаде и забрзав.Можеби и се примеќа. Ама исто така сакав да одвојам повеќе време за нив да ги цртам и општо за сите гледам да одвојам колку што ми е доволно време за убаво да испаднат. И да признаам обожавам кога ги завршувам цртежите да ги покажувам некаде, како овде ми изгледа како да ги изложувам на изложба.
13. Ash - Ash tree и ѕвезди Спојлер Цртежите не се баш мој стил, некои ми е срам и да ги постирам од шо се грди. Јас најчесто цртам портрети со молив. Од Inktober очекувам да си ја вратам желбата за цртање. Немав цртано една година и повеќе. Засега се држам. Друго, се што нацртав ја претставува Даклинг во реалниот живот, работи кои ги сакам и ми значат.
12. Dragon Спојлер: CUTE 13. Ash Спојлер 12. Toothless - најстрашниот и истовремено најслаткиот змеј, алфата на сите змејови. Повеќе се потрудив тука оти многу многу го сакам овој црн рептил. Сфатив дека за боење не ме бидува колку и за цртање. Ама вредеше. 13. Ash Ketchum - сите добро го знаеме главниот јунак од Покемон. Патем, дури сега после 22 години стана конечно покемон мастер. А велат уште има 10 години. 10 годишник со 22 годишно искуство, сон на секој работодавец.
За утре. Идејата е дека луѓето изумираат и остануваат само човечки градби и руини на планетата. И растителниот свет се шири и оживува при новата даена шанса дур слави дека издвои победа над паразитите.