Супер. Како што разбрав секој ден треба да објавуваме цртеж, а темата според табелата. Првпат ќе учествувам не сум многу запознаена.
Можеш и секој 2 ден или неделно. Ама овде може да објавиш и неколку цртежи во ист ден доколку закасниш нема да замериме битно да се дружиме.
Има уште 24 часа до почетокот ама јас викам да почнеме Јас секако на 1ви ќе сум позафатена, така да еве и од мене: 1.Crystal Не знам зошто се појавува на сликава како жолто бледа позадина, веројатно е до светлото кај што сликав.
Здраво на сите Прво, да бидам искрена првпат слушам дека постои вакво нешто . Но, многу ме заинтересира и мислам дека ќе учествувам и јас со свои лични цртежи. Имам црно, зелено, црвено, кафеаво, плаво пенкало и планирам да си земам уште пенкала со различни дебелини, бои, размислувам и за гел-пенкала. Уште од старт да кажам дека не сум вешта многу многу, ама ќе се потрудам да го дадам најдоброто од себе. Како што сфатив, важно е да ја прикажеш темата на денот преку цртеж, онака како што ти ја замислуваш. Звучи одлично! Си го зададов веќе овој предизвик, едвај чекам да почнеме п.с. : да прашам само, дали може да си ги коментираме меѓу себе цртежите кои ги објавуваме? Да кажеме мислење, коментар дали ни се допаѓа и зошто, дали е доловен темата и сл. ?
Не гледам зошто да не. Гледајте само да не бидете груби и строги, во смисла леле ама лош цртеж, зошто според мене секој труд е за ценење на ваква тема каде најбитна е дружбата, мотивацијата и креативноста. Никој тука не е професионалец, ова го правиме за забава и не е во ред некому да му го скршиме духот и мотивацијата. Ама споделување на совети, на пример следен пат пробај вака или така, не гледам зошто не
Да, да. Баш и тоа ми беше прашањето. Еве јас бидејќи првпат ќе цртам и објавувам, искрено, би сакала да кажете мислење и што да поправам за наредниот цртеж. Со ова ќе имам насока и ќе си угледам на грешките. Конструктивни критики ми се секако добредојдени. А, за дружбата?? Мислам дека тоа и ми беше најголемата мотивација поради која се решив да учествувам, покрај заинтересираноста кон овој интересен предизвик
Штом така, ајм ин. Ќе цртам без правила. Bear with me порфавор. Последен пат боев пред 14 години. И се гледа.