1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

INSANITY workout

Дискусија во 'Фитнес' започната од ivana20190, 23 јуни 2012.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Па бидејќи овде се вежба со интензитет.
    А во аеробикот се вежба со низок-среден интензитет,не очекувај да биде лесно :)
     
  2. enaveko

    enaveko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Мала мотивација со моето искуство.....
    Јас сум повеќе од активна во текот на цела година ( и тоа со години.....), и решив да пробам со Insanity.... со Fit Testot имав лошо искуство, се фатив цела во грб затоа што се префорсирав и ги правев побрзо, па да не кажам али до високи бројки стигнав, со тоа што удрив на брзина а не на формата ( што стално потсетува Seah T дека формата е пред брзината....) и нормално се откажав...
    после еден месец почнав да си читам искуства од луге кои се веке на втор месец и си викам они можат , а јас не??? И си почнав step by step...( али пак со солидни резултати)..... Веке сум на 5тата недела и се осекам одлично ( кога ги добивам комплиментите ), али секако напотрно е вежбањето...и да не се лажеме, мускули сепак не се добиваат така лесно, али позитивни промени има во секој случај.....среќно ;)
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Леле, да! Во право си, и мене денес ме боли грбот, а никогаш не сум имала мака од вежбање. Формата пред брзината му е мајката... Јас вежбам за да ослабнам 2-3 кила и да си ги дефинирам стомачните. Ајде денес паузирам поради грбот, ама ќе почнам пак. Фала за мотивацијата! :bow:
     
  4. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    денес бев на фит тест после две недели и морам да признаам дека некои од вежбите направив помалку од првиот пат ама се трудев да ги направам точно како што треба а не само да направам поголеми бројки :D :D и не направив еден ден пауза
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Жени, некој добар торент за да ги симнам вежбиве? Линковите поставени на претходните страни не работат, а барав други торенти на нет, не можев да најдам ниеден добар. Сакам да пробам со овие вежби по дома, па ако ме биде, да си ги фатам со време, летово :)
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Shaun T иако е геј,прав мотиватор е и знае како да те натера да истераш до крај :)
     
    На simoncelicius и Vetruska им се допаѓа ова.
  9. malooto

    malooto Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    380
    колку калории се губи со вежбиве да не знае некој (мислам дневно) инаку денес бев pure cardio &cardio abs 3 недела :rock: ама денес јадев малку повеќе ручек :tmi: и како по обичај вежбам веднаш после јадење бидејќи само тогаш имам слободно време ке си пукнев ем ми се пиеше вода а стомакот полн леле почна и грбот од мака да ме боли :rofl: :D така да не ви препорачувам со полн стомак да вежбате :D :D :D...
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се вежба одма после јадење, треба барем два часа да поминат ;)
    Инаку, ДАнгел, линкот работи, ти благодарам многу. Вежбите ги симнав, па сега да видам кога ќе почнам. Сакам некако да ги искомбинирам со ова моево вежбање пилатес/аеробик, за после да останам само на инсенити, оти некој период нема да можам да одам на вежбање (од оправдани причини).
    Ај ќе ве известам како ми оди :)
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Здраво Ана,ако правиш пилатес/аеробик и Insanity може да отидеш во претренирање.
    Биди внимателна,не значи дека ако вежбаш повеќе ќе добиеш повеќе.
    Биди разумна ако сакаш да вежбаш Insanity кажи ми колку пати неделно вежбаш Pilates и ќе искомбинираме нешто.
    Се зависи колку интензивно вежбаш и дали ги вежбаш правилно вежбите.
    Треба време да се прилагодиш на вежбањето но резултатите ќе ги видиш после 3-тиот месец,нормално ако се прилагодуваш на некој режим за исхрана.
    Зависи до килажата,но сепак се горат во една сесија од 200-500 калории,која зависи до твојата тежина и интензитетот на вежбањето.
    Инвестирај во часовник за мерење на пулсот,тоа е добар индикатор да знаеш колку трошиш.
    Има на интернет околу колку се троши во Insanity,но сепак битното е тоа што е интензивно ќе ти биде забрзан метаболизмот после 48 часа.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.281
    Пол:
    Женски
    Моментално одам на вежбање три пати неделно, по еден час. Повеќе е пилатес, не толку аеробик. Сакам да продолжам со инсенити кога ќе престанам со вежбањево, а најверојатно уште оваа недела ќе одам (уште три пати значи) и после дома ќе вежбам, барем сакам да вежбам, кога ќе можам и колку ќе можам. Не мислам да се форсирам многу.
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Следи го планот што е направен таму.
    Успех.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. enaveko

    enaveko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Луѓе кај сте, до кај сте...ај малку мотивација.... :)))
     
  15. cookie-monster

    cookie-monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    При крајот на втората недела, и сум задоволна, полека полека се гледаат резултатите :)

    Btw еве линк од една страница од која ја црпам мотивацијата :D http://fitspiration.tumblr.com/
     
  16. enaveko

    enaveko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Tnx,....ајде пријатно вежбање и на тебе...јас некако заглавив на 5тата недела и ме фака страв да продолжам со maxot.....
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Девојки имам прашање...кој дел од телото со програмава најмногу се зацврстува и дали задникот е опфатен со вежбиве,бидејќи сакам да ми биде поцврст и подигнат,па дали ќе постигнам и на тој дел резултати?
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Глутеус Максимус или твојот задник за да го затегнеш не се постигнува со овие вежби,затоа што се наменети за топење маснотии.
    За да додадеш облик на глутеусот треба да вежбаш вежби како што се чучањ,мртво подигање и glute bridge.
    Така ќе го добиеш посакуваниот облик со тоа што во тој дел ќе додадеш мускули.
    Ако не си запознаета со тие вежби како треба правилно да се изведат,плати на некој да ти покаже како се прават.
    Тоа со балансирана исхрана = посакуван резултат.
     
  19. MissyK

    MissyK Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    197
    Луѓе кај сте, ве нема....:)

    Јас одлучив да ви се придружам, ја завршив втората недела...За сега забележувам мали промени во обемот, зацврстени мускули, зголемена кондиција и намален целулит.
    Нема да пишувам секој ден, меѓутоа ќе се појавувам на секоја завршена недела.

    Поздрав на сите и Dig deeper:)
     
  20. enaveko

    enaveko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    Браво, штом се вежба редовно нормално дека ке ги има резултатите....
    Јас искрено паузирав една недела, и не знам како ке се вратам( планирам денес), посебно што ја почнувам 6тата недела и целите вежби траат саат и 40 минути....ме фака паника.....ама до тука сум стигнала, ке продолжам.... за 2 недели ке морам да престанам и ( или паузирам едно 10 дена)...ова не е феееер...