Сакам ова да го почнам! И ќе го почнам! Веројатно ќе се упишувам блиску мене ќе има во едно школо 3 пати неделно...
13 ден како што вежбам според оваа програма и 12 ден од прграмата 30 days shred на jillian michaels. Напоредно ги вежбам, прво на jillian а после insanity. На Џилиан вежбите ми се полесни и ми се како загревање за лудилото што следува. Се навикнав на напорот и максимално се истегнувам. Почнав да вежбам пред се поради здравствени причини т.е вкочанетост од седење и можам да кажам дека ни космодиск не може подобро да ги отстрани болките како вежбиве. Се чувствувам доста затегнато а и добивам некоја форма , барем другите тоа го забележуваат и ми кажуваат дека сум се изменила. Што се однесува за форумџиката погоре која вели дека ќе оди 3 пати неделно на фитнес за истава програма нема баш смисла бидејќи ако сакаш да ја вежбаш тогаш применувај ја целосно. На пример, и двете програми бараат континуитет и се одвиваат секој ден а не 3 пати неделно. Така може да се рекреираш и побавно да го постигнеш ефектот: слабеење или одржување форма/здравје. Како и да е палци горе за сите оние кои сакаат да бидат физички активни.
^ Секоја чест како издржуваш со двете програми истовремено. И јас ја вежбам 30 деј шред програмата сега сум 2ри левел ден 5ти и сум жива вода после секое вежбање па ми треба одмор од 10-15 минути за да аправам уште 10 минутни вежби за задник и нозе.
Пошто целта не ми е слабеење туку зацврстување на мускулите,да не се направам стапче ? Искуства ...фала однапред
Почнав да одам на едно место- три пати неделно. Овој мојов тренинг вклучува и степер, али оно, два тренинга по ред е степер, (не е за трапави луѓе ко мене тоа, не ццц) плус и тегчиња од по 2кг. , па, коа ќе дојде моментот да легнеш долу и правиш некои си луди верзии на склекови, рацете ми се тресат. Плус тоа, рацеве мои се, најкревок,најнајнајневежбан дел од телово.Увек избегавав да ги вежбам,оти ми е страв да не ми се машкосаат мишичите. Нејќум тоа. На крај од тренинг сум жива вода, буквално треба да ги цедиш,па да ги ставиш да се сушат маицата и хеланките.
^^ За слабеење во килограми не знам баш а и немав проблеми со тоа, но не постои дел од телото што ми има вишак сало и ептен ми се оформија нозете од програмава.
Zosto da ne, ke ti gi ublazi simptomite. Koga sme veke tuka i jas go pocnav fit testot, potoa 30 min orbitrek. Redno bese veke. Se cuvstvuvam odlicno, gorda na sebe .
Slow down sparky. Ќе отидеш во пре тренирање и после што правиме. Сакам да ти кажам дека Insanity за почеток ти е доволно,после тоа може во деновите кога не вежбаш да додадеш кардио. Не значи дека ако се форсираш,побрзо дека ќе ги добиеш резултатите.
Девојки, јас ја симнав програмата и сакам да почнам од денес ама не ми е јасно дали прво треба за денес само фит тестот да го направам, а утре да почнам со првото видео plyometric cardio circuit ? И уште нешто сакав да прашам-првиот месец треба да ги правам овие само PLYOMETRICS UPPER BODY RESISTANCE PURE CARDIO CARDIO ABS RECOVERY , а другиот месец останатите така?
Првиот ден е само фит тестот, од утре продолжуваш според програмата со plyometriс сardio circuit. Еве ти го целиот workout план
Баш се мислев дали да вежбам P90X пак или да го пробам чудово и дефинитивно ќе почнам уште денеска со ова...(ако издржам ќе ви кажам кое е подобро )
Finishing up with the 2 month... I'm dripping in sweat !!! Колку само клетви и пцовки биле упатени на Шон Т и Тања само јас си знам Кондицијата ми е подобрена (за разлика од почетокот кога едвај мрднував), вежбам редовно, пијам САМО вода, бројам калории, комплетно ја сменив исхраната. Сите ми велат дека сум ослабнала, АМА кога дојде време за пусто мерење нема НИШТО иста килажа и се нервирам ептен !!! Нормално ли е тоа ?!
Не гледај килажа гледај огледало и резултати. Си добила во мускули и си се затегнала,си го изгубила вишокот сало што е супер за почеток. На добар пат си.
Вака сега,денес си пуштив плометрик кардио како прв ден и одвај повежбав колку да не сум без ич. Поише цупкав и истегнав двапати,значи следев колку можев али тренингов ми сеше голема катастрофа. Дали и вас ви беше така на почеток т. Има ли надеж за мене ? еве и беграунд мој малку:активен пилатес и аеробик вежбач,хоби ролерки и џогинг,бременост,30кила плус,моментално 40 минус,значи телово ми е скрос сменето и еве сега пробувам да се вратам во форма. И што да јадам повеќе( го знам диетпланот на инсенити ама кажете нешто прилагодено на наши услови)
Јас имам уште една недела и ја завршувам цела програма. Дефинитивно има резултати, на исхраната не треба строго да се држиш затоа што со вежбите се губи многу калории и треба дајдеш оти ке ти биде потребна енергија. Јас јадев се но намалив на благото грицките и газираните сокови. јадев повеке овошје и зеленчук. Инаку да првиот ден коа почнав ептен ми беше напорно.
На почетокот ќе ти си чини дека умираш, првата недела е најтешка, додека влезеш во рутина. После тоа, веќе од втората недела ќе ти биде полесно, ќе ти стане навика. Грд ќе ти биде денот ако пропуштиш тренинг. И да, спреми се на многу упатени клетви од твоја страна кон Shaun T за време на тренингот. Со среќа!