Неколку пати имам почнато со програмава и по една недела или две максимум се откажувам hock: Сепак морам да кажам дека и за тоа време има резултати. Но кога ќе се натрупаат и други обврски и немав време но и немав волја Сакав да ве прашам, на самиот почеток кога почнувавте со програмава, издржувавте до крај? Јас неможам... Знам дека тоа е бидејќи не бев доволно физички активна, но ете ќе успеам да издржам 30 мин и последните 10-15 мин неможам повеќе. Неможам воздух да земам. Се надевам понатаму подобро ќе биде.
^ На почеток е тешко,кондиција немаш затоа,ама после тоа ќе издржуваш до крај Пробај цело видео да го истераш,не мора секоја вежба до минутка,само по неколку пати додека се навикнеш,па после се ќе си накачуваш. Туку,јас се ќе издржам,ама овие склековите не се прават луѓе,неможам да се подигнам,како труп сум,а малку пробам,се слепувам за подот.Така да ваљда не пречи ако не ги правам Лудило е програмата инаку
Ја симнувам програмава и како што немам кондиција ќе си цркнам а? Сакам само затегнување, не и слабеење. Ќе видиме дали и колку ќе издржам.
Женски а што е разликата помеѓу овој програм и PX 90? Oва е повеќе за слабеење а другава програма е повеќе за мускули ?
Исхраната кажува дали ќе ослабнеш или ќе добиеш мускули,било која програма ќе функционира ако исхраната е во ред. Инсанити е повеќе за кондиција и издржливост,П90х е за сила,издржливост и добивање мускули. И од двете добиваш добро нема да погрешиш.
Јас пак ги имам симнато и двете, едното пред година дена а ова пред 7 месеци. Од вчера почнав ама немам ич кондиција. Реално не се некои тешки вежби сами по себе но имаат интензитет. Јас како што нема мрднато од кревет едно добри шест месеци мислам дека ми е подобра варијанта да почнам со овие бидеќи како што е напишано погоре се за издржливост и кондиција кои јас ги немам Е сеа имате постирано линк http://www.femina.mk/out/?id=10ecf3bde3 ... ies-burned со објаснување дека половина од ова се согоруваат калории за секој тренинг посебно. некако е многу со ова првово Fit test да се согорат околу 250 и нешто калории или пак грешам? Се моли XMaN да се јави Јас вчера издржав само десет минути од видеото. Денес пак почнав од него ама почесто правев одмор од некои 15-30 секунди. Лесно го поминав загревањето и истегнувањето а она што успеав да го постигнам е: Switch kiks: 50+60 Power jacks: 30+25 Power knees: 30+30 Power jumps:15+15 Globe jumps: 20+20 И тука прекинав, што од вчера што од денес нозете поточно мускулите над колениците многу ме болат кога се симнувам по скали. Планирам утре да го почнам пак видево и да одам до крај само незнам како ке бидам со време. И плус имам направено 50squats и 45 секунди wall-sit и вчера и денес. Овие 30 дневниве предизвици не ми се проблем од денес ќе почнам да ги рачунам и ке ги правам по распоредот, ама ова колку ме препотува и изморува тоа чудо. Ич немам кондиција
Зашто е со висок интензитет и досега телото не ти било научено на таков стрес и нормално е да чувстуваш болка,оваа програма не е за почетници и за луѓе што лежеле и немале никаква активност иако така се маркетира дека за 60 дена ќе ослабнеш,што е вистина ако исхраната ти е средена....
барав нешто на youtube и го најдов ова http://www.youtube.com/watch?v=xfpMD4-KmlA го пробав,вчера еднаш и денес еднаш.. мислите дека за отприлика 1 месец ќе има резултати?
Мислам дека не е толку до интензитетот колку што е до тоа што не се прават правилно вежбите. Пинк Енџл, би ти препорачала да ја прекинеш програмата додека не ти помине болката во стапалото. Болка во мускулите е сосема ок, ама болка во лигаментите, или онаа болка како коските да те болат е знак на повреда. Ако ја почнеш повторно подоцна обиди се да ги правиш вежбите што е можно поправилно. И јас ја прекинав програмата од исти причини (болка во коленото која не ми изгледаше баш наивна). Инаку јас се подготвував за програмата, бев во одлична форма, вежбав некое време пред тоа со зголемување на интензитетот, и на крај пак се повредив. Инаку, имам вежбано и други програми со висок интензитет, ама такви кои убаво ти објаснуваат на што треба да обратиш внимание и каде најверојатно грешиш и освен болка во мускулите немам почувствувано ни еден знак на повреда. Не се сеќавам да приметив некои промени со програмава, макар да не знам ни колку ја вежбав (мислам дека беше некој краток период), макар да за истиот тој период со други програми имам приметено видливи промени (можеби било до периодот) Од мое лично искуство не ја препорачувам програмата.
Здраво, јас сум нова на форумов Сега видов дека има ваква тема, па сакав да споделам. Со Insanity ова ми е трета недела, ниту еден ден не сум испуштила, ги правам сите вежби и секој ден се трудам поправилно да бидат направени. На почетокот само ми беа проблем склековите, буквално ниту еден не можев да направам, сега и тие ги правам. Мускулите ми се зацврстени поготово на рацете и на нозете (како машки да ми стануваат). Немам проблеми со тежината имам 55кг на 160цм. Ја започнав програмава бидејќи сакам да се зацврстам, а имам и стомаче што никако никогаш не можам да го симнам. Не држам никакви диети само одбегнувам индустриски преработена и мрсна храна, а за вода минимум 2.5 литри, во лето многу повеќе. Е сега доколку има некој искуство со вежбиве ако може да ми одговори дали ке го симнам стомачево или само мускули ке се направам?
QueenofPentacles јас го завршив првиот месец и сега од понеделник почнувам Recovery week стомакот многу ми е намален а исто така и задникот. Не држам некоја посебна диета само јадам здрава храна. се немам мерено дали имам изгубено некој килограм но мене резултатот на вага не ми е важен,треба само уште малце да ги ослабнам нозете и задникот мн сум возбудена и едвај чекам да го почнам вториот месец.
И јас ги симнав сите вчера, па од утре здравје боже ќе почнам. Се надевам ќе се затегнам и ќе им кажам чао на спојлерите.
Фала ти fitness-girl, ќе продолжам со програмава, па ќе ви кажам резултати за некое време. Ни јас не се мерам на вага, единствено се сликав кога почнав и кога ќе го завршам месецов ќе се сликам пак за да го видам прогресот Со среќа Monna.Monna и сестра ми од денес ќе почне
Денеска ко за прв ден беше добро, не ми беше нешто напорно зашто вежбам и фитнес и аеробик, ќе видиме од утре тоа кардиото. Само по тие рипањата не сум многу. Резултатите: Switch kicks-46 Power jacks-53 Power knees-80 Globe jumps-30 Suicide jumps-30 Push-up jacks-9 Low plank oblique-40
Леле страшна работа, јас едвај до пола стигнав со Фит тестот ептен немам кондиција и додека подскокнував си го осекав стомакот како си подрипнува со мене и градите па и дури гушичката, ама не се откажувам ке пробам оваа недела само фит тестот да го вежбам додека не добијам кондиција инаку и јас би сакала да симнам едно 10 кг.
Здраво, Дали има начин да се набави оваа програма кај нас, по можност во близина на Скопје, бидејки видов линк на форумов од некој торрант или како се пишува сајт, ама не им верувам заради вируси. Поздрав.
Јас ги правам веќе 3 недела и навистина има резултати,баш приметувам и фармерките што предходно ми биле таман сеа ми се малце широчки.Нормално е да неможеш да ги завршиш до крај од првиот ден ама после 1 недела се ќе биде океј Со среќа на ситее