И јас денес сум петти ден, и мене ич не ми се вежбаше ама си зацртав дека морам, и сеа еве почнувам. Иначе немаш гајле, јас секоаш кога иам менструација вежбам, си ставам две/три рала гаѓи и 2 влошки и терај.Не смееме да одложуваме, поготово на почетокот. И јас ги забележувам резултатите, ова т25 е каде каде подобро од инсенити според мене
ах бре девојки еве дојде пролетта и одма темава ,,прeработи'' треба да се вежба постојано а не само 2 3 месеци пред лето јас ја завршив првата рунда успешно, ја почнав и втората рунда и мн убаво се чувствувам. Dig deeper people
здраво на многу ме мотивиравте за вежбиве сакам да ги почнам ја прочитав цела тема пробав со сите линкови што ги имате постирано да ја симнам програмава но не ми успева незнам зошто а и не сум нешто многу по технологијава па ако можи некој да ми помогни или да ми ги прати некој ако сака позздрав
да не знае некој случајно или намерно колку калории од прилика се трошат со едно видео? тоа ме интересира,неможам да најдам по интернетов.фала унапред
Има некој што е на форумов и вежба Insanity во Блаже основното? Сакам да почнам па ме интересираат некои работи.
http://insanitycalories.com/ На оваа страна може да пресметаш отприлика колку трошиш, но точно неможиш бидејќи зависи од интензитетот со кој ги правиш вежбите,возраста,кондицијата и сл. Мислам дека се мери со часовник за вежбање, јас иако ги вежбам по трет пат вежбите сепак не сум мерела до сега, а баш ме интересира, но мислам дека е поскап часовникот за мерење и затоа си терам така.
Веќе шест месеци интензивно вежбам инсенити и за време од тој период можам да кажам дека единствено се здобив со стомачни прекриени со сало над нив. Исхраната ми е прилично добра, се хранам здраво и не внесувам сокови, благо, секакви видови на грицки и алкохол, но внесувам над 2000 калории со сигурност. Имам масни наслаги околу стомакот, не многу но дефинитвно не ми е рамен и затегнат, и голем задник. Единствено овие делови ми се проблем и не успеав никако да ги ослабам и оформам.Познавам многу луѓе што за пократок временски период ослабнале и се оформиле, а јас за шест месеци ништо не успеав Незнам дали нешто не е во ред со мене или правам некоја грешка?? Не сакам да продолжам со истиов план зашто мислам дека нема ништо да постигнам како досега и мислам дека треба да почнам и со тегови да вежбам и да бројам калории. Што мислите вие?
Многу ти се над 2000 калории во ден. Намали, мораш да намалиш, и леб да замениш со црн, повеќе варено и пчено, никако пржено, повеќе зеленчук и овојшје помалку тестенини. И чоколадо не е лошо да се внесува од време на време, може не секој ден, ама еднаш во две недели според мене е сосема доволно да му дадеш на телото малку калориичка и плус чоколадото е добро за имунитет и за работа на мозокот. Мораш да ги распоредиш оброците, да јадеш почесто а малку. Не знам како вежбаш и колку вежбаш,па не знам дали правилно ги вежбаш вежбите, ама штом не си се стопила во обем, барем и малку, мораш да промениш нешто или да се конскултираш со некој што се разбира во вежбање повеќе(интрукториве во тератаниве пример). Плус не знам колку вишок си имала, со над 20 кила малку потешко иде слабеење и топење наеднаш, ама ме чуди како за 6 месеци ти не си слизнала во обем. И јас вежбам 6-7 месеци инсенити и имам стопено 13кила и доста во обем, а имаше периоди кај што не се приджував баш до јадење како сега. Ама сега кога ми останаа уште малку кила некако тешко иде топењето, вајда нормален процес. Сите ние имаме стомачни под салото, ама сало кое се "градело" со години, не се топи за 6 месеци, за стомак зборам. Така да биди упорна со вежбање, ама контролрај ја исхраната. 2000 калории ти се многу, намали на 1500 дневно, со овошје за појадок или убава голема сала за ручек. Вечерата ако можеш најдобро да ја замениш или со салата или нешо не калорично, и не јади ништо после 8. НЕ се откажувај само, поупорна биди малку и не се разочарувај.
Мој совет е полека да ги налауваш калориите од 1900,па 1800,1700 за после да видиш која бројка највеќе ти дава енергија и мотивација. Ако намалиш драстично нема да имаш енергија за тренинзите. Тие тренинзи цедат 600-800 калори се трошат во вториот месец. Тоа со 1500 калории неможеш да ги внесеш сите потребни протеини,јаглехидрати и масти.
Hipster, ти благодарам за советот и баш ми е мило што си симнала 13 кила само продолжи така Како што кажа самата кога ќе останат уште малку кила потешко оди процесот на топење. Сметам дека немам многу за симнување , имам 54 кила, а висока сум метро и шеесет па можеби и тоа е причината. Како и да е, од денес почнувам да се придржувам до советите и се надевам за некој месец ќе пишувам во темата успешни стории!
Во план сум да го започнам оваа на 22 Имам прашање: дали од инсенити се слабее или замо се зацврстува човек ? Едит: И,ако може некоја што вежба/вежбала да ми пише ЛП.
Дечки ако може да ми дадете линк од Focus T25, за да можам да ги симнам. Планирам да ги почнам кога ќе завршам вежбите со Jillian Michaels. Insanity некако напорни ми изгледаат за вежбање. Фала
Мој совет е да тестираш колку % телесни масти имаш и да одлучиш што од тука натаму. Ако ти фали мускулна маса додај вежби со тежини. Само инсанити ќе ти ги изгори и мускулите. Не е само да намалиш тежина. Финтата е убаво да изгледаш.
јас незнам таква програма, но оваа девојка ми помогна да си го подорам лифестајлот поздрав побараајтеја на јутуб breelovesbeauty
Со Инсенити се прави се, само не се горат мускули. Мислам Стеф реално некогаш претеруваш и премногу се занесуваш во твојата сезнајкост или како да ја наречам а не си баш во право. Се тоа убаво што се трудиш на сите да им одговориш ама некогаш подобро е да молчиш него да тропаш глупости. Реално инсенити бара захтевност и се тешки вежби. Ако сте почетници и не сте вежбале дооогло време, ви предлагам прво да почнете со Т25 фокус, полесно е и ќе ги загреете мускулите за да имате добра подолога за инсенити. Т25 фокус мене ми е боза, сега, ама на почетокот и тоа ми беше тешко, нормално тогаш не можеш ни убаво да се наведнам па тек инеснити да вежбам. И истегнувајте се, после секои вежби обавезно 5 минути истегнување на мускулите, и од време на време правете тренинг со целосно истенување на цело тело. И те како помага за поголема флексибилност. Зашто мислам дека не треба да се вежба само да е напумпаат мускули или да се стопи килажа, туку да се добие одредена флексибилност на телото и кондиција. Тоа со инсенити и стабилна исхрана се постигнува за не многу долго време.
Јас не сум сезнајко Г-не хипстер,јас го кажувам од искуство, ако претераш со кардио ќе гориш и мускули,после џабе ти е интензивен тренинг кога се знае што треба. Паметен пристап. Ако имаш поима од физиологија на човечкото тело ќе разбереш што сакам да кажам, а ако си поминала 2-4 месеци Инсенити не те прави експерт за фитнес. Колку е сложена промената на човекот ти само можеш да кажеш за себе, за другите треба искуство. Го кажав своето и се држам на тоа. Високи повторувања не градат мускули.
Па барем родот да ми го погодеше во Стеф Жена сум т.е девојка, не сум господин, а уште помалку госпоѓа. Како јас така и ти, и тебе тоа што вежбаш не те прави експерт за фитнес, после се што имам прочитано од тебе да ти кажам дека ама за некои работи поима си немаш. Ако прочиташ убаво јас не и реков да се напрега уште толку, туку да внимава и да е истегнува и после секој тренинг и општо еднаш неделно само на тоа да посвети внимание. Ако знаеш што е инсенити, јас главава на трупче ќе си ја ставам не е се само кардио, има толку многу вежби со ластици или тегови, толку многу серии само на стомачни и на задник посветно, секој тренинг е различен и се вежба секое мусклуче од телото. А со твојот отпор си ми преку глава и ми се повраќаш да ти кажам, толку застерено и стереотипно мислење имаше за вежбање тоа чудо некое. Башка поима немаш што сака една жена, ама поима немаш искрено да ти кажам, јас тебе ни денар не би ти дала да ми бидеш тренер или да ме тренираш, искрено. Јас слушам некој што многу добро знае што работи и e стучкњак за вежбање професионално од дете а не приучен како тебе по интерет само, а не како тебе што се фокусира само на мускули и на ништо друго. Така да твојот напад како бумеранг ти се враќа, зашто нели се има две страни