Девојки има ли резултати? Мене ми е 3 ден и напорно е ама не толку и покрај тоа што сум во никаква форма
Топење масти= намалување на исхрана(калориски дефицит) Вежбање= одржување на мускулна маса и здраво срце Ако вежбаш како почетник ќе биде тешко, но ако не е тешко нема да видиш промена. Подобро е од хербалајф сигурно или купување протеински шејк.
Девојки зошто кога ја симнувам програмата антивирусот не ми дава, ми ја блокира? Ги најдов вежбите на јутуб, барем да ми кажете дали во текот на вежбите има пауза, и распоредот на исхраната. Фала
Има паузи. За распоредот јас го имав кога си ја симнав програмата, ама мислам дека можеш и да ја побараш на неговата веб страна.
Па не е толку тешко, дека се заморуваш само. Еве одмарам па пак ќе вежбам комбинирано. П.С. Мене инспирација ми е песнава https://www.youtube.com/watch?v=XKmyGVA-Axw
Пробај со друг торент. Еве ти календар за вежбање. Имам и пдф програма и календар, ама не можам од тука да ги пратам.
Како ти оди, еве јас од утре стартувам со вежбите, но со исхраната незнам како да се придржувам. Немам многу за симнување едно 3-4кг сало (хахаха) ми треба мускулна маса и тие неколку кг.
Дечки...развртев назад некои страни, ама не најднов, ако имало ќе ме извините. Некој клуб да препорачате каде што организирано се вежба инсенити? Дома немаме услови (ама стварно ) а и мотивацијата би била поголема во група. Во центар, некаде околу универзална, кузман, дебар маало... tnx P.s дали заедно би можеле со дечко ми да одиме, или посебно има вежби за жени и мажи?
Еве јас планирам со две другарки да почнам на ова да одам од понеделник,го има на две локации,во различни термини,еве ја фб страната се си има објаснето https://www.facebook.com/events/8951262 ... 3&source=1
Не знам зошто, ама ниту една програма не ја завршувам до крај. Ми здосадува па си почнувам друга и така наизменично. Претежно вежбам го кардиово од Инсенити, баш е супер, бутчињата ми се потат мнооогу, е сега комбинирано со нешто од Џилиен ги правам и навистина има резултати. Само упорност. ^ Инаку, видов баш пред некој ден на фејс за инсенити, ама не ми текнува каде, знам во некоја сала во Центар се вежбаше...
Многу добра програма, јас ја вежбам 4 месеци скоро и ептен моќно се осеќам. На почетокот неможев 5 женски склека да напраам, сега без проблем праам 20-30 машки. Ама треба голема психичка стабилност и упорност.. После првиот месец бев решена да се откажам ама продолжив. Претешко е на почеток и со тек на време тежината на вежбите се зголемува ама акко сакате добар физички изглед ке трпите и друга работа вашите килограми на вага ќе се зголемуваат, но тоа е ради мускулната маса среќно
И јас сакам да почнам да ги правам овие вежби и да се водам според режимот. Пребарував на гугл но никако не можев да најдам и да ја свалам целата програма, т.е. во целост да го има и начинот на исхрана, календарот за вежбите а и вежбите. Па ве замолувам доколку ја имате целата програма, дајте линк или торент од каде сте ја свалиле.
Здраво Феминки нова сум на форумот ова ми е прв пост и денеска ми е почеток на 2-та недела од Insanity.. напорно е ама јас симнав за 1 недела 4 килограми, ама наутро пијам лимонада со мед, секој ден пешачам околу 9 километри (околу 2 часа пешачење), пијам зелен чај 3-4 чаши дневно, невечерам и пијам многу вода...