Дали оваа програма може да се спушти на телефон, има ли апликација? И ако нема, може некако од компјутер да се префрли на ЦД?
Почнувам со Инсенити од понеделник и се мислев да го комбинирам со дополнително трчање и пешачење, е сега не знам колку ќе издржам бидејќи самите вежби се прилично напорни. Исто така планирав во исто време да почнам со УН диета повторно (но не знам дали би било правилно, бидејќи нели во самата програма има и водич за исхрана - па можеби ќе ја модификувам малку), првиот пат кога ја држев пред 2 години беше многу успешно, односно ослабев 15кг. Плус ќе пијам саси вода и Л-Карнитин. Се надевам дека сето ова комбинирано ќе даде добри резултати, земајќи предвид дека оваа година не бев воопшто активна на физички план и сите мускули што ги имав... well, they are gone и плус си накачив неколку килца. Посакајте ми среќа.
не ти се мускулите никаде отидени, тука си се не се секирај викаш една година не си активна, ако претходно си вежбала активно ќе се изненадиш колку брзо ќе постигнеш добри резултати само напред нема зашто да не даде резултати ако се посветиш целосно со среќа поздрав
Јас ја симнав програмата уште зимото, сега ја почнав пак да ја вежбам. На торент ја најдов, побарај ја сигурно ја има.
Секое видео може да се конвертира и да се стави на мобилен, прогуглаj за тоа и ќе наjдеш соодветна програма. А место копирање на цд, подобро купи си usb од 2 gb и на него префрли ги вежбите.
Само што завршив со фит тестот На моменти помислував дека нозете ми откажаа, ама сепак продолжив и правев подолги паузи од тие на видеото switch kicks-53 pover jacks-52 pover knees-80 pover jumps-30 globe jumps-9 suicide jumps-11 push-up jacks-17 plank oblique-23
Сакам да почнам со овие вежби , глеам сите сте некако задоволни а и по сликиве ме преизвкиуваат да почнам... Сите коментари ги прочитав , сите линкови што се постирани ги отворив но неможам да ја симнам програмата , ( како ќе стиснам на линкот автоматски ми се данлолдира да го отворам неможе ) Па ако сакате да ми помогнете околу симнувањето
Јас ги вежбав овие вежби лани и навистина се добри, но ги вежбав од видеа на youtube но сега ги нема сите Ги гледав линковите кои ви се објавени но неможат да се симнат, ако можи некој нека ги прати...
1. Кликни на линкот подолу ќе ти се симни програма којашто ќе ти овозможи да го симниш торентот од видеата на Insanity: http://www.utorrent.com/downloads/complete/os/win/track/stable 2. Откако ќе ти се симне инсталирај ја програмата и потоа кликни на следниот линк: http://kickass-torrent.ytsre.eu/shaun-t-insanity-deluxe-t8207472.html . Ќе ти се отвори веб страната. Кликни на Download Torrent. Фајлот ќе се превземи. 3. Веќе симнатиот фајл (торент) кликни го и ќе ти се појави прозорец за тоа во која локација сакаш да биде симнатиот фајл. Автоматски доколку не менуваш ништо ќе се сними во Downloads. Кликни ОК и ќе почне да се превзема. Ќе ти покаже проценти за тоа до каде е процесот на превземање на видеата. 4. Го отвораш превземениот фајл и ги гледаш внатре сите видеа од Insanity програмата. 5. Почнуваш да вежбаш кога сакаш Среќно! PS:Доколку немаш брз интернет превземањето ќе трае подолго бидејќи сите видеа заедно зафаќаат 8GB.
Мене ми е трет ден по ред вежбите се многу напорни и се боли... Ни аспирин не помага. Ама сепак продолжувам. На другарка ми брат и од овие вежби ослабе 13 килограми за 2 месеци.
Почнувам со Инсенити од утре, во моментов ја симнувам програмата се надевам дека ќе има добри резултати.
За сите оние што бараат торенти за Инсенити - јас ги гледам на YouTube, еве линк https://www.youtube.com/playlist?list=PLDAy1zyr81-Zwzc0IDEXJIEtNfrFzBp1K
@SunnyGirl2 ако немаш кондиција, не ти препорачувам прво да почнеш со Инсенити, зашто оваа програма не е за почетници. Нема да можеш ни првите 5 минути да ги издржиш. Јас би ти рекла прво да почнеш со полесно кардио, или кардио во комбинација со strength вежби, па постепено да набиваш кондиција за после да продолжиш со Инсенити. Програми од тој тип што би ти ги препорачала се 30 Day Shred и Ripped in 30 - и двете се од Jillian Michaels, лесно се наоѓаат торенти. Ако веќе имаш кондиција и сакаш да продолжиш со Инсенити, можеш да го следиш календарот на Шон, го има на интернет. Програмата е така осмислена, да за 2 месеци скроз го смениш изгледот. Можеш да видиш слики од луѓе што ја пробале програмата, какви биле пред и потоа. Резултати за брзо време ќе забележиш, зашто интензивно кардио е. Јас сепак не одам според распоредот, туку напоредно возам статичен точак, вежбам пилатес, ги терам програмите на Џулиен, видеата на Кејси итн.
Јас ги практикував едно месец дена и нешто.Навистина се доста напорни особено ако подолго време не сте вежбале.Ќе имате големи болки на мускулите што е знак дека се добри и ефикасни.Јас по цела недела сум имала болки во мускулите ама она поради што ги прекинав е тоа што имав проблеми со циклусот ми каснеше и немав скоро ич па не сакав да си направам проблеми со тоа