Па во килажа немам никаква промена, ама во обемот имам ептен голема промена. Сега неможам фармерки да си најдам Струкот далеку повеќе ми е намален. Имам сеуште од програмата така да ќе ги видиме конечните резултати поверодостојно на последниот ден Сепак немој да очекуваш премногу, станува збор за мал период на физичка активност. Доколку сакаш поголеми резултати ќе треба подолг временски период да се вежбаат вежбиве. Некако скептична сум за вториот месец, интензитетот на вежбите е појак од претходниве вежби ама верувам дека и тоа ќе го издржам. Поздрав и ти посакувам успех
на форумите на beachbody дечките што ја прошле програмата велат дека најдобри резултати во слабеење има во вториот циклус вежби, јас не сум стигнала до таму, ама верувам дека ќе има резултат, барем некои 3-4 кила минус, ќе видиме, само упорно
јас сум до 5-ти ден ама мислам дека ке издржам само сакам да знам кога почнавте да приметувате разлика?
Јас лично после 2 недела, затегнување и облини, ќе видиме, само знам дека се осеќам поздраво и поенергично, а богами и поцврсто, можам до 70 кила да натепам некој )))
до кај сте бе луѓе, никој не пишува ништо.....јас викендов, т.е. саботата требаше да ја почнам 4 недела, арно ама имав саботно-неделна генералка, од јутра до сутра, па во 10 навечер некако ме мрзеше да вежбам, па ај си викам од денес, нели и да чистиш си активен и топиш калории ??? ))) Ќе пишам утре, дали намерата сум ја спровела во дело...
јас сум до 10тиот ден и се чувствувам супер само ги измешав двете видеа па ми искоци два дена по ред да везбам pure cardio мислам дека ке биде супер затоа што чувствувам промена и навистина е предобар програмов само уште исхрана да средам
Јас сум 2 ра недела при крај , не гледам некои промени ама јас се осеќам како затегнато може си се филмам , ги гледав за 2 риот месец видеата страшни ми се некаде прочитав коментар дека вториот месец бил толку напорен што вежбите од првиот ти личеле на зумба во споредба со вежбите од вториот месец а мене и овие ми се напорни ама ке се трудам
Јас се придружувам од денес. Го поминав фит тестот, ама многу лошо за разлика од пред 4-5 месеци кога бев во кондиција и редовно вежбав, овој пат резултатите разочарувачки. Се надевам дека брзо ќе се вратам во старата форма.
и јас ви се придружувам од денес Само што го завршив фит тестот, и сууупер се чувствувам ептен се добри , иако некои вежби едвај ги правев (една само 3 пати ја направив ,ама задоволна сум си според мојава 'кондиција') и не ги запишував резултатите зошто неможев (ме мрзеше) да бројам па сега ќе стегнам заби и не се откажувам па ќе ви пишувам тука како ми оди, позз
Јас денес прв ден вежбав од recovery week, така што во Сабота го завршувам првиот месец Oд Понеделник почнувам со вториот месец. Се надевам дека ќе го издржам и нема да се откажам. Во секој случај не можам да се натпреварувам со нив во вежбањето и покрај тоа што имаат таква мускулатура и телата им се перфектни сепак и тие се уморни, а некои дури и се откажуваат со пауза во текот на вежбањето.. така да како викаат baby steps Полека, но сигурно. Факт е дека не може од одма резултатите да бидат видливи, но со мотивација и желба верувам дека може да се постигне топ форма. Поздрав и со среќа нека ви е првиот ден на сите
Денеска супер поминав day 2 plyometric cardio circuit, малку душата ми излезе, бев како некој кофа вода да истурил врз мене . Кој рече дека ќе ми биде workout partner?
срамота да кажам, ама никако да ја почнам 4 недела, еве веќе петти ден, мора денес, мора... за потење не кажувај, best feeling ever, после туш, и како нов да си излегол од купатило...
Да, а утредента уште подобро е чувството кога те боли секое можно мускулче од телото Како робот сум, не можам да се симнувам/качувам по скали, да се насмеам, да се наведнам, ма ништо не можам да правам Ама ако, слатка болка е оваа. Инаку денес day 3 Cardio power & resistance. Супер тренинг, само она скоковине ми се малку напорни, инаку другото е ОК. Продолжуваме понатаму, утре day 4 ќе видиме што ќе ни донесе.
Јас да пишам дека првата фаза, односно првиот месец го завршив. Не продолжив со вториот месец, бидејќи интензитетот на вежбите ми беше малку поекстремен. Почнав со друга програма Beachbody и денес втор ден ќе видам како ќе се одвиваат вежбите. Ќе се вратам повторно на тој фамозен втор месец, ама да стекнам малку повеќе кондиција и сила па ќе го завршам и тој месец. На Вас како ви оди? Поздрав
Јас тогаш кога почнав и на четвртиот ден се повредив надвор го шетав кучето се лизнав многу опасно и ми беше потечена ногата... но сега почнав повторно денес завршив втор ден и ке пазам што ќе правам сега!! А инаку Ценце да те прашам дали може на пример дента ако не си можела да го извежбаш предвиденото(поради обврски и слично) да го надокнадиш следниот ден да ти дое ко два дена у еден? - И уште нешто.. секако како си задоволна со програмата??
Пауза од една недела морав да ја направам, имав некои компликации со забите и не можев да вежбам... Денес продолжив онаму каде што застанав Day 4 Cardio recovery, супер поминав, иако на изглед се релаксирачки вежби, баш напротив си бараат многу сила. Утре pure cardio, ќе видиме како ќе биде...
Vaka ja gi spushta vezhbive do 80se i nesh procenti mi se i sea imat 14 vezhbi sto se sputaat...toa se site vezhbi ili 60 vezhbi imat ?? ili kako? :\ ii dali so vezhbive kje go oslava gazov da ne mi se naprajt ko daska? :\ iii pishetemii vashi rezultati so vezhbive daj te mi pokje motivacija
За првиот и вториот месец ти требаат по 7 вежби ќе си ги видиш по програмата кои се. Значи ти требаат 14 вежби за 2та месеци. Како ќе го ослабеш г'зот за толку краток временски период, дај и мене кажи ми рецепт ако може Не се секирај за тоа, вежбиве само ти се за кондиција, зацврстување и топење на масните наслаги. Не знам дали си ги почнала веќе, но дефинитивно вреди Сега немој да се откажуваш уште првата недела, која само таа ќе ти биде тешка после ќе си се навикнеш на отпорот од мускулите Па пиши резултати и напредок
Јас сум моментално на втората недела, Plyometric cardio circuit и мислам дека немам некои посебно големи резултати, а не ни очекувам бидејќи вежбам само 2 недели..има, не велам дека нема, ама може и повеќе .мнооооогу убаво се чувствувам, значи...некогаш ми доаѓа на сред вежбање да се откажам ама нема откажување никако..напорни се вежбите, точно, но потоа резултатот ќе биде прекрасен ) се надевам а и јас не ги правам некои вежби до крај, на пример ако тие ги прават 20 секунди, јас ја правам вежбата 10 или 15 бидејжи стварно тие се истренирани, прекрасни тела имаат и пак се морат, а што останало за нас ) е сега сакав да ве прашам..ми дојде менструација..дали да продолжам да вежбам или да направам пауза?