1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

INSANITY workout

Дискусија во 'Фитнес' започната од ivana20190, 23 јуни 2012.

  1. lovely99

    lovely99 Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Која би можела подетално да ми објасни како да ја симнам програмата со вежби?
    Страв ми е да не накачам вируси..
     
  2. SarCh

    SarCh Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    3
    Е да ти кажа за вируси цел компјутер си го уништив -_- она торентон лом ми го напрај компјутеров :worried:S Ама ајде ќе прежалиш едно форматирање ептен се ефикасни вежбиве :P
    A иначе за спуштање требат прво торент да спуштиш па после имат линк даено во коментари сврти ќе најш :)) Се надева отприлика ме сфати :)
     
  3. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Драги Insanity „колеги„

    Неколку работи што можеби ќе ви помогнат:

    1. Самиот Шон Т не верува во диети, вели „There's no such thing as diet". Така да, за сите оние што мислат да држат некоја crash диета за време на овие вежби, не само што ќе добијат контра ефект (затоа што телото иде во starvation mode, и складира повеќе него што треба) туку и трудот ќе им биде залуден затоа што и да изгубат некое кило, ќе се врати исто толку брзо како што отишло. За да добиете оптимални резултати, треба едноставно здраво да се храните и ништо да не извадите скроз од исхрана (дури ни слатки) туку со усул да ги јадете.

    2. Исто така прочитав и коментар од типот „Дали задникот ко даска ќе ми стане“. Тоа е невозможно со програмава, затоа што зајакнува мускули, т.е. ги оформува (НЕ БИЛДА). Не можете да се набилдате од оваа прогрма (ниту во 2-от месец) освен ако не јадете ненормални количини на белковини.

    3. Ако мислите дека за неколку недели ќе бидете сосема друг човек - се лажете. Треба да се вежба малку подолго време за да бидете фит и затегнати.

    4. РЕзултати се мерат во цм, а не го кг. Најверојатно на почеток ќе качите кило две (што ќе ве обесхрабри) поради акумулација на вода во мускулите.

    5. Тие шејкови што ги препорачуваат се за регенерација на мускулите. Ист ефект може да добиете и од чоколадно млеко. Пијте по една чаша после вежбите.

    6. Фотографирајте се!

    Споделувајте искуства, јас сум веќе на вториот месец и никогаш подобро не сум се чувствувала!

    :rock:
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Абе јас минував 45 минути зумба или 45 минути тае бо како од песна, стомачни можев да направам колку што сакам и не чувствував ништо, одвај се изморував малку, а утредента како да не сум ни вежбала, на орбитрек имам поминувано по час и половина, па кога видов тука за инсенити си реков ова само ко за мене(и изгледа се заебав). Вчера почнав со инсенити, еве денес ми беше втор ден, само што завршив и целата се тресам, страв ми е да станам од креветот, мислам дека нема да ме издржат нозете. Решена сум да терам, да давам се од себе, да скокам денови само кога имам добиено, затоа што тогаш и така не можам да станам од кревет... Не знам во каква состојба ќе бидам утре и како ќе издржам, ама ќе се потрудам да помнам што е можно подобро. Одамна не сум се чувствувала изморена од вежбање, и иако ми се врти во моментов, чувството е прекрасно.
    А, и уште едно прашање, што се пиеше за воспаление на мускулите, андол, аналгин, парацетамол?
     
  5. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Ova go vezbav 2-3 nedeli ama stvarno poludev vo prav smisol :lol: se potev kako nikogas dosega ama mnogu me prave nervozna i besna i da bev na dieta ednac mi se sluci nemozev da zemam vozduh mnogu mi bea naporni nekoi vezbi edvaj gi pravev pa se mislam pak da gi zapocnam vo sto sum gresila sto me pravea besna i sto nemozev da zemav vozduh? :)
    [mod-kirilica:12qc8tav][/mod-kirilica:12qc8tav]
     
  6. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Било какви апчиња за болки ќе ти помогнат: Блокмакс, Кетонал, Диклодуо.... а и масти некакви за опуштање на мускулите. А за регенерација на мускулите внесувај протеини колку повеќе можеш после инсенити. Како на пр. Белки од јајца или чок. млеко после вежбање.
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Абе се ок, ама ми се расипа компјутерот, и отиде вежбањето... сега кога ми го направат ќе почнам од почеток. Мускулите уште ме болат, ама не е страшно :)
     
  8. Goldeneye

    Goldeneye Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    29
    Не мораш од почеток, можеш да продолжиш од таму кај што си застанала... ако немало многу пауза во меѓувреме.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    http://www.youtube.com/user/SegwayBeskydy?feature=watch
    Еве овде ги има сите видеа од првиот месец, идете и на фан страната на фејсбук и ќе го најдете календарот и ќе одите по него. Е сега сакав да прашам како да си ги симнам видеава? Пробав еднаш ама не ми усепа после да ги пуштам, а неможам да ги гледам од јутјуб многу ми земаат од интернетот а сакам да си ги имам и онака е планирам билдер да станувам и несакам вториот месец да го пробам можам првиот да го повторам. Како да ги симнам? Ама да не биде како претходниот пат за џабе :D
     
    На auroraa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    ^ Јас ги симнав од Замунда...ги има сите видеа, за сите 60 дена...
     
  11. Ariel-555

    Ariel-555 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5

    за бесна незнам :) а тоа за дишењето..прочитај на интернет има како да дишиш првилно за време на вежбање...а можеби и си немала доволно кондиција...мене ми се има случено да ми пукне капилар или нз шо беше ми се направи како сино топче и неможев да застанам на таа нога... тогаш немав кондиција наеднаш ги почнав...треба да си го спремиш телото со полесни вежби барем еден месец пред да ги почнеш :) :) јас еднаш ги извежбав сите..од март пак :) пред летото :) :) :)
     
  12. StatusQ

    StatusQ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ЗДраво девојки, би сакала да го споделам моето искуство со вас за Insanity... Програмава ја вежбав според распоредот што е даден и го извежбав само првиот месец, целосно како што треба, но веќе за вториот се откажав. Се мерев постојано ( во обем ) и забележав дека имам симнато по некој цм (минимално), но забележав и дека многу се затегнав... Станав доста мускулеста а во обем не намалив како што сакав и ради тоа решив да престанам, затоа што станува збор за доста напорни вежби преку кои брзо се затегнува телото. Јас секако и претходно имам вежбано, аеробик зумба... и не сум многу лабава :) но со Insanity не си го постигнав рез. што јас сакам бидејќи јас прво имам за топење, па тек потоа треба да ми дојде затегањето :D затоа за оние кои прво сакаат да симнат некое килце, прво тоа нека го направат со диета, зумба аеробик и сл. па потоа на затегање. Подобро бидејќи ми требаше доооолго време додека малку од малку да ми се опуштат мускулите па да преминам на слабеење... инаку имав доста затегнати нозе со вишок :/
     
  13. jenniferl

    jenniferl Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Moze li nekoj da mi kaze kade ima tuka vo skopje insanity workout, znam deka bilo 1000 den ama ne znam adresa i termini? Fala
    [mod-kirilica:30tdl5es][/mod-kirilica:30tdl5es]
     
  14. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Мојот фитнес ден (+ мотивации)

    Подобро ќе ти биде да ги симнеш вежбите од Замунда или сл., ако ти е за мотивација, гледајќи го Шаун и останатите и бездруго ќе ја имаш. Инаку не знам каде се вежба групно Инсенити, но не знам ни на кој принцип би биле посетите-3 пати неделно или секој ден. Ако е секој ден 1000.00 ден. е малку за тие пари.
    Инаку еве ти линк од Face Book, од дечкото што ги организира. Прати му порака, сигурно ќе ти одговори
    http://www.facebook.com/aleksandar.kacarski.3.
     
  15. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    ај ако има некој слика од распоред за вежбите да ставе?
    иначе еве се симнуваат и утре сигурно ќе ги почнам :D
     
  16. Angel23

    Angel23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Eve go rasporedot za vezbanje za 2 meseca
     

    Прикачени фајлови:

    На Dzes88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. aleksandrabucko

    aleksandrabucko Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo devojki, sakam da prasam kade kaj nas vo Skopje ima INSANITY WORKOUT programa za vezbanje i dali ima nekoj kontakt tel ili link za zaclenuvanje,sakam da pocnam vo najbrz rok da vezbam
    Odnapred Vi blagodaram !!!
    [mod-kirilica:33ombazo][/mod-kirilica:33ombazo]
     
  18. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Погледај 2-3 поста погоре!
     
  19. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.665
    Допаѓања:
    2.919
    Пол:
    Женски
    Е така и јас вчера почнав со insanity и денес не мрдам, не ми дават нозете, страшни болки имам во листовите, ама ќе помине и пак ќе почнам, а со brazil butt lift бев слично така, но не до толку да не можам да одам :)
     
  20. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Девојки имам 16 ипол години, висока сум 154 цм а имам 67 килограми, многу сакам да ја намалам тежината, видов за Insanity на ТВ и многу се воодушевив од трансформациите, сакав да го порачам но не успеав во тоа и случајно видов на форумот, сакам да го симнам и да почнам со вежбите, но сакам да ме советувате, дали би било добро јас на 16 години да ги правам овие вежби, или би имале лоши последици за мене и моето тело? ве молам одговорете :)