Не верувам дека ке имаш лоши последици, јас скоро наполнив 17 и сега почнав да ги вежбам, не поради годините туку поради тоа да немаш болки во мускулите мораш да се припремаш за овие вежби барем 2 недели порано, да се загрееш, бидејки како што кажав погоре, веке 2 дена неможам да станам, имам воспаление на мускулите на листовите. Вежбите ептен изморуваат особено ако не си припремен, т.е ако немаш доволно кондиција. Позз
Фала на одговорот . Тогаш ќе се припремам некое време и ќе го пробам Insanity, па ќе видам како ќе дејствува
Сакам да ве прашам дали програмава можам да ја симнам и да ја ставам на цд или ја има некаде каде што се продава на цд за да не морам да вежбам пред компјутер ??
Не верувам да се продава овде во МК, симни си ја лесно и брзо е, и стави си ја на CD, не е некоја голема работа.
Денес почнав со Insanity и морам да признаам многу е тешко неможам да претпоставам што ме чека понатаму ама не се откажувам има да ги решетам сите после
Не се откажувај мила, јас ја завршив првата недела од вториот месец. Првата недела од првиот месец ми беше најтешко, но после ќе видиш ќе сакаш и ќе бараш повеќе. Само храбро и УПОРНО! Со среќа и со лесно!
Девојки мене ме интересира која колку има ослабнато со програмава,не ми е битен напорот напорот се издржува,ме интересираат килограмите,дај мотивирајте јас дури 2 ден сум со вежбиве а имам некои 5 кг за симнување Инаку јас ослабнав некои 18 кг за една година,така да ве мотивирам максимално да не се откажувате додека не дојдете до она што го сакате,ама зимово вратив некои 4-5 кг па си велам да си се вратам на нормалата.
добро утро на сите јас си ги симнав од замунда вежбите вчера и од денес планирам после теретана да поцнам со нив луди се не знам дали ќе се издржи него сакав да ве прашам ума само 14 видеа на замунда па да ми кажете како оди се повторуваат на 2 недели или... фала ви поздрав
^ На предходнава страна Angel23 го има ставено распоредот за вежбите. Можеш да си ја спуштиш сликата. Инаку почнав јас денес, Fit test-от го правев. Killer .. особено првата вежба.
Од денес ви се придружив и јас Ден 1-Fit test --> успешно завршен Многу сум среќна, и искрено ми беше доста лесно на почеток ама после тоа не дека се уморив, можев ама незнам зашто, како немам воља и успорив, ама не престанав Switch kicks-100 Power jacks-45 Power knees-8 Globe jumps-4 Suicide jumps-15 Push-up jacks-6 Low plank oblique-40 Со среќа девојки !
Еве ме и мене. Нема да пишувам секој ден, немам навика. Значи, вчера беше Fit Test-от. Резултати: 1. Switch kicks - 36 (најтешкото за мене, од сите вежби во тестов) 2. Power jacks - 51 3. Power knees - 55 4. Power jumps - 30 5. Globe jumps - 11 6. Suicide jumps - 18 7. Push-up jacks - 22 8. Low plank oblique - 40 Како за прв пат задоволна сум, и тоа многу. Денес - вториот ден, ми беше Plyometric Cardio Circuit. Го направив цело, ама си правев почесто кратки паузи, да земам повеќе воздух и да се напијам вода. Не сум баш задоволна, ама се надевам ќе станам подобра со тек на време. Инаку засега ништо не ме боли, тоа е добро.
кој е за паралелно вежбање-нека се пријави....чекам кандидат за од исти ден да почнеме,за стимулациа....
договорено партнер p.s.не знам баш дали тоа време ќе ми одговара, али утре вечер споделуваме искуство од прв ден....позз,,
Сакам да почнам со програмава за вежбање ама не ми е баш јасно. Има 10 видеа а тоа се вежби за 10 дена? И после тие 10 дена само се почнува од почеток од првото видео или како? Незнам дали имате претходно објаснето, немав време да проверам ама ако биде некој љубезен нека ми објасне се што како треба, затоа што сум цврсто решена дека до лето треба да се стегнам малце. Фала однапред!
Кажано беше пред 1-2 страни, ама ајде.. Еве го планот за вежбање, води се според ова. Со среќа! Јас ја почнав втората недела денес.. од минатата само четвртокот и петокот не вежбав, ама надохнадив за тоа саботата и неделата. Од сега ќе се трудам да сум редовна, зашто по само 2 дена невежбање, се осеќав ко прв ден да ми е. Се надевам нема да ми се здосади, како по обичај. Ама лудило е!
1. Switch kicks - 55 2. Power jacks - 36 3. Power knees - 30 4. Power jumps - 15 5. Globe jumps - 15 6. Suicide jumps - 10 7. Push-up jacks - 6 (никако неможев ова) 8. Low plank oblique - 20 додека неможев да ги правам вежбите, правев стомачни околу 15 , 10 лева нога, 10 десна нога за задникот, 10 ножички (ова измеѓу добро е за прв ден, плус на пост сум па може затоа немам толку енергија, битно не се изморив многу. задоволна!
значи успешно завршен прв ден,супер моиве резултати се 96/52/66/30/утнав при броење/16/правев обични склекови, не се форсирав со овие/54. одиме на втор....