не се припремај- почни....издржи ги првите 2 дена од Insanity и без проблем ке продолжиш...во оваа група сите со истите "маки" и затоа сме тука да се бодриме.... 2 ОСНОВНИ ГРЕШКИ...... 1. вода мора да пиеш дури вежбаш, на чести интервали али мали голти ( да не му направиш шок на организмот, да не кажам срцето), али мора да пиеш...доколку почнеш со INsanity ке заприметиш дека се пие вода дури се вежба и тоа доста често... 2. енергија ќе имаш дури вежбаш, ако внесуваш здрави продукти, умерено....ако се прејадуваш ( нездраво) притисокот паѓа и те успорува, те прави млитава.... Јас ти препорачувам почни со инсанитѕ, имаш и начин на иасхара што јас мислев дека е прекомплициран, али воопшто не е , дури ми ја олеснува исхраната....позз
Грешката е поправена, сум имала само 10 видеа а сега гледам дека се вкупно 14. Денес Plyometric Cardio Circuit, истото од вторник што вежбав.
Ако вежбаш наутро, изеди една банана 1 саат пред тренинг. Или кога и да вежбаш во текот на денот, не јади голем оброк 2-3 саати пред тренинг. Бананата е бомба од јаглехидрати и ти ги полни батериите до максимум. Јас практикував да вежбам некои 3-4 саати после будење. Јадев или шолја житарици, или банана. ЈАГЛЕХИДРАТИ ти се многу битни за овие тренинзи.
^Јас имав пишувано дека моја другарка имаше одлични резултати и без некоја посебна диета . Само благо ,леб и брза храна не јадеше . Инаку друго се си јадеше . А трансформацијата кај неа е неверојатна . Така да терај ја програмата , во брзо време ќе видиш резултати А ун да ја тераш , имаш овошен ден , не знам колку ќе го издржиш многу се напорни вежбите .. Јас би ти препорачала само да избегнуваш junk food
УН диетата не е за активни луѓе и таа е за луѓе што не сакаат да дигнат нешто потешко од својата ташна. Како што реков во поранешните постови бидејќи е интензивна програма без јаглехидрати не се вежба. Потоа за да ја заджиш мускулната маса е потребно доволно количество протеини и тоа 2 грама на секој кг. После здравите масти за балансирање на хормоните. А што е УН диетата не балансирана исхрана. Еден ден ваква храна јадеш,друг ден онаква храна јадеш и еден ден ќе пукнеш зашто не си јадела благо. Така се сруши комунизмот така и психата на човекот. Не можеш да се ограничиш и треба да знаеш дека количината е битна и 80% да си права во тоа што го правиш. Другите проценти можеш да згрешиш но затоа ќе вложиш повеќе повторувања. А Shaun T ќе те направи да направиш повеќе. И не заборавај Keep your core tight
Ах тој core tight...мислам дека ми е натешкиот дел, мора да ме потсетува тренерот али мислам дека со тек на време по автоматизам го правиш тоа...полека почнувам да влегувам во шема....денес ми е 18ти ден, и одлично ми оди...диети никако не терам, али пак си имам некоj ред на јадење....а црно чоколадо-никако немам намера да си го исфрлам од употреба,ако??? али имам резултати, и јас си осекам , а и други приметуваат...едвај чекам 63 ден да дојде(само тие max вежбите ме плашат))
а ке може да добијам линк од каде да ги симнам? јас најдов страна ама има само 10 видеа со вежби а нели треба да се 14 за цел месец ако не се лажам така? и како одат тие вежби еден ден вежбаш еден паузираш? или?
fit test(успешно завршени и супер се чуствувам несум многу уморна) јееее 1. Switch kicks - 80 2. Power jacks - 50 3. Power knees - 68 4. Power jumps - 35 5. Globe jumps - 25 6. Suicide jumps - 12 7. Push-up jacks - 9 ови дури неги ни направив како што треба 8. Low plank oblique - 40 инаку имам 14 вежби и тие се за цел месец? и секој ден треба да се вежба?
го имаш распоредот за вежбање на 10та страна, 97ми коментар од оваа тема..... тие 14 видеа се за 2 месеци, од кои maxot се во вториот месец...ке си видиш се во програмата
Јас мора да се пожалам, уствари ај да кажам да побарам поддршка....тешка мрза ме напаѓа, а 19ти ден ми е....чаре?
Како ви се свиѓаат резултатие од овие вежби? Гледав нешто на интернет, слики некои, ама сите женски се претерано набилдани. Јас сакам рамен стомак со благо изразени стомачни. Да продолжувам со ова или да сменам некои други вежби?
За тело убаво треба труд,години,потење и вложување. За 60 дена нема да се направиш набилдана како што на рекламите вика. Сепак е добро што има интензитет но ако претераш речи чао на мускулчињата. А ако сакаш да знаеш што прават со пред и потоа сликите погледни го видеово. https://www.youtube.com/watch?feature=p ... X0qJlDtG_A
И јас денес почнав со вежбање ама некако многу ми оди тешко. Се ме боли. Се надевам ќе издржам барем 2 недели.