Според формулата (за слабеење) јас треба да внесувам 1036 калории. Тоа е премалку! А ако сакам да ја одржувам тежината треба да внесувам 1536 и тоа е океј, ама мене не ми е тоа целта. Плус, за такви напорни тренинзи телото си бара енергија. Искуства?
Гледај да се движиш до планот за вежбање, и да имаш енергија за двата месеца да ги издржиш.....храната нека ти биде умерена,нормална, без претерување, само не се замарај со броење калории...тоа е мое мислење, може и грешам, али Insanity e тоо муцх за со било што друго да се замараш
Stef, немам почнато, планирам од кога ќе ми заврши месечната на аеробик и пилатес. Барем телото ќе ми е подготвено за потешки тренинзи. Ама ова со калорииве ме збуни.
а да пресметаш повторно?мн малку тоа изледа..да не имаш некоја грешка во пресметувањето?мене по формулата ми дојде 1700 калории за слабеење,а 2200 за одржување на тежината...
2150 за одржување,додека 1650 за слабеење...овие цифри се однесуваат за кога би била средно до многу активна (без разлика дали е Insanity или нешто друго)
Благодарение на фемина и јас дознав за овој тип на вежбање. Активно одам на аеробик веќе година ипол, и дел од вежбите што ги има овде ги имаме и ние. Решив да ги вежбам и овие, иако сеуште одам на аеробик, па си правам комбинација. Сабајле ги вежбам вежбите од видеата, вечерта си одам на аеробик. Денес ми беше 3ти ден со INSANITY, и искрено едвај издржав. Имав моменти кога не вежбав по 10 секудни иако на самото видео тогаш немаше пауза =) (јас си го паузирав сама за да не изгубам од вежбањето). Сега за сега добро ми оди. На исхрана решив да внимавам од утре иако и до сеа пазев ама не до тој степен (знаев некогаш да си се почастам со компири од 7ца мх мх)
Девојки, како оди вежбањето?....мене ми е е ова 4та недела.... Е сега вака....сакав да истерам до последен ден, али нема да можам ( пошто крај на јуни сум надвор од Мкд, со обврски што не ми дозволуваат Insanity workout).. е сега што е попаметно....да си терам до кај можам, или да ја скокнам таа 5тата недела со Core cardio & balance....кога би немала слободни денови измеѓу може и би ја истерала целава програма, али тоа мислам дека макимум би ме исцрпило????? what to do???
Никако не ја прескокнувај таа недела. Таа е со добра причина направена. Мускулите ти се прегорени од премногу напор во овие 4 недели, и им треба време за рекуперација и адаптација, да имаат време да се оформат и навикнат, за да можеш уште поголем напор да им ставиш. Верувај ми, добро ќе ти дојде.
Планирам од утре да ја почнам програмава па ке видиме што ке биде Само кажете ми дали се придржувате до исхраната што оди заедно со ова или не? и дали тоа влијае на резултатите?
јас не се придржувам строго кон храната што ја има во упатството, но сепак внимавам на исхраната, гледам да внесувам многу повеќе овошје и зеленчук, денес ми беше 16ти ден и се чувствувам одлично....само напред девојки и не се откажувајте
Core во буквален превод значи јадро, се мисли да го држиш јадрото цврсто, односно трупот (стомакот, грбот) да го држиш цврсто.
Јас денеска ја почнав програмава, само што завршив со фит тестот, и многу ми беше напорно. Ги правев сите вежби, меѓутоа веднаш се изморував. Се надевам дека ке покаже резултати да не ни биде за џабе мачењево инаку за исхраната, не менувам нешто посебно, ке избегнувам леб, си купив мусли, овесна каша, зелен чај и whole wheat макарони-од тие црните
ja simnav cela programa ama ne mozam da ja pustam ke moze da mi kazete kako bidejki navistina skam da pocnam da vezbam imam mnogu za simnuvanje edno 20 kila [mod-kirilica:1nfwueim][/mod-kirilica:1nfwueim]
Тоа ти значи sтомакот стегнат, фокусот таму да биде, кога ке вежбаш да не ти оди болката во грб,цело време стомакот стегнат...е тоа и не е така лесно( пошто од напор некогаш и се дефокусираме), али многу е битно
Денес го направив тестот и искрено многу ми беше напорно (и тоа не успевав до крај да ги направам). Се сметам за активна личност (аеробик, пилатес, пешачење) ама ова ме исцеди! Ама секој почеток е тежок Аеробикот е боза во споредба со ова... Алал да им е на оние кои не се откажуваат!