Покрај темата инста-блогерки во категоријата Мода, да отвориме и ваква тема за шминка. Дали следите некои од светските и македонските блогерки за шминка? Јас ја следам Cibele Publio и многу ми се допаѓа како прецизно шминка и наместо во седечка положба попрецизно се шминка во легната положба. https://www.instagram.com/cibelepublio/ Постојат многу други инста блогерки, кои се вашите?
Не знам како досега не сум ја видела темава, како бе ниедно мислење нема? Изгледа само јас сум „опседната“ со овие make-up блогери, иако од цело досегашно следење немам некоја посебна ука од шминкање фатено. Најчесто ги пратам на Instagram, а меѓу омилените ми се: @farahdhukai (има доста корисни tutorials за маски за коса и лице, а и многу убаво се шминка), @bodmonzaid (навистина преубава девојка со многу мотивациски видеа), @ling.kt, @sonjdradeluxe, @silkeveltkamp (пресофистициран изглед, премногу ми се допаѓа се на неа), @viva_glam_kay, @exteriorglam, @goar_avetisyan (женава навистина има талент за шминкање), @xthuyle. Од машките артисти би ги издвоила: @patrickstarrr и @jeffreestar - овие се меѓу првите кои ги сретнав, новите се повеќе и повеќе не ми се пријатни за гледање. Доколку во ваков тип блогери спаѓаат и оние за tutorials за коса и стилизирање, ќе ги пишам и овие: @sherrymaldonado, @sararevuelta, @sarahangius, @anthonycuts. Сигурно некој имам заборавено
И јас ги следам farahdukai,xthuyle и sarahanguis. Xthuyle јас обожавам поради смешните гримаси што ги прави, многу е интересна и оригинална. Згодна женска. А Фарах најмногу за советите за коса. Сара поради фризурите ама само со неколку ми успевало да направам нешто.