Се размислував дали темава да ја пишам кај Online Shopping или да биде настрана но сепак колку им верувате во квалитеот на македонски Инстаграм страни? За облека дали сте зимале од некоја и како сте задоволни? дали може да ми препорачате некоја (и за машки и за женски)?
Јас секогаш нарачувам од инстаграм, а и секогаш барам да ми сликаат како изгледа реално. Еве некои од коишто сум задоволна : butiksabe, unique_butik_skopje, butikstela2001, butikgliterati,..
Јас имам порачувано дуксер од кај нив. Сликата не се избледи, го имам веќе четири месеци. Ем дуксерот е дебел, таман за ова време.
Алишта никад, многу ми е језиво зошто незнаеш што матријал се и дали ќе ти стојат убаво. Рандом тракатанци од АлиЕкспрес и обувки нарачувам, најчесто чизми иако се кинески квалитет стварно не ми е гајле, добро издржуваат. What can I say I'm a cheap bitch!
Да признаам, често ми се случува да ми се допадне некое парче облека, но не сум собрала храброст да нарачам. Гледам дека и цените се доста прифатливи, па дури и да ми е утнат моделот нема да ја жалам сумата премногу. Како за почеток, би купила ташна.
Јас имам нарачано ташничка како таа на сликата, сакав бела, но моментално ја немаа таа боја па земав кремаста, љубезни се, ми ја сликаа за да видам точната нијанса и ми ја доставија до дома.
Кој фустан го нарача од таму, може слика? И јас сакав да нарачан, ама сумливи ми беа дека многу ефтини
Јас нарачувам многу често од инстаграм имам нарачано од Luxe Fashion Macedonia многу работи и сите се исти како на сликата и материјалот е многу добар. Од Fairytale Skopje тоа што го порачав беше исто како на сликата, материјалот предобар, малку помал беше бројот спрема други пати кога нарачувам.
Немам нарачувано до сега. Ве читам со кои страни имате позитивни искуства,ако ми се допадне од истите ќе нарачам и јас.
Дали сте задоволни од некоја продавница за чевли, пример Perlashoesbags? Никогаш немам купуваноно чевли преку интернет, па ми треба некој сигурен инстаграм акаунт.
од Перла да. Имам над 10 пара чевли од нив, и чизми и салонки буквално се. Еве и утре чекам нови чизми. Имаат и веб страна можеш со картица да си платиш