Заинтересирана сум за овие две програми. Би сакала да аплицирам за Internship надвор од Македонија, по можност во САД. Па моето прашање е дали некој има искуство со овие програми? На кој начин сте ја нашле позицијата? Има некој агенции во Македонија или само аплицирање преку интернет?
INTERNSHIP / TRAINEE Зависи што пракса бараш во која област(маркетинг,информатика и др),држава,зависи и од типот на праксата имаш платени и неплатени пракси.Конкретно за САД ако бараш пракса обрати се во Коузон знам дека имав нешто видено дека нудат пракса за таму ама пропратните трошоци ќе те коштаат многу до заминување.Потешко се наоѓа пракса што 100проценти ти ги покрива сите трошоци(под тоа мислам на патни трошоци,сместување+месечен надоместок).Еве некои веб страни се надевам дека ќе ти бидат од помош- milkround.com,iHipo.com,traineeprograms.com,Eu-intern.com,Europe-internship.com,mladiinfo.com(во делот на jobs and internships).Платени пракси можеш да најдеш и во студентските организации АИЕСЕК и ИАЕСТЕ,плус ќе запознаеш еден куп нови луѓе.