1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Into the badlands (2015)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од SelinaKyle, 22 декември 2015.

  1. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    2.149
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Не видов ваква тема, па решив да ја отворам.
    Се работи за релативно нова серија (премиера на 15 ноември), 6 епизоди има излезено до сега. Но има постигнат голем рејтинг.
    Oценка на Imdb - 8.3




    Се работи за иднината, долго после војните, нив скоро и никој да не ги помни.
    Феудално општество предводено од Барони и вечна борба за власт и моќ помеѓу нив.
    Интересно е тоа што има модерни работи, а има и многу застарени. Немаат никакво огнено оружје, а имаат мотори и коли, немаат модерна медицина, користат медицинки алатки од времето на Првата светска војна, A aкробатските борби имаат централно место во приказната.
    Живеат во свет во мистерија.
    Има ли нешто надвор од границите кои тие ги познаваат освен црвени булки?
    Насловот иако вели Лоша земја, сепак целта е да се покаже како таму преовладува природата и реалноста.


    Јас случајно налетав на првата епизода и едвај чекав да ми заспие малата да догледам уште една, па уште една и така сите по ред.
    Мене лично многу ми се допаѓа и мислам дека ќе доживее голем успех.
     
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Баш ќе отворев нова тема, кога случајно ја најдов оваа.
    Ниту еден коментар ???
    Како ???
    Зошто ???
    Серијава е толку потценета што е вистинска штета, бидејќи не е налик на ништо веќе видено, толку е оригинална и неверојатна, не знам само под кој камен спиев што порано не сум ја открила.
    Воведниот пост убаво го објаснил скелетот на приказната, а јас само ќе додадам дека главниот лик е најопасниот и најпочитуваниот од т.н. „clippers“, специјално обучени убијци кои се борат за превласт на нивните Барони, како и едно момче кое има несекојдневна, „мрачна“ дарба, поради која сите сакаат да го најдат и присвојат, искористувајќи ја неговата моќ.
    На неверојатен начин во една дистописка приказна се проткаени и минатото и иднината, фантазијата, гладта за моќ, љубовта, и кинеските борбени вештини.
    Daniel Wu, актерот кој го толкува главниот лик Sunny, а кој воедно е и еден од извршните продуценти на серијава, е професионално обучен во борбени вештини, поради што сите сцени со борби се на филмско ниво по квалитет, и навистина се уметност за гледање, нешто што не се наоѓа секој ден во серија.
    Првата сезона од 2015. година имаше само 6 епизоди; втора сезона, која ќе има 10 епизоди, ќе излезе на 19. март годинава, и едвај чекам: редно е оваа одлична приказна да добие продолжение кое го заслужува.
    Топло ја препорачувам секому.