Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Investigation Discovery

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од manja666, 23 јуни 2012.

  1. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.185
    Пол:
    Женски
    Само што догледав Deadly Sins и не ми остави некаков посебен впечаток. Интересно е, ама како и секоја друга серија. Мене според рекламата многу примамливо ми изгледаше.
     
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    До пред некое време не ни знаев дека постои програмава, се додека не затекнав една интересна емисија на која во моментов да ме убиеш не ми текнува како се викаше. Од тогаш што ќе затекнам гледам. Интересни ми се Stalked: Someone's Watching, On the Case with Paula Zahn, Crimes of passion... Ми имаат раскажувано за Killer kids, а и ова Dissapeard интереснa ми се виде, ама никогаш не сум ги затекнала периодов на телевизија. Имаат некој посебен термин или?:?:
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Killer kids ноќеска околу 2ипол за прв пат ја фатив на ID.
    И само ќе кажам дека ми беше толку језива, што само еден случај изгледав и го исклучив телевизорот. Случајот беше постар, од 70тите години, за едно 11 годишно девојче кое убило неколку деца. Музиката во позадина беше премногу језива, а и нон стоп даваа нејзина црно бела слика од весниците и веќе ми се чини дека ќе почнам да и го сонувам ликот!
    Имаше разни психолози во емисијата кои кажуваа што ја поттикнало да ги убие децата. Медицински било докажано дека била психопат, имала нарушена личност и тешко детство. Одела на погребите на децата и откако ќе ги видела во ковчегот, им се смеела.
    Језиво, морници ме лазеа!

    Во последниве неколку месеци кога и да пуштам телевизија, веднаш вртам на ID или FineLiving, ама досега не ми се случило да ја фатам Killer kids. Изгледав само еден случај и фала многу, ама не сакам веќе да ја гледам.
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам за овој случај од Killer kids, дека девојчето денес е жена која живее на слобода и наводно освен убијствата во детството други злосторства нема направено.
    Навистина killer kids е најтешко за гледање, но факт е дека вакви работи се случуваат. Се нагласува фактот дека најголем дел од овие деца и самите биле жртви на насилство или родителите им биле психопати.
    Мене исто особено ме потресе еден многу сличен случај како во An American crime, страшно, неколку жртви на семејство психопати. А беа осудени многи благо околу дваесет и нешто години.

    Ме запрепати фактот што многу вакви случаи на малтретирање, држење на жртвите во подруми, се се случуваат пред носот на соседите, а тие после ни чуле ни виделе или не сакале да се мешаат во приватноста на другите. Чуден народ, абе сите имаат некоја психопатска црта.
     
    На Tenkai и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Баш деновиве почнав да ја гледам и има доста интересни емисии.
    Повеќето се малку језиви, малку повеќе. Особено оваа последната епизода што ја гледав од Australian Families of Crime. Просто да те згрози изопаченоста што постои во светот.
    И никако да ја начекам Killer Kids ама изгледа не ја дават повеќе. I was Murdered и Evil, I ми изгледаат доста вака језиво и примамливо за гледање.

    И интересна ми е и таа за истражување на убиства, со детективите.

    :up: за програмата. Има што да се гледа.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Јас веќе долго време ја немам загледано програмата на овој канал, незнам дали има нови интересни емисии, некогаш и не ми се гледа кога ги повторуваат емисиите.Па мож деновиве ќе ѕирнам, да видам дали има ново нешто.Додуша ништо немам видено од телевизијава во последно време, така да незнам ни шо има ново на овој канал, а дали и воопчто има.Порано на другите даваа, нови емисии, а ми се гледа, а тоа кога на човек ќе му се гледа нешто, баш тогаш нема ништо да види.
     
  7. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Investigation Discovery е единствената програма која ја гледам. Само таа ми е интересна. Посебно интересни ми се новиве емисии, а моментално омилена ми е Couples Who Kill (секој ден во 20:10), Evil, I иако само два пати имам гледано до сега, никако да ја фатам и On the Case with Paula Zahn, посебно интересна емисија затоа што во некои случаи зборат и со убијците.

    Исто меѓу омилените ми се I was Murdered, Mystery Diagnosis, Killer Kids. Гледам и Who the (Bleep) Did I Marry?, Fatal Encounters, Deadly Women, ама поретко.

    Дефинитивно ми е омилена програма, можам да набројувам до утре за емисии. Никогаш нема да ми здосади програмов.
     
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Некако ја запоставив оваа програма последниве неколку месеци, но баш овие денови пак почнав редовно да ја следам и гледам дека има многу нови интересни емисии , браво ! Само малце сум разочарана зашто Dissapeared ги нема веќе , а најгледана емисија им е па редно е да снимат нова сезона . Инаку видов и дека рекламираат некоја емисија за убиствата на познатите личности па доколку некој ја следи може да искоментира каква е и кога ја има зашто баш ме интересира.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    И јас нешто во последно време не ја следам програмата, баш пред некој ден ми текна да видам дали имаат ново нешто, Исчезнатите, едни та исти, а и тие емисии со убиствата, уште ги даваат, а повеќе ја гледав емисијава за исчезнати, помистериозна ми е а и интересна.А и таа со духовите, едната што беше за двајцава дечки шо истражуваат и другата Проколната куќа, така би дошол преводот од хрватски или српски - уклета.Мислам дека во нив имаат нови епизоди :?: барем така видов пред некој ден и ги гледам чат - пат, мистериозни ми се, само преувеличуваат.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Who on earth did i marry, On the case with Paula Zahn ги гледам најчесто, ама ме нервира што се повторуваат. Се загледав еднаш The will, ама не можам водителот да го поднесам и само заради него не гледам :tmi:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Предобра програма, ептен е се заразни емисиите... само, ако знае некој онлајн каде да ја гледам? Не можам да најдам, а моментално не сум во можност на ТВ да гледам
     
  12. Jay-jay

    Jay-jay Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Nајдобра емисија на ID ми е Haunted house,The haunted,и она со онаа докторкана,др.џи или нешто сл. :geek:
     
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Одамна ја немав следено програмава зашто ни ја исклучија некое време, пред некој ден гледам дека ја пуштиле пак, решив да видам што има ново и се израдував зошто има нова сезона на On the case with Paula Zahn. Конечно :clap:
    Исто, колку што можев да видам од рекламите има многу нови емисии и нови сезони кои што допрва треба да започнат. Се надевам дека и Killer kids ќе има нова сезона зашто ми е омилена!
    Ме интересира ако знае некој каде можам да ги гледам емисиите онлајн, барав по Youtube ама не најдов ништо конкретно.
    Најдобра програма дефинитивно, само заради неа гледам телевизија.
     
  14. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Mоже некој да ми каже за што е емисијата Deadly Sins. :)
     
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Со оглед на тоа дека често ми ја исклучуваат оваа програма се помалку успевам да ја следам а баш ми е жал зошто ми е една од омилените. Всушност, најомилената, зошто кога ја пуштаат овие од кабловската воопшто не размислувам што ќе гледам на телевизија.
    Е пред некој ден ми ја пуштија пак и гледам дека има потполно нови емисии или пак нови сезони од старите. По сто пати ќе се пожалам дека сакам да има нови епизоди од Disappeared ама некако не им текнува да снимат нови.
    Гледав Dates from hell, нова тематика, баш интересна.
    Blood Relatives исто така ми остави позитивен впечаток. Е тие ги гледав сега за сега. Ако има некоја нова исто така интересна или пак нови сезони од Killer kids или Deadly women нека пише кој знае во кои термини се затоа што со нетрпение чекам да изгледам се што сум пропуштила.
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.712
    Допаѓања:
    174.895
    Пол:
    Женски
    Од скоро го имам каналов и од старт се навлеков на него :lol:
    За сеа омилени.. Nightmare next door, Couples who kill, Deadly women, Dates from hell... Dr.G.
    Killer kids не сум ја начекала... а Deadly women ја даваат редовно, ама не знам дали е нова сезона, или вртат стари сезони пошо од скоро го следам каналов. :)
     
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ко дете некое се радував кога видов дека конечно ми се исполни желбата и од 11 ноември конечно започнува нова сезона од Исчезнатите. Епа редно беше после едно 2 години, им текна. Едвај чекам да почне.
     
    На MandyLane и Gordana10 им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш, конечно им текна, оти се стари беа епизодите, па потоа мислам ги повторуваа едно време.Од колку часот започнува?
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    сега прв пат ја гледам темава и морам да кажам дека ID ми е омилена програма која ја гледам 24/7 :) многу сакам такви емисии..ги гледам сите ама омилени ми се Disappeared(едвај чекам нови да дадат дека све ги имам гледано другите),Dates from hell,Nightmare next door,Stalked,Couples who kill, а како најомилени ќе ги издвојам Forensic Detectives и I almost got away with it :inlove:
     
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Конечно дочекавме Горде. Ќе има барем нешто ново да се гледа. Инаку од 11 ноември во 9 часот навечер ќе се премиерните епизоди. :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.