Искрено го мразам овој канал,Мм по цел ден гледа ID,многу ретко од немај каде загледувам по малце и многу се нервирам.
Знам да се заборавам и по неколку часа пред телевизор. On the case with Paula Zahn ми е дефинитивно омилена, потоа Evil, I и Serial killers. Од serial killers, а општо и од каналот, епизода што ептен ми има оставено впечаток е дефинитивно The Monster of Florence. Deadly women е доста интересна. Штета што killer kids ретко ја наоѓам. Dr G и Forensic Detectives ми се едни од најдосадните, повеќе од 2 епизоди не паметам да сум изгледала. Едит: Гледам како емисии кои моментално се прикажуваат ги има Devil You Know и Facing Evil with Candice DeLong. Ги имате гледано, или не ги даваат кај нас?
ME TOO! Кога имам време гледам исклучивоID, а ако не гледам тоа гледам National Geography, Discovery или било кој канал со документарци. ММ ме прашува дали тоа ја се спремам за јавен обвинител со ID или се учам како да му направам нешто
Абе гледав, гледав, па и откако ке почнеа репризите да ги даваат пак ги гледав! Само сега последниве месец - два, нешто со бум,тв-то е зафркнато па не ја факам програмата. И се нервирам, ништо нема по телевизија така интересно.
Јас некако тешко се навикнувам на новиот ID extra. Иако има нови серии, сепак некои ми се без везе, нешто со џет сет,бла бла....ако е за џет сет ќе си гледав E!
Стрикно таа програма не ја гледам, ама постојат и така серии на кои истражуваат убиства. Ме интересираат таквите да, интересни се.
Мислам дека сликава кажува се, истата приказна е и со мајка ми. Киснеме пред ТВ колку можеме. Го сакам каналов зашто преку реконструкциите дознаваме какви нелуѓе има на светов и на што се спремни само за да дојдат до она што го сакаат. Инаку кога прв пат почнав да го следам каналов мислев дека не е вистина тоа што го даваат и почнав да гуглам за тие личности за да проверам дали е вистинито и оттогаш почнав да го следам редовно - токму поради тоа, затоа што се вистински приказни. Најомилени емисии ми се Deadly Women (инаку на пола сезона ја скратија, ама така беше и со претходната) и сега чекам да заврши Scorned: Crimes of passion за да продолжат со сезоната, потоа исто ја следам Deadly Sins која моментално ја емитуваат 4та сезона. Исто така ги следам и On the case with Paula Zahn и Fatal Encounters. Помалку омилени ми се Dr.G, Disappeared и I Almost Got Away With It.