Од една пријателка слушнав дека ipsos имале некаде анкети, од кои, после потполнување, следеле награди (пр. каричка со 1000 денари за трошење во DM или на одредени бензиски). Дали некој знае дали ова е вистина и, ако е, каде се наоѓаат тие анкети?
На нивна страна треба да се регистрираш и да пополнуваш анкети кои носат одредени поени. Не знам само колку поени треба за да добиеш ваучер.
Некој да сподели искуство со принципов на праќање на ваучери.. некако скептична сум за да оставам лични податоци или документи преку нет.
Дали тие што се имате пријавено за ИПСОС анкети да пополнувате онлајн, ви вртеле после од нивни броеви? Како го наоѓаат бројот, при регистрација не беше потребен? Преваранти се или стварно има ќар од пополнување анкети? Земал некој ваучер?
Јас се пријавив ама не оставив ни број ни лични податоци не знам ова со ваучериве колку е точно ама до сега ми нема ништо стигнато
Ни мене ми нема стигнато ништо... Мене ми се јавија денеска од нивен број за анкета, ги препознав и ги блокирав, нејќам со телефонски анкети да ме замараат. Не оставив број, а ми се јавија, чудно ми падна... Можеби е само случајност.
Немаш гајле чим не си оставил број. Се дешава така по некој случаен избор да вртат за анкети, само кај тебе се погодила ситуацијата кога си се пријавил
Поените од регистрација ти ги префрлија кога ја одговори првата анкета? Јас им пишав и по mail зошто ми немаат поени од регистрација префрлено, но ништо. Анкета никако не пристигнува.
Јас се регистрирав, направив неколку анкети, и имав одреден број поени. Потоа одеднаш на панел поените ги снема. Оттогаш не ни одговарам на анкетите, ниту на нив, ниту на нив сличните. Анкетата трае 15 минути, а ти нудат 50 или 75, ајде и 100 нека се поени, тоа се 50, 75, 100 денари. Што ќе купиш со тие пари дури и кога би прибрал доволно за ваучер, 500 денари беа, така за ваучер? Имаат регистрирано многу луѓе, така што верувам дека можат да ги ротираат, со цел да дадат што помалку ваучери.
За регистрација мислам дека и јас немам поени од анкетата 25 ми даде мислам колку што имам моментално
Ми пратија за Iqos анкета и откако ја пополнив ми стигна дека ќе ми пратат ваучер од 1000 денари па си одбрав од dm да биде. Пишуваше дека во рок од 20 дена ќе ми пристигне ваучерот па ќе видиме ќе известам тука дали стига или не