Се регистрираш на страната, ти праќаат анкети на mail ги одговараш, собираш поени од анкетите, и кога ќе собериш 500 си бираш од каде сакаш ваучер од понудените, и ти го праќаат преку карго. Е сеа за колку време ќе ги собираш поените зависи од нив, кога ќе ти пуштат анкети. Само треба да проверуваш mail затоа што секоја анкета има рок за пополнување
Својот вредносен ваучер можете да го побарате на електронската адреса (e-mail) panel.mkd@ipsosanketa.com со испраќање на Ваши податоци кои ни се потребни за достава на истиот: име и презиме, адреса и поштенски број, датум на раѓање или некој друг доверлив податок од Вашиот документ за идентификација. Ова пишува на нивната страна, дали може да ми кажете што пишувате обично во врска со доверлив податок?
Исто, мислев дека некој ми го дава упорно бројот (ми го регистрира како спам, додуша веќе и потпишани ми се на едниот), сè дури вчера не ме побараа на другиот. Ништо чудно и мобилните оператори да ги даваат/препродаваат броевите. Ама се безобразни скроз и ѕвонат во време кога не е баш за ѕвонење. И плус нема што да ме ремети некој кому не сум дала број.
И мене почнаа да ми звонат, знам на лајка мобиле им ја дигна некој дата базата, ама ја мислам дека оставив број на вработување сајтот за огласи шо е па предпоставувам од таму е пошто никаде не сум оставал мој број на друго место.