Добро ја го имав купено пред година и кусур и тогаш беше 50€ И немаше такви кодови чуда. Не ја знам моменталната цена на 2,4 али како и да е е поевтин од последната верзија
Одамна сакам да се откажам, но тешко оди. Што добивате со ајкос? Потребата за цигара е намалена? Ви се гади од обична цигара? Помалку е штетно? Јас бев многу задоволна од Никорете мастиките. Буквално ти се гади од цигари. Се исплатат, но ги нема во МК и се оставив без нив. Пак почнав. А не пушев добри пет месеци. Ме нервира што се стимулира здрав живот, а многу алтернативи на никотин ги нема кај нас.
Да. Откако се префрлив на ајкос потребата за цигара ми е намалена (зборам за хитс цигара). На обична цигара не сум ни помислила овие 40-50 дена, т.е. откако почнав со ајкос. Дури и чадот почна да ми смета кога некој во моја близина ќе запали. Е сега не знам дали кај сите е исто, јас зборам за себе. А во врска со штетноста ми објаснуваа и на штанд од каде што го набавив уредот,а и гледав на јутјуб некои рецензии од доктори. Е сега колку е точно се тоа не знам, ама во главно јас сум презадоволна од ајкос.
Јас колку што знам сите имаат околу 0,5 мг никотин, а разликата е само во јачината на вкусот.Најјаки се Amber Label, а најслаби се жолтите мислам ама не сум сигурна. Можеш и на Гугл да прашаш
Па и јас слушнав дека сите биле со иста јачина ама некако во пракса не е така. Ако сакаш по лајт варијанта, тогаш Yellow. После доаѓа Сиена или Бронзе мислам, па Амбер. Најубаво е од сите да пробаш па после да си одлучиш кои највеќе ти одговараат тебе. Мада јас можам сите да ги пушам, некако ми немаат голема разлика, освен Тиркиз. Тие се издвојуваат, имаат баш изразен вкус на ментол.
Исто. Мислев да им дадам шанса наместо обични цигари, ама мирисот ми е неподнослив. Така што, подобро не...
Чудно е. Некои кои го користат ќе ми речат „Да, ама само на почеток. После се навикнуваш.“ Ја не би и да се навикнам. Преодвратно ми смрди.
Јас не сум ги пробала, но мирисот кога некој друг пуши ми е одвратен. Можеби е различно кога човек сам ќе ги проба, ама за сега ќе си останам со обичните цигари.
И јас така викав пред да пробам дека одвратно мирисаат. Но веќе не ни осеќам. Тоа е само кога се отстранува пикавецот.
Дали на некој му се има случено замастување на џигер од подолго користење на ајкос цигарите ? Читам истражувања постои веројатност да е замастувањето од нив, ги користам веќе 6 месеци.
Јас од ајкос сум презадоволна. Воопшто немам потреба за обична цигара дури од кога почнав со ајкосот намалив со цигарите. Кутија обични цигари пушев на ден ипол а ајкос пушам кутија 3 дена. Незнам кај вас како е, дали и вие имате намалено. Може да споделите искуство со останатите колку сте пушеле обични цигари и колку сега пушите хитс Јас иначе само амбер пушам, пробав од жолтите ама многу ми беа кисели, ептен ми мирисаше на лимон )
Simsot јас до сега немам слушнато такво нешто. Може некој во групава ќе ни каже дека е тоа така. А сигурно ти е од ајкосот или....? Направи некои други подетални испитувања во врска со тоа.?