Имаш опција бесплатно да го изнајмиш уредот на две недели и да го испробаш. Ти даваат нов, неотпакуван уред. Не се сеќвам дали изнајмувањето важеше за двата модела. Го добиваш уредот, си потпишуваш документи дека ќе го вратиш после изминувањето на тие две недели или ќе си го купиш и толку. Си го користиш. Нема ништо обврзувачки, никакви договори и слично. Не добиваш нормално патрони, тие си ги купуваш сама, имаш време да одбереш која арома најмногу ти одговара.
Има ли некој искуство со новиот Iqos Lil? Ми изгледа многу елегантен и помал, може да се пушат по 4 цигари една по друга, а доста е поефтин.
3 цигари една по друга , полесен за чистење , иглата е многу подебела од основните модели ( тоа им беше негативна особина , се кршеше игличката брзо ) , патронот неколку вовлекувања помалку трае ама мене конкретно не ми смета и батеријата подолго ми трае од 2.4 основниот модел .... многу ми се допаѓа што и батерија и пенкалцето е во едно и да покомпатибилен е за користење .
На кој се кршела игличката побрзо? Иначе и јас имам 2.4 моментално. Како си задоволна? И дали вкусот на петроните е ист ?
Ист е вкусот, задоволна сум повеќе од лил и јас имав 2.4 2 пати ми се скрши игличката и менував пенкало
Нова сум со ајкос и ме интересира кој цигари се најубави. Има heets и fiit. Ми рекоа дека поради тоа што имам лил апаратче најдобро е fiit цигари ама можело и heets. Ај препорака за добри слаби јаки, вкусови.. да не купувам од сите за џабе . Фала
Леле луѓе, овие многу смрдат... Точно, се одвикнав од обични цигари (сега ми смрдат на бензин), на кашлам, не мириса собава на цигари, нема чад... Арно ама: смрдат! Мислам дека потта ми смрди на нив. Многу лошо, кој знае што има во нив?
Без исклучок, мислам дека сите мисираат. @АнаКрембанана јас до пред некој месец ги пушев жолтите Heets, па се префрлив на Fiit regular, речиси идентични се, а има разлика во цена.
Не, немаат арома на лимон. Арома имаат само виолетовите Heets (боровница/ментол), ама уште ги нема кај нас и ментол и од двата типа (Fiit и Heets). Fiit се 120 ден, Heets 150 ден, односно 160 ден се трите „нови ароми“. Иста големина се сите, не се разликуваат по ништо, освен по цената. Сите ги имам пробано. Како што ти пишав погоре, веќе 2-3 месеца ги пушам Fiit regular или regular sky, а претходно ги пушев жолтите Heets.
Јас се чудев зашто снемува фит регулар а секад има фит регулар скај, а исти ми беа. Се дур не испушив две една по друга. Регулар скај мн смрдат во затворен простор. Додека регулар не ги осеќам.
Дали 2.4 уште се продава бидејќи гледам онлајн го нема и ако се продава која му е цената дали некој знае?
Хмм... Јас мислам дека не е за џабе цената пониска на FIIT во однос на HEETS... Многу, далеку многу послаб интензитет на аромите имаат. И, некако побрзо се трошат. Затоа, пак, оние од 160 денари, имаат ептен појак интензитет на арома, иако има само 2 варијанти кај нас од таа линија (боровница и кафеави). Инаку: жолтите имаат арома на лимон/цитрон кој ептен малку се приметува. Секој од видовите си има своја арома и интензитет. Никотинот е во иста концентрација кај сите - 0.5. Јас многу почнав да ги теглам, многу пари фрлам на нив... Веќе по 2 пакли на ден морам да имам, зашто обавезно отворам и втора. Ги влечам, па и оти секаде се дозволени... Хаос. Единствено ги терам уште затоа што веќе не кашлам, не ми се прави шлајм како што ми се правеше од обични цигари. А, обично цигаре - не можам да поднесам откако почнав со овие. Ми мириса на бензин, грозно. Овие мирисаат на пувнато, скоро сите верзии Дури и непријатно да ти дојде во соба кога ќе зачуриш, па секогаш кажувам дека не - не прднав јас - тоа мириса мојата цигара.
Јас пушам feet и многу сум задоволна. Една кутија на 3,4 дена ја пушам. Да, имаат мирис на прдеш, и мене понекогаш ми е непријатно