1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

It's always sunny in Philadelphia

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Jeny, 26 ноември 2012.

  1. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Eдна сосема поинаква серија која изобилува со тотално различни елементи на хумор од сите досега видени. Се работи за четворица млади луѓе и постар татко кои поседуваат паб во јужна Филаделфија каде што го минуваат поголемиот дел од денот. Во нивните секојдневни ситуации се користат со секакви уцени, закани и манипулација за да го добијат посакуваното. Тие се нечесни и несовесни, често коваат заговор еден против друг за лична корист или едноставно за забава. Секоја епизода обработува многу контроверзни теми, како на пример политички и социолошки прашања (контрола на оружје, абортус, стероиди, малолетничко пиење, здравствена заштита и др.) кои се обработени на ироничен и комичен начин.
    Слична со South Park само со живи луѓе од крв и месо :)
     
  2. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Знам дека се работи за вкуснови но мене воопшто не ми се допадна серијава. Видов дека има добар рејтинг на имдб па решив да ја гледам. Со сила изгледав 4-5 епизоди и за секоја одвај чекав да заврши.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Исто, крајно глупа плус сите ликови ми беа иритирачки. Ниту еден не ми беше смешен, ниту хуморот воопшто. Ја изгледав прва и не ја спуштив втора. Немаше една сцена што ме насмеа или пак да ми беше малку интересна
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Серијава е прича за себе. Јас ја гледав чат-пат, ама секоја епизода е ризик. Или ептен ќе те насмее или е крајно моронска, па се чудиш зошто гледаш такво сра*е. Затоа не ја ни гледам воопшто, има далеку подобри серии да се губи времето со оваа. :)
     
  5. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ја гледав и ми беше интересна но подоцна ми стана досадна некако..
     
  6. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Имате право, серијата почнува ветувачки, но понатаму толку се развлекува што и мене ми стана досадна. Изгледав две сезони и на третата си реков дека не можам повеќе, почнаа ептен некако да затапуваат.