1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Jавен оглас за вработување во Македонски шуми

Дискусија во 'Барање работа' започната од Katiija, 3 јуни 2013.

  1. t-sweet

    t-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Еве конкретно од татко ми он аплицираше
    одбиен поради неисполнување на условите од огласот (1а)
    демек....али нема везе тоа сепак се знаеше како ќе биде :o
     
    На tigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е срам да признаам дека исполнував два сигурни услови од две категории, тоа е реалноста, нека се срами државата што не довела до таков степен, јас немам што да се срамам, јас можам само да жалам и да се нервирам.
    Па дури и докторите од странство ќе ги врателе :o , искршија нозе бе министре да дојдат тука во скапаницава. Демек патриотизмот ќе ги врател, немој молим те, еве ги сите се враќаат на граница се, сите со маички со сонца пеејќи ја излези момче на тераса, што си фантазира бе и тој не знам, па како сакаат да им верува веќе човек. "Наши" доктори од "странство" ќе дојдат само од Косово, а од Америка да дојде некој тука, тешко тешкооо...
    Нормално дека не можеа сите да бидат избрани, ама криво ми е што изборот ни оддалеку не беше на место, ниту праведен. Читајќи ги имињава се ужаснувам колку државата ни станала шиптарска, па тие и онака сите работеа, од кај ги донесеоа "невработениве" од косово ли ги донесоа :devil:
    Ми го уништија денов, барем ќе можев на раат да си гледам филмови, сега сум премногу иритирана и гневна.
    Ете зашто им беше кампањата трето дете, да си имавте сега барем седум (иако немаше со што да ги прехраните) сега во таа категорија ќе си имавте максимум поени, а да не правам муабет за 11 деца, е тогаш ќе бевте прв на листа, и пак не ја слушајте Валерија. :envy:
     
  3. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    јас заприметував исти презимиња од исто место во иста категорија...му даваат по две работни места од семејство |( нездрава работа :@
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Една комшика ја прочитаа :) Самохрана со ссс. Ајде белки ке им тргне напред и нејзе и на керкичката :)
    Само мислам дека ке се откажат овие посебно жениве од местото. Викаа дека ке се распределат по други институции излезе дека сите со во Шуми, и жена да оди на терен...тешко. Па дури и ако и речат на некоја да патува нема да сака, макар и за у канцералија.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.821
    Пол:
    Женски
    го прочитаа и свекор ми мн се радуваше :) инаку он е во групата на невработени повекје од 10 год
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Уште кога излезе целава работа за Македонски шуми, моја блиска другарка во борба да најде работа проба да фати врски директно во Македонски шуми. Одговор на тоа имаше- не се мачи и не си го губи времето, веќе се знае кој ќе биде.
    Епа кога тоа ти го кажуваат луѓе од внатре кои се на висока позиција, што да очекуваш. Но, ништо кај нас не ме чуди....
     
  7. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    - одбиен поради неисполнување на условите од огласот (2в) (кај што треба ССС не исполнуваш услови)
    - одбиен поради помалку освоени бодови (3в)
    (кај што треба со факултет немаш доволно бодови :^)

    оооо мојата чудесна земја....

    секако се знае кои и како ќе бидат примени... зарем може еден обичен “смртник“ да влезе на работна позиција без партиска или роднинска позадина????
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ехее уште кога пишав во темава дека двајца мои пријатели се примени, од партијата им се јавиле, им кажале да си знаат, ама да си молчат додека не излези списокот.

    И еве сега и на список ги има... И која лотарија беше бе сега ???

    Не сакам да пцујам по државава и по се, ама катастрофа невидена, човек не да се чувствува патриот туку да се срами од државава !!!!!!
    И после бегале младите, не им се работало сенешто...

    Па со факултет зошто да работам сенешто, а некој со средна се пикнал сега во државно?
    Фрустрации дотука и назад...
    Аир нема и ќе нема од државава и мизерниов живот овде..
     
  9. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Маж ми е одбиен.Пишува поради еден неисполнување (еден г).Tоа значи дека заокружил погрешно нема високо образование. :( или они лажат или вистина така е заокружил.Самите прашања на апликаците не се за луге без партиска книшка .Толку се надевавме .. А еден одовде е примен а има средства за живеачка од заводот ги зема до пензија и плус син му е во полиција.

    Сега си мислам .Па можеле да проверат како и сите други податоци, да му укажат на грешката, беше повикан во заводот да даде изјава во врска со тоа.Што всушност е вистина?Дали тој заокружил погрешно или е преправано, или не можеле да смислат друга причина да го одбијат?Бидете внимателни што заокружувате. :!:И нема да останеме на ова решени сме да поведеме управен спор.Немам многу надеж, ама барем ќе имаме црно на бело и ќе дознаеме како и зошто е одбиен а не вака да се поигруваат ?
     
  10. NoU-NoLove

    NoU-NoLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    150
    Се знаеше како ќе биде...не сум изненадена воопшто.Затоа како што викаше една моја другарка "пут под ноге".И чао Македонијоооо... :puke:
     
  11. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Знае некој да ми каже што значи ова
    Причини:одбиен поради помалку освоени бодови (2г) ?? Поточно тоа не ми е јасно што значи.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Па тоа г е категоријата-ниеден вработен од семејството.
    Нели под а беа тие што се пријавуваат над 10 години, под б лица од многудетни семејства, па самохрани родители под в и под г-невработени од семејства без ниеден вработен.

    1. - -нискоквалификувани-до осмо
    2. - ССС- со средно
    3. - ВСС - високо образование

    И поебаше ги сви на крај. Повеќе среќа следниот пат. ;)
     
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Татко ми е одбиен поради помалку освоени бодови нешто 2а...
    :o Whaaaaaaat????? :o :o :o

    Исполнуваше многу од условите, ама тоа е!
    Кога веќе избрани луѓе се примале, тоа е!!!
    Цццццццццццц срамота бе луѓе, се запрепастив!
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Еден дечко што го знам е веќе вработен. :o Како е ова можно ?
    А, друг е од многу добростоечко семејство. :x
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Да не имаат партиска книшка...онака...случајно? :)
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    Во нашава Држава,се е наместено...па и овој оглас :rofl:
    А тоа дека е се преку компјутер...многу јасно,што ќе му кажеш на компјутерот,тоа ќе го избере (компјутерот) :?:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Комшија на дечко ми уште пред 2 месеци частеше за оваа работа, се разбира дечково е долгогодишен член на ВМРО и нели нормално „заслужува“ за трчањето за избори да биде вработен. И секако денес „лотаријава“ го избра него. :devil:

    Сега на пребарување го напишавме неговото име и што да видиш „кутрото дете“ има поени од самохрани и еднородителски семејства :x :x :o :o :devil: :devil: . Вчера беше на вечера со неговите родители и 2-те сестри во ресторан.

    Ми се :puke: :puke: од тоа каде живеам :devil:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Си поиграа со достоинството на Mакедонските грагани.Понекогаш и самите сме си виновни.Да ви кажам до некаде го очекував ова ,ама не до овој степени не на овој начин.За одбиените ми е жал.Сега би требало да се сложни, да се обединат и својот револт да го искажат јавно пред собрание на владата.На телевизија зошто не се јавија на некој од одбиените или може се јавиле? :wasntme: Јас не можев повеќе да гледам наместена траги комедија.Дали некој знае што значи одбиен поради неисполнување на 1(г)?
     
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Па 1г значи дека конкурирал за работно место со НКВ-нискоквалификуван (види погоре напишав) а е од семејство со ниеден вработен.

    Џабе обединување, тоа само повеќе ќе те изреволтира, едноставно речи и на државата-фак оф и барај си ја среќата на друго место.

     
    На vinozito1 и karenin им се допаѓа ова.
  20. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Тој е во категорија на лица кои барат работа повеке од десет години.КВ е и од семејство со ниеден невработен.Погрешно бил информиран и насочен, и тоа во заводот за вработување, и погрешно аплицирал.Не се откажуваме а правдина планина сме поминале нешто слично на ова.За 1 а се бодира и најверојатно знаеле дека ке собере бодови, па го насочиле погрешно.