1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Jавен оглас за вработување во Македонски шуми

Дискусија во 'Барање работа' започната од Katiija, 3 јуни 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А бе, јас сум нешто збунка или измешани се некои работи? :?:

    Едната (Весна Билбиловска) е со многудетното семејство, со маж (ваљда неофицијален, затоа е самохрана) кој е вмешан во процесот за убиството на Мартин и работи во МЕПСО, а другата е Даниела Благоева од Виница, чиј сопруг имал пицерија и авто-сервис Буге, а проблемот кај неа е што добила работа врз основ на семејни приходи.
    Па добро, може сега не му оди добро бизнисот, немојте и вие одма да рипате :P

    Прочитав мислам некаде во претходните постови дека Весна и за името демек лажела (ваљда некој ја смешал со Благоева), па реков ај да расчистиме малце...мислим, ако воопшто настанала било каква збунка, зошто може да е и до мене, појма немам кај терам :D

    До Дејдрим - мила, никогаш не можеш да си сигурен дали е некој партиски избран или не....не ги гледајте само тие кои се активни секогаш и кои немаат проблем да се „афирмираат“ во јавност. Голем % од партиските војници во позадина извршуваат наредби, ама не го кажуваат тоа на никој зошто се срамат од начинот кој го одбрале за да го добијат тоа што го сакаат/им треба (лично знам вакви луѓе), така да, тие што велиш дека СИГУРНО не се со врски - може, само МОЖЕ, и да не се толку невини.

    Мое мислење е дека, од овие 1600 вработувања, минимум 1400 се партиски, 200 залажуваат народ. Може не се ни толку....
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јасно е дека некои од вработувањата (некој мизерен број) се на среќа, за да има и такви примери, да се замае малку народов...
    Да зборуваат комшиите: еј, онаа добила, а немала врски...

    Малку ми е жал за самохранава мајка што беше на тв, се стадовме сите на неа, а не е само таа. Можеше да биде друга, трета, ама ете, таа беше на тв и сите наваливме...
     
  3. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Девојки каде се поднесува приговор ??
     
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mене ме интересира истото.Се разбира дека и приговорот се поднесува на истата адреса како и апликацијата.Само нели на вести кажаа требало секој да си го чека(писмото)решението, па после приговор Или и писмата со врски ке ги праќат , па после другите ке ги одбијат оти рокот поминал за поднесување на приговор. :?:
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас дадов пример за двајца мои роднини кои навистина се без никакви финансиски примања и не можеа работа да си најдат баш заради тоа што немале врски.

    АМА кога подобро ќе размислам и во право си. На никого не сме му дома, реално не ме ни интересира, па да знаеме точно дали некој има или нема врски или дали е или не е партиски определен. Јас сум понекогаш наивна па мислам дека ако јас нешто не правам дека и другите се такви. За една личност што мислев дека е најмалку партиски ориентирана и дека такви работи не ја интересират воопшто, ми кажува дека имала партиска книшка веќе подолго време... а па што останува за другите.

    Така што, џабе ни е се на нас обичните смртници. Или да гледаме да се истакнеме најмногу што можеме со квалитетот или да си го спремам куферчето и аuf wiedersehen. Друго не ми преостанува, зошто партиска книшка не мислам да вадам па макар и последно да ми е.
     
  6. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    ма после ова попрво бугарски пасош да се вади отколку партиска книшка, барем ќе ни ги отвори вратите за светот, па здравје да е можеби ќе станеме бугарско малцинство во нашава чудесна земја, па на основ на малцинство ќе влегуваме на работа

    свашта
     
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мојата соседка се вработи преку овој оглас и е многу задоволна а нема ни членска книшка ни врски :)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476

    Па мора да се замачкаат очите на народо :D
     
    На Sunshine88, Sherryl, Katiija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Почитувани,

    Скандалот со вработувањата од Македонски Шуми завзема невидени размери!

    По инсистирањата на СДСМ дека Конкурсот и вработувањата се надвор од законските прописи, информациите што ги добивме се дека во јавното претпријатие деновиве буквално врие.

    Груевски, Ставрески и ВМРО-ДПМНЕ, фатени на дело како на бесчувствителен, вулгарен и лицемерен начин ја искористија социјалата за партиски цели, според нашите информации, направиле вистинска паника.

    Во средата, 15-ти октомври, надлежните во Македонски шуми добиле налог, според нашите информации, лично од Груевски, итно да се изготват известувања до сите 25 илјади пријавени за исходот од Конкурсот.

    Замислете, дури две недели од наводно транспарентните вработувања во најскандалозното телевизиско ЛОТО ШОУ досега!

    Дел од директорите оделе по вработени да се оградат од одговорност, свесни за незаконските процедури. Им велеле, тоа беше меѓу генералниот и Груевски, ние не сме виновни.

    Каков беше тој Конкурс во којшто на 23 ипол илјади одбиени, меѓу нив тешко загрозени социјални случаи, им е одземено правото на жалба?! До овој момент, јавно не се истакнати бодувањата. СДСМ сеуште ова го бара од Владата.

    Оттаму паничниот налог од Владата итно да се почне со достава на решенијата до одбиените. Видоа дека неколкуте вистински социјални случаи што ги извадија на телевизија не можат да ја покријат армијата партиски вработувања и револтот што се јави меѓу социјалните случаи.

    Кога сме кај двајцата соработници, Никола Груевски и Љубисав Иванов, еве еден мал пример како функционира таа соработка на дело.

    Прашуваме, дали на оваа фотографија е еден од примените од Кратовско меѓу социјалните вработувања. Далибор Петровски! Кандидат за советник од коалицијата меѓу Груевски и Ѕинго на последните локални избори. Погледнете. Еве и фотографии од ова лице со неговиот локален шеф Ѕинго и со неговиот централен шеф Груевски. Еве што вози ова наводно социјално загрозено лице. Голф 4!

    Дали се точни и следниве неколку примери.

    Уште едно вработување од Кратовско. Според нашите информации, исто резервирано за партнерот на Груевски од овој крај. Како социјално загрозена, е примена тетката на пратеникот од Социјалистичката партија, Малиша Станковиќ. Од неговото тесно семејство. Сестра на неговата мајка!

    Или за вработувањата од Гевгелија. Дека Барабанот на Владата, министерството за информатичко општество и на Македонската телевизија „случајно“ доделил социјално вработување на првата братучетка на градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов. Како што знаете, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

    Или дали во Пехчево, исто така случајно, социјално вработување добил претседателот на Унијата на млади сили на Пехчево, Митко Мицевски и советник во општина Пехчево од ВМРО-ДПМНЕ!

    Веќе информиравме за вработувања фантомски лица во Струмица и Охрид, чии имиња не постојат, и за бројни партиски вработувања, а нови податоци секојдневно стигнуваат.

    Сега господа од ВМРО-ДПМНЕ и премиере Груевски,

    Што ќе им објасните на одбиените социјални случаи? Со што ќе ја оправдате вашата несовесност кон најранливата категорија граѓани?

    Почитувани,

    Ваков вид изживување со судбината на социјално загорените лица е пример незапаметен во светски размери. Затоа и процедурите за жалби станаа комплицирани, ако не и невозможни. Со тоа се прекршени законски и уставни права на граѓаните кои се пријавиле на огласот.

    Ова е манипулација преку која не може да се помине. Ова е мега скандал кој посочува на директна одговорност на премиерот Груевски, министрите Ставрески, Ивановски и Спасов и директорот на Македонски Шуми, Караџоски. Сите инволвирани во случајот Македонски шуми ќе мора да понесат одговорност!
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Ајде сите пресови на сдс стајте ги на сајтов, им треба реклама.
     
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Па да де.....што да правиме-ќе ги рекламираме партиите.....едните со „славните вработувања“, другите со контра-нападите ( а забораваат дека додека беа на власт и тие правеа исто ).........

    и додека тие си се препукуваат и си го полнат домашниот буџет од државни пари, ние овде ке лаеме ко кучиња пред месара и ќе се надеваме дека „биче боље“
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Средината на Ноември значи 15 ќе почнат вработените со работа.За приговорите овие денови треба да стасаат решенија.Само некои кинески букви да не бидат , нека пишува барем марш таму немаш партиска книшка, немаш врски , не даваш мито а сакаш Македонски Шуми .
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    ^
    Ovoj oglas e za vrabotuvanje na invalidni lica.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Убава замисла за еднаквост,од страна на владата.Не затоа што сака туку затоа што мора да се прилагодува на Европските правила и прописи .Кој знае колку инвалиди ќе аплицираат?
    Се си мислам дека и за овие работни места има местенќи, туку има ли крај на неправдите незнам ... :?:
     
  16. Anii.996

    Anii.996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Има ли на некого да му е стигнато решение за приговорот ? |(
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па нели дома треба да ти стигне писмо дека си официјално одбиен/на па за да имаш право на приговор
    ако дознаам нешто повеке ке ви пишам
     
  18. despin4e05

    despin4e05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    14
    Знае ли некој каде можам да видам кои жалби се усвоени. Бидејќи изјавија на вести дека 130 жалби биле усвоени.
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    најдобро би било да отидеш таму во нивната дирекција
     
  20. Anii.996

    Anii.996 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Треба дома да ти стигне решение дека жалбата ти е усвоена. Ама дали на некој има добиено такво нешто тоа ме интересираше?