Jaјца

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 19 октомври 2010.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.881
    феминки дали јадете јајца и колку? мислите дека се здрави? јас порано повеке јадев,скоро секој ден,ја јадев белката,жолчките ги вагав,ставав вегета,киселина и малку масло, и мислам кога јадев јајца повеке бев послаба :lol: кажете вие како ги јадете?некои рецепти за салати?јас знам само да ги пржам и само салата со киселина и масло :$ се надевам ви се допага темава
     
  2. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    157
    :) Јас само варени не ги јадам, посебно жолчката не ја поднесувам. Инаку ги сакам и на око со пожива жолчка за макање :D , или пржени /матени со печурки, шунка , или пак пржени со сирење и печени пиперки ....
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    61.523
    Пол:
    Женски
    Варени, пржени, со оцет, пржени со сирење, пржени со пиперки. Скоро секој 2 ден јадам. Јајца пржени и ајварче ммм :)
     
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Јас не ги сакам пржени , многу ми се мрсни, ама затоа варено многу сакам, и јас ги јадам со вегета и оцет. Особено за Велигден :lol:
     
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    329
    Не ги сакам,од никогаш не сум сакала да јадам јајца.Они ми се само за ептен вонредни ситуации,кога ама баш нема што да јадам :)
     
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Јадан јајца, варени, пржени...и можам да кажам за нив дека треба да се јадат и дека се здрави бидејќи се богати со протеини. :)
     
    На Caramelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.540
    Јајцата колку се здрави толку можат и да се штетни и јас имам читано дека 2 јајца се доволни за цела недела, а исто така и содржат мн холестерол поготово жолчката
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.878
    Допаѓања:
    3.917
    Пол:
    Женски
    Јадам секакви јајца,преку два-три дена :) Ги обожавам...Знам да си испржам кајгана,омлет,на око,да сварам...Инаку обожавам јајца и исецкани пиперчиња целото заедно промешано и испржено или пак јајце со коцки колбасчиња целото заедно испржено.Често си правам ваков ручек :)
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    40.684
    варени и тоа строго полу живи :inlove: со течна жолчка!! :mm: :mm: :mm: ги љубам вака :lol: а тврдо варени ми се :puke: ....
     
    На bebeto93, OnlyGirl1, Name и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    4.176
    Варени јајца сакам, но некако белката не можам да ја јадам. Пржени ги сакам со сиренце или кобасички исечкани на помали парчиња. Знам и сама да си спржам и да не сум ги погодила не се жалам. :D
    Сакам и кога се варени и на кругчиња исечени и одозгора со оцет. :P
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Периодично е кај мена тоа, некогаш ги сакам некогаш не! Ете во последно време јадам скоро секој ден пржени јајца на око со пожива жолчка! Ги јадам и варени а матени (кајгана) не ми се баш вкусни!
    Има периоди кога воопшто не ми текнува да си спремам јајца за јадење!
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Не сум некој љубител на јајца, најчесто ги јадам варени. Затоа ќе ви кажам еден минирецепт, може и го знаете:
    Јајца колку што ви се јадат
    Мајонез
    кисели краставички
    кари
    Јајцата се варат, се сечат на половина, се вади жолчката и во сад со многу ситно сечкани краставички и мајонез се пасира.Кога смесата ќе се соедини , со мало лажиче се зема од смесата и се полнат белките. Озгора се наросува кари. Многу е вкусно, а може да послужи и за декорација, кога сервирате сувомеснати производи ;)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    238
    Јадам јајца секакви. Варени, на око, кајгана, салата од варени. мх мх мх
    Жолчката повеќе ја сакам, со солца. Милина :inlove: А кајгана со доматче почест ручек/поручек ;)
     
  14. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Ретко ги јадам а кога ги јадам пржени на око со пожива жолчка,за можам да си макнам со лепче :D
     
  15. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Обично јадам пржено јајце на кое додавам малку вегета и една голема лажица пресно млеко. Млекото не менува на вкус, ама го прави јајцето како сунгер меко, а вегетата му дава посебен шмек.
    Јадам и варени јајца, обично со некои додатоци како салата, ама на око имам само еднаш пробано и никогаш повеќе |(
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.758
    Јајца ОБОЖАВАМ. Порано ги јадев премногу често, сега не толку. Најмногу ги сакам пржени на око, и тоа жолчката да биде недопржена и да се разлева, па да ја макам со леб. Ммммм....
    [​IMG]
    Кога сум била ептен малечка на мајка ми сум и‘ викала Сакам јајце на око недоварено со макана :lol: :lol: :lol:
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.678
    Највеќе сакам пржени но полуживи, така кога жолчката се разлева... И со кечапче плус... Мммммммммм
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.537
    Допаѓања:
    132.553
    Пол:
    Женски

    И јас ги сакам вакви, ама посипани со буковска пипер... малку да ме излутат де :lol:
    Варени не ги сакам, ама ги јадам во салати, а доста често правам омлети со различни состојки, како ќе ми дојде инспирација :)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.112
    Поздрав до феминките љубителки на јајце на око со овој егзотичен специјален додаток. :rofl:

    [​IMG]
     
    На Phyramide, Shelea, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    Најубаво ми е јајце на око со пожива жолчка за макање :D
    и со бибер одозгора ммм прсти да излижеш
    мала кога бев многу јадев сега помалку бидејќи штетно е многу холестерол има жолчката
    како и да е- си користам јајца често :)
    понекогаш од жолчката си правам маска за коса а од белката шлаг
    многу економична сум :rofl: