Ова го видов првпат кога татко ми донесе едно списание за кулинарство од Германија. Тогаш се смеев и уште ми е смешно, замисли на дечкото да му направиш појадок или пак тој на тебе
Би било јако дечкото насабајле да те изненади со ваков појадок Како и да е сакам јајца на око, а за да не прска зејтин кога ке се пржи, се става една лажица брашно пред да се стави јајцето
Дечко ми и онака е многу по јајцата, посебно на око. Јас не сум вешта баш да ги испржам, па тоа задоволство му го препуштам нему.
За да испржите совршени јајца на око, ви треба само подлабок сад за пржење со многу масло, кое треба ептен да биде врело кога ќе го ставите јајцето внатре. Така нема да се залепи за садот, а жолчката ќе остане цела.
Aна да те надополнам, значи најдобро се прават во тефлонско тавче. Ставате повеќе зејтин, чекате ептен да се загрее и во тој момент го кршите јајцето во тавата и ја тргате на страна од огнот и притоа со сува лажица црпате од загреаното масло и потурате врз жолчката повеќе пати во зависност од тоа колку што сакате да ви биде течна. На крај полека со две лажици го вадите јајцето од тавчето и имате совршено спржено јајцае Не да се фалам, ама јас ептен ги погодувам, дома сите сакаат јас да им пржам
Секој божји ден јадам јајца, ме држат сита долго време и на тој начин држам линија. Не можам ден без нив, здрави се многу..замислете цел организам (пиле излегува од едно јајце) витамини, протеини, шеќери...Ѓи јадам секакви,ама најчесто на око..
ги јадам и пржени на око и варени искрено многу ми се вкусни, особено оние на око кога ќе бидат повеке испржени дури малку загоренки, кога бев мала викав сакам јајца на око на скара
И јас сакам многу пржени и многу варени јајца. Не ги разбирам луѓето кои ги јадат полуживи, (или пијат јајца) Ми се гади само кога ќе помислам, а не па да јадам
Јас јајца јадам секакви и варени и тоа полуварени да течи жолчката , пржени на око е тие многу пржени не да течи жолчката , пржени со сиренце низ нив, со кечап секакви Инаку јас од жолчката си ставам како маска на лицето на кој не му е грозно нека проба го прави лицето многу мазно и многу го затегнува.
Јадам јајца пржени на око и кајгана и варени исто, ама не јадам многу често, чат-пат кога ќе ми текне, и со патлиџанче многу ми идат.
Јадам јајца секакви,пржени варени кајгана. Но мразам живи јајца ми се гади кога ке видам некој како пие јајце.Знам корисно е за гласните жици ама
Па јадам јајца , да кажам кога ќе ми текне...Понекогаш за време на викенд ако ми текне , бидејќи наутро сум на училиште...Сеа поретко во последно време сум јадела....
Не, не јадам воопшто во последно време. Јадев едно време и тоа често, а откако ја видов темава се обидувам да се сетам кога последен пат сум јадела пржени јајца на пример, ама не можам да се сетам. Многу ми смета во последно време миризбата на пржени јајца, ауф ич не можам да ја поднесам И варени ретко јадам (од Велигден на Велигден ) . Исклучок на варени јајца, евентуално во салатата со компири, мајонез и сирење што е. Едноставно се вклопуваат таму, и убави ми се само тогаш.
јадам јајца, но најомилено ми е варено јајце, го варам точно 8 минути како што препорача Фемина и така ми е највкусно ни многу тврдо ни многу ровко, јајца на око и кајгана јадам многу ретко!
Во последно време слабо, се трудам да ги избегнувам. Можеби еднаш неделно, или пак кога нема ништо зготвено, најлесно ми е да си спржам некое јајце
обожавам јајца ,повеќе сакам да ги јадам пржени а жолчката да се ралева за да можам да си макам со лебче.кога ѓи пржам си ставам црн бибер и вегета и тогаш ми се поубави
Ги обожавам јајцата а и најбрзо се приготвуваат така да нонстоп јадам јајца а најубави ми се на око мислам пржени сите му викаат на дечко ми дека ако ме земи мене за жена ќе треба да си отвори фарма со кокожки (оти премногу јадам јајца )
Знам дека не чини, ама јас само жолчката ја јадам Сум пробала белка, не можам да ја јадам чудно ми е. Ги сакам секако, ама најмногу сакам јајца на вода. Не знам како се приготвуваат зашто мириса малку и бегам од соба додека се направат, ама ќе прашам и ќе пишам. Од дедо ми покоен е рецептот, сега татко ми ги прави и стварно се интересни Мислам дека прво се пржи црвен пипер, па се става вода и се кршат јајца, само не сум сигрна дека е точно така. И после од водичката си макаш, абе специјалитет :up: Спојлер ми се пријаде
Големо ДА за јајцата. Денес за вечера си приготвив варени јајца со масленце, киселина, сол и мелен бибер. Па уште кога го додадов во комбинација холандското мувлосано сирење...мммммм прсти да си излижеш!!!