И на мене Велигденските ми се најслатки онака можам само едно да изедам варено, а пржени ептен ретко јадам
јадам кога се варени со течна жолчка ..во пржените има многу масло и затоа не ги сакам пржени најмногу ги сакам со мајонез и сирење никако со маслинки .
Jас јадам скоро секој ден омилени и се пржени со домати шунка и кашкавал скоро секое утро ги јадам за појадок...
Еден мој добар експеримент: ПИЦА ЈАЈЦЕ Потребни состојки: * јајца (зависност за колку луѓе - количина за еден,доколку се крупни јајцата доволни се две) * целиот мастрав што го ставате на пица (шунка,кашкавал,павлака,оригано,маслинки,кечап...) Подготовка: Јајцата се припремаат како за кајгана, и на тивок оган се ставаат во тавчето.Го поклопувате тавчето и го оставате полека да се пржи, штом ќе почне полека да се зацврснуваат јајцата и ја добиваат жолтеникавата боја, на него наредете го целиот мастрав што го ставате на пишата, потоа поклопете го давчето и оставете го да се допржи.Вкусот и изгледот е преубав пријатен апетит
Jас не знам што ми е во последно,само пржени јајца јадам,малку вегета,малку кечап или барбекју сос и превксуни ми се
Јас ги јадам со се што ќе најдам дома. Во тава на оган ставам малку зејтичне, сипувам матените јајца, додавам салама, сирење, кашкавал, свински врат, спанаќ, пиперки, брокули , карфиол... што има дома тоа. После со кечап одозгора... за мерак. Омилени ми се кога ги правам со зеленчук. Јајца на око стандард, ама во последно време не ги јадам многу. И јајца со урда обожавам.
Јадам, но не толку често. Најчесто јадам варени или пржени - кајгана, на око или омлет. Кајганата ми е многу вкусна кога додавам сирење во неа, тоа се растопува и има прекрасен вкус. Понекогаш додавам и сецкана салама, печурки, кечап. Варените ги јадам со сол, но некогаш правам и салата со киселина и масло и црн пипер. Омлетот ми е многу вкусен, како пица ми е, па ќе го споделам мојот рецепт за да го пробате и вие. Омлет јајца ( колку сакате - 2,3) сецкана салама, кашкавал/сирење, може и печурки или кисели краставички (по желба) масло, сол Ги кршите јајцата во чинија и ги матите со вилушка. Внатре ги додавате сецканите состојки, додавате сол и убаво ќе ги измешате, па ова го ставате во тавче со загреано масло да се пржи, без да мешате. Оставате смесата да се подиспржи од едната страна (но гледајте да не ви загори), па со вилушката и ги виткате краевите за да дојде како палачинка, па пржите вртејќи го омлетот од двете страни. Кога ќе биде готов можете да го јадете со кечап, мајонез, павлака... Добар апетит!
Сакам јајца и ги јадам најчесто пржени на око или кајгана со брокула ми е највкусна или со сирење. А во лето пиперки со сирење и со јајца .А во недела за доручек секогаш правам пржени лепчтња бидејѓи кермани ги обожава .
Пржени не јадам воопшто затоа што ми се премногу силни. Варени може да се случи некогаш еднаш на 3 месеци,тие ми се повкусни,но како што имам чувствителна кожа не ги практикувам многу.
Ммм, омлет со кашкавал и сланинка, плус младо кромитче, уф уф! Варени, во салата може. Исто и со мојот брз рецепт, бротчиња од варени јајца - ги вариш, сечеш на половина, жолчките ги пасираш со малку маслиново, кари, сенф и назад во белките. Супер за мрсна слава и мезе кога се пие винце. На око со препечена жолчка, разлеана ми е грозно.
Уф, од извесно време не ги јадам баш, ги избегнувам. Варени воопшто не јадам и за Велигден ми е искрено мака после кршење да го изедам јајцето - затоа секогаш му правам ху ху за среќа за да победи и никој да не ми го искрши Тешки се многу за мојот желудник а и не се баш здрави - полни со холестерол. Од кога ме предупредија дека не е убаво да се конзумираат често, се трудам да ги елиминирам од исхраната - а и како што кажав, желудников мој веднаш после јајца протестира така да навистинасе трудам да ги ограничам на еднаш месечно. Е сега за викенди кога имам споро и мерклиско станување во саботите (а ова се случува 4 пати годишно ), доручек со јајца ми е нешто ко a must. Сакам јајце на око по можност жолчката да ми е растечена. Се ежам белката кога не е убаво сварена односно испржена и кога е ко мрсул Омлетот го правам со кашкавал, шунка или со мувлосано сирење од типот на рокфор или горгонзола Ставам зачини и откако е готов го посипувам со буковец и рендам пармезан одозгора. Со многу зеленчук како гарнир - доручеков ми е јадење на шампионите. Кајганата исто така ја правам со рендан кашкавал, обожавам кога целата се тегне од сите страни па уште и кога малку ќе се потпече кашкавалот. Исто така нешто што порано многу сакав да јадам - пржев пиперки, па додавав еден до два домати, излупени и исецкани, постапка ко за пинџур - и откако ќе испари водата си додавав едно јајце и правев кајгана. Ах ми се пријаде - штета што мојот организам не поднесува јајца
Јајца на око не јадам, ама затоа пржени и варени јајца обожавам. Баш денес за ручек планирав да си спржам едно јајце и да каснам во комбинација со чајна, овчо сирење, маслинки и павлака. Јадам многу солена храна. Јајцата пред да ги пржам ставам во нив една голема лажица пресно млеко и додавам малку вегета за вкус. Јајцето станува како сунгер од млекото. Варени јајца јадам најчесто со сирење и ајвар, или со сувомеснато и кашкавал.
за мене најасален појадок се варените јајца.. ги обожавам појадокот е најважен Чин на денот, со 2 јајца се Чуствувам супер и мелена сол..мхм мхм
Јадам по две и тоа пржени ги обожавам, најчесто ги јадам со јогурт или кечап и ми се напрај форес ојдов да пржам ммммммммм.........
Јацата вршат работа кога немам многу време или инспирација. Секогаш се наоѓа нешто во фрижидер за некој добар омлет. Ајвар+јајца, пиперки+јајца, праз+јајца, шампињони, урда... итн. Моите ги јадат и онака сецкани на тркалца, па со маслиново, биберче, лимонче одозгора. Туку, муабетот ми за оние јајца што се кршат во вода што врие (поширани мислам дека ги викаат хрватите). Неможам никако ги погодам, ми се разлеваат во водата. Знае ли некој некоја финта? Ливинг нешто има пишано на стр.4.
јадам јајца варени со оцет и бибер, понекогаш пржени со ајвар! ми текна на к-15 скечот Цацко каде што вика: ме пратиа у Јајце на Велигден Спојлер го барам скечот го нема, ако го најде некој молам ЛП
Специјализирано имам варени/пржени јајца-кајгана или на око или па омлет или па било како! И планирам да си отворам емисија на некоја од тие телевизиите Крт, Мрт, Амазон - за кулинарство: "Кај Лепа, на јајца!"
Конечно успеав да направам поширани јајца. Сум грешела со тоа што сум ги ставала во зовриена вода и затоа се растурале. Водата треба да биде загреана и да почнат да се прават ситни меурчиња, но не да врие. Се става сол и малку оцет и се исклучува ринглата. Јајцата претходно скршени во сад, се спуштаат внимателно во водата со поголема лажица. Се пошираат 4-6 мин. и се вадат со лажица - решетка. Многу е вкусно, а и здраво бидејќи не се употребува масло. Жолчката останува поровка, а следниот пат ќе пробам со подолго поширање.