Денес ке си праам јајца со перки од младо кромидче, уф обозавам ама ретко праам ради мирисот на кромидот . ми се пријаде сеа ...
До пред некое време несакав ни да вкусам јајца,несакав ни да помислам на нив премногу ги мразев.И речи си ич не ги јадев. Ама сега,ги јадам најомилени ми се јајца на око.Но жолчката е сакам и таа да биде спрежена а не да е жива.Ми се гади кога ќе ја видам жива жолчка.И одозгора да си ставам буковка,мераци. Ги јадам и прежни. Јадам и варени јајца.Понекогаш е јадам само жолчката,а понекогаш и двете. Варените јајца ги јадам или со вегета,или пак со буковка. А понекогаш знам да си направам и салата со варени јајца
Аууу Бананче да знаеш какви се коа ке е потечна жолчката.Тураш солца и макаш.МИЛИНА,и прсти да излижеш
Јадам исклучиво само варени јајца, пржени нема со што да ги јадам, не можам да ги макам, со прсти не бива да макам. Иако порано кога бев мала јадев и пржени, ама има веќе 4ри години како не јадам пржени јајца. Од варено јајце ги јадам и белката и жолчката иако жолчката ми е поомилена. Ги јадам или без ништо, или со малку сол или со зачин за јајца.
Јадам само варени јајца, а ретко кога ја јадам жолчката, порано правев салата со оцет зејтин сол и бибер, сеа не
Да, здрави се, ама да ги јадаш во есен, зима и почеток на пролет, а лето несмееме, барем јас така знам, имам комшика што умре од тровање со јајца
многу ги сакам...и често ги јадам.....како мала ич несум ја сакала жолчката само белката а сега обратно
Jajцата ми се задолжителен оброк, барем еднаш неделно.Здрави се за здрави, пред некој ден баш читав дека конечно е решено дека јајцата имаат здрав холестерол, поточно се едни од ретките јадења кои можат да се конзумираат неограничено, и не му штетат на организмот.За оваа теорија чинам дечко ми е експериментално глувче зошто тој ги јаде преку еден ден.Значи каде и да одиме тој не преживеува без јајца.Така да јадете и уживајте. Е сега како јас ги сакам.Варени не претпочитам, освен може жолчка.Пржени на око не ги сакам многу, посебно не со жива жолчка,ама омлетот ми е врв. Значи кога си го правам, тоа ми е гурмански доручек, со све потпратно и штотуку имав еден таков. Во него обично ставам печурки, кога ми се наоѓаат, пиперка, кромид, и од она пушено пилешко(мислам дека е стек тоа), јајцата ги матам со сите можни зачини, зошто многу јадам зачинета храна и потоа ги истурам во тавката врз ова мешавината.Што ми се наоѓа дома од зеленчук ставам и никогаш не излегло лошо.Потоа одозгора врз јајцата ставам кашкавал на ленти и преклопувам како омлет и си ставам нешто салата и обавезно мајонез и сенф и метам се од чинија.Знам колку е калорично е ама јас уживам во храна и не се замарам многу. Исто ги сакам со сланина пржени, посебно секако, мхм. Ги јадам и со виршли или колбаси на кругчиња, измешано, како кајгана. Абе со се ги јадам. Спојлер Плус ако не сте знаеле го зголемуваат либидото
искрено, во последно време се заразив со варените јајца. им ја вадам жолчката ставам парче сирење, light мајонез и малку буковец. убаво ја заматувам смесата и повторно ја вракам во јајцата. ух ух па ми се пријадоа. многу се вкусни
Јајцата што се продаваат во супермаркетите без разлика дали се продаваат под буквата А или С или некоја друга буква се трета класа или најслаб квалитет.Ако сакате прва класа ке барате од некој што чува кокошки во двор.Ке појаснам нешто,на секое јајце произведено во фарма им жиг 1S,2S ili 3S.1S се смета за прва класа и такви јајца нема во Македонија бидејки се добиваат од кокошки кои се пуштени на слобода во огромен круг на самата фарма што значи слободно си шетаат.2S e ознака за втора класа и тоа значи дека кокошките се затворени по 10 или 20 комада во кафези со средна големина да речеме просторот е можеби 5 или 6 квадрати но пак можат да се движат во тој помал круг.3S се јајца од трета класа и сите во Македонија се такви а тоа значи дека секоја кокошка е затворена во посебен кафез без можност да се движи бидејки просторот во кој таа е сместена е преку сила пола квадрат.
обожавам јајца а најмногу пржени со ловачка кобасица и со јогурт или домати ммм.. а ги сакам и варени
Јадам но не ги обожавам многу. Најубави ми се кога сопругот ке ми ги испржи на око (не сакам да ми се разливаат, попржени) и со тоа ке испржи и врат попржен крцкав. Декорација со ајварче или патлиџан и сирење. Ми се пријадоа