Секакви пржени,варени едноставно ги обожавам само за варените несакам недоварени сакам да си бидат доварени а за пржените така со пожива жолчка и уживам во нив кога ги јадам ммм..
Обожавам да ги јадам и варени и пржени и неделно 3-4 пати сигурно јадам јајца. А и сама убаво си ги правам, не ми се разлева жолчката кога правам јајце на око, а и тоа е единственото јадење што знам совршено сама да си го приготвам (не дека и друго не знам да правам, ама не е вкусно).
Здраво Сакам да ми дадете совет и рецепт како да зготвам јадење. Машко сум и досега не сум готвел, но би сакал да се научам како се пржат јајца? Кои состојки и колку време треба да се пржат?
Прво ќе ставиш масло во една тава на оган за да маслото се загрее. Потоа треба да го скршиш јајцето, да ставиш малку сол, го муткаш или не мора ако сакаш на око и кога маслото е загреано го истураш јајцето во тавата. За да проверам дали маслото е загреано со вилушка ставам една капка од јајцето и ако почне да крчка, да се пржи значи може да го ставиш и остатокот. Кога мислиш дека е доволно испржено од едната страна ќе го превртиш да се испржи и од другата и готово. Ако ти е тешко наеднаш, раздели го јајцето на два - три делови за полесно да го превртиш. Јајцето, ако е на око, е отприлика готово кога жолчката не растекува, не е жива, притоа внимавај да не ги препржиш краевите од белката, а муткано е готово кога ќе стане потемно жолто, накај окер боја. Кога веќе ќе стекнеш навика како се пржат можеш да си ставаш оригано, печурки, виршли и да си правиш интересни оброци. Се надевам помогнав, еве и видеа:
Јајца јадам само на око и тоа жолчката да не е скроз допржена туку да се разлева. Иначе ги пржам без масло, во тенџере за пица печење и супер ми се такви. Пред некое време си купив и калапче за јајца на око, да не ми се разлева многу низ тенџерето. Moeто калапче вакво е И овие си интересни
Кога сме веќе кај јајцата морам да кажаљм дека ги обожавам најмалку ги сакам варени а највеќе пржени со урда илил сирење. Се трудам да ги избергнувам поради холестеролот, но еднаш неделно си дозволувам да уживам во магичниот вкус на јајцата. Инаку една одлична јака холестеролска бомба се прави ако се искомбинира пржени компирчиња (помфрит) и при крајот во ни да се додадат 2-3 јајца, сето тоа добро да се промеша колку да се спржат јајцата.
Ги сакам варени,на око,омлет.. Многу ми се убави недоварени,кога жолчката е со потемна портокалова боја, такви ги обожавам