1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

JE SUIS MILA

Дискусија во 'Религија' започната од John Snow, 18 февруари 2020.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    16-годишна тинејџерка стана најомразената девојка во Франција откако го критикуваше Исламот во живо на Инстаграм. Мила (која може да се идентификува само по нејзиното прво име) моментално е затворена во својата куќа, живее под полициска заштита и не може да се врати на училиште.


    За време на едно видео во живо, во коментарите едно момче муслиман ја кани Мила да излезат. Но Мила ја одбива поканата затоа што таа е геј. Тој на ова и враќа со обвинувања за расизам и ја нарекува „гнасна лезбејка“. Во гневен видео одговор по ова, направен повторно во живо веднаш по навредата, Мила кажува дека „мрази религија“. „Куранот е полн со омраза.. Исламот е срање... Твојата религија е срање... Јас на твојот бог би му забила прст во шупак,“ рекла тинејџерката.
    За кратко време, Мила почнува да добива закани за силување и смртни закани, а нејзиниот идентитет и училиштето во кое оди се јавно објавени. Нејзиното семејство и локалните власти не успеаа да и најдат училиште кое ќе и ја гарантира безбедноста.
    Полицијата отвори две истраги како одговор на тоа што стана познато како „l’affaire Mila“. Едната, која се уште трае, е околу заканите за смрт и силување насочени кон 16-годишната девојка. Другата е околу самата Мила, за „поттикнување религиозна омраза“.

    На Твитер трендинг беа и #JeSuisMila (Јас сум Мила) и #JeNeSuisPasMila (Јас не сум Мила). Адвокатот на Мила, Ричард Малка, за Тајмс изјави дека „ниту едно здружение за човекови права не излезе на протести, ниту изрази солидарност со девојчето чиј живот одеднаш се претвори во криење.
    Напротив, не само што не се солидаризираа, голем број јавни фигури се дистанцираа од средношколката. Абдула Зекри, директорот на Францускиот совет на Муслимани, кога беше запрашан за опасноста по безбедноста на Мила, изјави дека таа мора „да живее со последиците на она што го изјави“ и дека таа „го жнее тоа што го посеала“

    Аферата Мила требаше да биде чиста работа. Се работеше за случај на 16-годишна тинејџерка која изразува богохулно мислење. Нејзините ставови требаше да бидат толерирани во секоја држава која се залага за слобода на говор. Слободата на говор вклучува и право на исмејување богови, пророци и свети книги.

    Меѓутоа денес работите се многу помалку јасни. Политички коректното разбирање на „говор на омраза“ и „поттикнување на религиозна омраза,“ во основа оживеаја стари и драконски закони за богохулие во сосема ново пакување. Но ефектот е потполно ист - цензура на критиката на религијата. И иако француската држава се откажа од покревање обвинение против Мила за богохулие, нетолерантната Твитер толпа беше на готовс да помогне Мила да биде казнета за нејзиното погрешно размислување.
    Ние треба да се ставиме во одбрана на слободниот говор и од државата и од толпите на социјалните медиуми. Je suis Mila.

    Дали и покрај т.н демократија денес постои цензура и луѓето не можат слободно да си го кажат сопственото мислење?
     
    На M&M, Lella, VoodooGirl и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Читав пред некој ден за случајов и за изјава на Макрон по повод истиот, во која потврдува (well, барем декларативно) дека Франција е земја во која богохулењето е дел од правото на слободен говор.
    #JeSuisMila, indeed. Таа првично била навредена лично за својата сексуалност од бигот инспириран од бајките во кои верува, и видно испровоцирана возвратила, и на крај она поттикнувала „омраза“? Типичниот булшит околу секоја хомосексуалност vs. религија дебата, само што меѓу сите религиозни конзерви - од разни причини оние исламистичките си даваат право и сила и во 21 век да ги водат стварите на нареден неандерталски левел, колку сака нека звучи „фобично“ и „расистички“.
    Целосна поддршка за девојчето и се надевам дека ќе остане безбедна и без последици, барем физички и насилни, пошто за психички тешко...
     
    На Angel06, M&M, Alisa22 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Нажалост да, ако го кажаеш си трајно стигматизиран и тоа во наједноставен случај полошо што следи е булингот па и закани по живот/силување и слично нешто како случајов со Мила.
    И кај нас има вакви случаи а најбрутален со смрт е оној на Саздо, така што како одбрамбен механизам развиваме цензура кога станува збор за некои горливи теми.
    Инаку кога горлива тема е религијата особено муслиманската едно со сигурност знам колку се пофанатично настроени толку нема компромис со нив и дискусија за било што кое тие го сметаат за навреда.
    Дури цензура претреа и карикатурите со Мухамед, до тој степен се осеќаат засегнати од се што е против нивните гледишта, верско обожување и покорување што ми е нонсенс да плукаш против уметноста пред се не разбирајќи ја нејзината вредност и не почитувајќи ја пораката која ја пренесува.
     
    На lovestoneddd, KateKane, John Snow и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Во никој случај не ги оправдувам заканите кои ги добива, напротив. НО!

    1. Никој не ја тера јавно на интернет да се сервира сама себе си пред рендом луѓе, и да дели мислења. Океј, разбирам, право на говор. Ама не мора. Зошто ги користи социјалните мрежи на тој начин, првенствено? Според мене, тоа е идиотштината на луѓето кога станува збор за социјални мрежи. Се‘ морало да се сподели, раскаже, исфилозофира, а никој не ги тера.

    2. Иако била наречена „гнасна лезбејка“, не морала да ги изнакаже сите тие „Куранот е полн со омраза.. Исламот е срање... Твојата религија е срање... Јас на твојот бог би му забила прст во шупак,“ работи. Можела на многу попаметен непримитивен начин да сподели мислење. Всушност, не ни морала. Самата е виновна што дозволила да биде испровоцирана од рендом небитен човек. Кога луѓето би сфатиле дека не секоја навреда е навреда, би било подобро. Едноставно не треба ништо да ти значи рендом мислење/коментар од рендом небитен човек и крај.

    3. Другата идиотштина на социјалните мрежи е што сите се силни позади екран/тастатура, во удобноста на својот дом. За жал егото ги тера да се понашаат на чудни начини и да си ги уништуваат животите. Ова важи и за двете страни на конкретниов случај, што кога би имала прилика би им рекла само: „Аман од мачо срања, дај глејте си ја својата работа, не ги сфаќајте толку лично работите и цепајте си во животот!“ До тој степен ли бе може да те здоболи корпа од рендом девојка? Тоа само покажува каков слабак е тој од кој се започнало. Според мое гледиште, сите се слабаци и само сакаат да дрндаат ко тоа да е најважната работа на светот. |(

    Не ја осудувам баш целосно девојката, но не ја ни бранам. Непотребно си го искомплицирала животот и работава нема врска со право на говор.
     
    На daylight, Puffy2019, g8lQQk и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.121
    Пол:
    Женски
    Значи како прво девојчето добила навреда и едноставно возвратило и удрило по религија зошо е 21 ви век и секој има право да си каже што сака.
    Немам ништо против муслиманството како религија меѓутоа тоа се толку заостанати, затуцани во своите гледишта...
    Девојката за жал не проценила и се експонирала јавно иако не требало ама биднало не ја осудувам пошо се знае колку муслиманите се палат на нивната религија па дури и човечки животи одзимаат во име на Алах не знам со кое право само меѓутоа треба државата да ја заштити зошто ова не треба да биде до толку смртно опасно по живот. Во никој случај не осудувам луѓе по националност и верување ама ова е ужасно премногу омраза има меѓу луѓево не само таму туку и тука во нашава државичка.
     
    На lovestoneddd, John Snow, Stephen Amell и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам каква ментална гимнастика треба за да се дојде до ваков victim-blaming. За сѐ си дала критика, сѐ си елаборирала што никој не нѐ тера и треба да избегнуваме, само пропратно најмалку за оние што треба си спомнала...

    Да, во 2020 нормална појава се технологијата и социјалните мрежи, видеа да снимаш, да збориш и пишуваш за разни ствари. Не е нормално да веруваш у имагинарен sky daddy и негов пророк педофил што се оженил со 9 год. дете, до таа мера да не го прифаќаш постоењето на групи луѓе какви што се и да би убил или силувал ради *навреда* кон него.

    А, news flash, Куранот е полн со омраза, заради исламот сѐ уште се случуваат ужасни гадости низ светот - се сакатат девојчиња, се каменуваат жени, се носат закони за смртна казна на геј луѓе, во Турција под исламист-режимски водач се предлага закон за силувани девојчиња да се омажат за своите силувачи :puke: Девојката ништо погрешно не ни кажала tbh, само со тој речник јас не би се изразила, но тоа не ме спречува да сум целосно на нејзина страна. Таква била ситуацијата, непредвидена ужасна навреда добила на лајв видео кое после останува јавно, крај краева и тинејџерка е само.

    Ама што знам, не знам зошто воопшто постои и новинарството, и сатирата, сѐ па да морало да се дознае и сподели што се дешава низ светот и да се искритикува, така и тие од Шарли Ебдо си го бараа терористичкиот напад... (facepalm)

    Ко ќе сфатат повеќе луѓе дека никој не е должен и обврзан да почитува религии (ни нивната, ни останатите) и главните ликови во нивните приказни, многу би напреднало човештвото, ама не изгледа блиску тој ден...
     
    На Alisa22, Lella, WarriorMind и 19 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Точно е дека се цензурира слобода на говор, кога е во прашање Исламот.
    Франција си има огромни проблеми со тоа. Нели канцелариите на Шарли Хедбо ги запалија...

    Иста таква 'навреда' за друга религија, никој не ја заприметува...
    Гледајте Саут Парк пример.

    Мислам дека сите религии се булшит и се начин за контролирање на народните маси.
    Институционални религии, не лична спиритуалност.
    Пошто има разлика.

    Кој сака да ме убие и/или да ме силува?
     
    На M&M, Alisa22, 1992g и 17 други им се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Забегала работата, греота девојчето - преселување од Франција и е можеби единствено решение. Никој не заслужува да му биде загрозем животот, да добива закани и навреди.

    Но, колку и да сметаме дека секој има право на искажување мислење, постапката на девојчето не е во ред.
    1. Ги вреѓа сите муслимани затоа што еден ја навредил на основ - сексуалност. Момчето можело да биде од друга религија или атеист. Тогаш како ќе го вреѓаше?
    2. Секој има право да верува во што сака се додека тоа не го наметнува на други. Ако ова не е говор на омраза, зошто би било ако некој каже дека хомосексуалноста е неприродна/болест?

    *Не викам дека си добила тоа што заслужува. Напротив, треба да се казнат тие што и го загрозуваат животот и безбедноста. Ама не е во ред ни нејзиното.
     
    На daylight, piglet1, Puffy2019 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Па секој што го почитува исламот индиректно подржува педофилија. Многу дури и не знаат или се прават на Тошо. Јас не знам какви зборови заслужува исламот стварно.
    Ај дека претерала можда, не знам. Ама не споредувајте зборови за некој си чичко педофил со закани за смрт.
     
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Воопшто не правам victim-blaming, не реков дека е виновна што добива закани, туку реков дека е виновна што дозволила некој да ја испровоцира за она така да се однесува. Всушност, потенцирав дека:

    Јас гледам субјективно на ситуацијава, без да се задлабочувам во тематиката хомосексуалност и религија (конкретно, Ислам). И јас имам мислења за тие две нешта, но тоа не ми дава право да ги оправдувам однесувањата и на двете страни. Скроз целосно е непотребен кофликтов што таа и тие го создале. Мислиш дека би ги добила истите закани кога би се обратила културно за нејзиниот проблем? Јас мислам дека не би. Мислам дека тоа е проблемот и причината зошто ги добила сите тие закани и напади. Не затоа што го изнела своето мислење околу некоја религија, туку начинот на кој го изнела. Дали начинот го оправдуваш? Јас не, а според тоа што велиш:

    Претпоставувам дека и ти не.

    Инаку, посекако сметам дека секој (треба да) смее да го искаже своето мислење за било што јавно, доколку сака. Но треба да се одбере начин. Имаш паметен и имаш глуп, кој ќе привлече глупи нешта.
     
    На Bratot, cresa-jagoda, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Кај сте со темава досега?
    Прво и последно што ми падна на памет е дека во денешно време женска не може да одбие дечко. Па уште таков, богоугоден, муслиман, прав маж:@.
    Религијата ми е овде второстепен проблем. Ај во вашиот свет, колку пати сте наиделе или сведочеле на ситуација да одбиете некого, па тој да ве тркала во кал, да ви вади муабети, да ве нарекува со имиња? Тоа не ли е проблем? Или не е тоа темата:?:.
     
    На M&M, Lella, KateKane и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И како и увек, мора да се најде некој филозоф на форумов што ќе каже ама зошто навредувала, не морала на социјални мрежи и слични срање коментари.
    Поентата на муабетот е дека секој треба да е слободен да богохули и да навредува религија и куран и библија ако сака без да добива закани по живот. Пошто е слобода на говор. И нема тука што да се полемизира даље.
    Се надевам нема да му се случи нешто на девојчето.
     
    На M&M, Bezimenka90, John Snow и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Исламот заштитен како бела мечка. Подобро да кажете дека сакате да имате секс на црковен олтар, отколку да кажете нешто безобразно за исламот. Сами себе сте си напишале смртна пресуда.
     
    На M&M, Alisa22, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Поентата е што сите гледаат да си го нахранат егото, наместо да си го зачуваат спокојот.
    Не разбирам француски и според тоа што е наведено во воведот, 16 годишно девојче чувствувајќи се навредено од зборовите „гнасна лезбејка" (лезбејка не е навреда, особено кога си) се решава да искористи доста примитивен речник за да го сподели своето мислење кон исламот. Или попрецизно кажано, намерно одбира да искористи повалкани зборови, со големи шанси за да поттикне вознемиреност кај тој кон кој ги насочува. И тоа е океј, бидејќи право на говор. Но не е океј што откако тој некој си дечко добива корпа да ја нарече „гнасна“. Вау, сериозна навреда. Како и да е, мене лично воошто не ми е гајле за исламот, всушност не ми е гајле за ниту една религија. Но не практикувам да трошам време на верници да им објаснувам на примитивни начини зошто ми е гајле за нивната религија или имам негативна перспектива кон делови од нивната религија, итн. Но имам човечност што ме тера да се грижам исклучиво за мојот спокој и спокојот на моите најсакани, а тоа ме тера рационално да размислувам за нештата и не ми дозволува да се вреѓам на грди придавки искажани од рендом луѓе и да навлегувам во непотребни конфликти. Кога би била на нејзино место, само би ги превртела очите на неговиот коментар и би си продолжила среќно да живеам. Но, than again, не сум тинејџер. А сето ова е како средншколска расправија која се надевам нема да заврши трагично.
     
    На oblace1, irrelevant, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    И двете страни претерале.И тој не требало да ја вреѓа поради сексуалната определба,ниту она него поради неговата религија и неговата религија,небаре се сите верници такви....
    Ова од двете страни не е слобода на говор,туку говор на омраза.
    Меѓутоа, заканите за смрт и силување се злоба.
    Проблемите треба да се решат по законски дозволен пат.
     
    На oblace1, Bratot, Skylar и 5 други им се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.629
    Допаѓања:
    152.270
    Ке го скинат девојчето само да стивне работата
    И да се пресели во друга држава нема да можат да успеат да ја одржат во живот
    Овие се такви кучиња кога е религијата во прашање што се спремни на се
     
    На Bezimenka90, RosettaStone, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    34.235
    А шо не му се соберат гејевци на ова лиглево да му пишуваат дека газето ќе му знае оти и пишал дека е гнасна, и да бараат да се тужи за дискриминација?

    Па после нека серат за девојката.

    Него дозволуваме ние народот разни радикалци да се чепатат од политички, причини, се во името на деморатијата, па уште и по правен пат ќе сме се реванширале, а они ни ја онакват мајката ден по ден.
     
    На Bezimenka90, VoodooGirl, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    А да го вреѓаше христијанството (или било која друга религија) ќе добиваше ли вакви закани?
    Па не може само радикалниве исламисти да си земаат таква сила не само да упатуваат закани, него и да бомбардираат, масакрираат и силуваат, кој ти дава право тоа да го правиш во име на Бог, и тоа пази на 16годишно девојче што не е никаква јавна фигура, не може да се споредува богохулење со смрт побогу....
    Дур имаат амин од некој ова да го прават нема ни да престанат ни па да се казнат.
     
    На oblace1, RosettaStone, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Je suis Mila.

    До кога на трња ќе сме,секогаш кога треба да се спомне Исламот и да се искритикува, за да некој припадник на религијата на "мирот", не добие нагон за крвопролевање ?
    Она го кажува сето она што поголемиот дел од луѓето не го изговараат, а го мислат.
    Можеби и потребен е екстрем во изразувањето, пошто со цензурирањето и не кажувањето на работите такви какви што се,со право име, сме тука кај што сме.
     
    На M&M, Bezimenka90, VoodooGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.133
    Го подржувам девојчето. Муслиманот што рекол дека е лезбејка, не искажува омраза само кон неа, туку кон цела LGBT заедница. И сега никој не смее ништо да му каже, бидејќи е муслиман и верува во Алах? Никој човек со здрав мозок нема да убива за Алах.. Си кажала девојчето дека е геј, ама му го повредила егото бидејќи не сакала да излезе со него. И после зошто муслиманите добиваат "етикета" дека се терористи..|( Добро е што не се сите муслимани "опседнати" со убивање за Алах. Ниедна религија не треба да учи за убивање и крвопролевање на други луѓе.

    Каде Исус нас нѐ учи дека треба да убиваме, ако некој рече нешто лошо за Христијанството? Нѐ учи да ги почитуваме и сакаме сите луѓе без разлика на вера и пол.

    Се надевам нема ништо лошо да му се случи на девојчето.
     
    На Mencia, VoodooGirl, Elf и 6 други им се допаѓа ова.