Не велам дека кој било во ситуацијава е во право - ја навредил па позвратила. Идеално ќе беше никој да не ја навредеше и никој да не плукаше по религија. Ама треба ненормален да си во "бел свет" јавно, во живо, на стрим, да збораш против Ислам, на 16 години. Мислам, очигледно е какви фанатици се наоѓаат, секоја чест на верниците, зборам за фанатиците. Имаат закани, силувања, фрлање бомби и закани за бомби правено за поситни работи не па за јавно јадење лајна за религијата. Ама се случи шо се случи, жал ми е шо девојката е моментално во "домашен притвор" само зошто кажа шо мисли. Тажно е дека сме толку напред, а уствари сме толку назад. Општо за право на говор, не можи секогаш да слушниме то шо сакаме, нема секогаш да слушниме то шо сакаме и скроз океј е. Некој се однесува како 5 годишно дете, и то не е девојката. Link 1 - Curtis Culwell Center attack Link 2 - 15 Copenhagen shootings Link 3 - BBC made Russell Howard rewrite a joke in case it offended ISIS Од линковите ќе увидите шо пробвам да кажам. За стрипови напади има. Башка само за закани за кои ме мрзеше да барам. Не велам дека никој не треба да се крева против фанатици, напротив. Велам дека има власти и надлежни за тоа, пошто не смеј ни една индивидуа да се истакни вака зошто си го загрозува сопствениот живот пред се, и животот на тие околу себе. Особено на 16 години кога си зависен од твоите и немаш како да се заштитиш. #JeSuisMila
Секако дека #JeSuisMila Тој прв почнал со навредите, таа возвратила. Нормална реакција е. Туу како можела некоја да не сака со него да излези, не знаела кој е тој. Аман и од верскиве фанатици што сакаат да убиваат во име на нивниот бог. Исламот бил религија на мирот. Во овој свет сигурно не. Па од нив човек нема слобода на говор, не можи ни да ја искритикува нивната религија јавно без да добие закани по живот. Не се заборава што му се случи на Чарли Ебдо. Колку невини луѓе само настрадале од тие радикални исламисти. Не генерализирам за цела религија, не се сите муслимани терористи ама сите терористи се муслимани. Се надевам девојчето ќе успее да се извлечи некако. Што ти прави религија уште во 21ви век..
После разгледување на случајов онака по детално, најдов и други видеа, каде што повеќето не ја подржуваат, исто и емисии, па од тоа можам да кажам дека: 1. Девојката си забила трн во здрава нога. - Како и сите денес што се опседнати да имаат куп следбеници, така и таа прифатила што годе, и нормално сака да се прави интересна и да добива уште повеќе следачи. Зборењето и беше ужасно, и уште вика “сте чуле за слобода на говор” мислам баш во Франција се случи нападот за богохулије од страна на списание, не им отвори тоа очи. 2. Дечкото сељак со тапија. Ако оди по Куран, нема да бара да е*не нешто на страна воопшто, сака као демек да се докаже дека и тој има напредни мислења, но откога му се повредува егото го вади цел сељачизам на ниво. Исто си има и други сељаци, јаки мажишта, што нормално со краток фитиљ се. И третово ми е најважно. 3. Гледав емисии, каде што водителот не им даваше збор на некои девојки за да си го искажат револтот. Зошто е тоа така? Дали да ги заштитат девојките од плус напади, или немаат право на слободен говор? - Ако е за заштита, зошто не се преземат мерки да се најдат тие што се заканувале, зашто за нив да нема мерка притвор, па и нешто повеќе. Многу чудна ми е некако ситуацијава. И знам дека ако не на сите на повеќето од нас некој ни пишал, па добил корпа, и како револт ни пишал курва, ваква-таква. Како вие сте реагирале?
А што ако типот бил христијанин, ќе имаше религијата било каква улога у ситуацијава и ќе зборуваше ли така за христијанството? Не дека не смее, слободно нека збори што си мисли. Само ме интересира зошто уопште зборува за религија, in the first place. Подобро да го нарекла "гнасен хомофоб", пошто тоа и е без разлика од која религија е.
Блок од социјални мрежи/игнорирање ако е во живо. Нема потреба од контранапад кај зрели личности. Ми пишувале муслимани, христијани, млади, стари.. колку навреди имам јадено (директно или индиректно) па никогаш не сум се спуштила толку ниско да ги вреѓам, не па според тоа во што веруваат или како живеат.
Дури и да почнала прва, никој не смее да и се заканува по живот. Постојат судски органи кои треба да се занимаваат со случајов. Можел со тужба за клевета да почне, ако веќе се водиме по прописи. Каде би завршил светов кога сите би ја зимале правдата во свои раце? А ова #JeSuisMila, би добило вистинска сила кога илјадници јутубери и обични граѓани јавно би го исплукале и искритикувале исламот како најголема опресивна религија денес. Па, тогаш да видиме дали на сите илјадници ќе им летаат главите. Свињи касапски.
"Кутрите муслимани" и "мислиманите се многу опресирани" е реторика која ја подржува и денешната левица, затоа исламот е така недопирлива религија. По дифолт, hardwired им е во мозокот дека мора да се брани напад над исламот, веднаш се скокнува со "ама не се сите муслимани...". Заштитени се како бели мечки, и сето тоа е така во недостаток на политичка и класна анализа и активизам и на фурање политики приберени од интернет, твитер пред се.
Се сеќате минатата година, непосредно пред Прајдот или за време на истиот, небитно, кога за време на еден "арт" перформанс, Исус беше претставен како транџа и целиот настап имаше вулгарна нота ? Колку беше тоа вкусно или невкусно не навлегувам, се изјаснив тогаш, поентата ми е, сето тоа помина без последици и општо народен хаос, камо ли, со стравувања на организаторите и изведувачите, за нивниот живот. Замислете хипотетички, место Исус, Мухамед или Алах да беа претставени низ таква призма.. Ќе се вмешаа организации, ќе следеа санкции, ќе се вандализираше локалот, и најзастрашувачкото, ќе летаа глави. Нека се јави еден, што ќе проба да го оспори ова. Не постои таква религија која заслужува до нејзе да стои украс наречен Мир, а најмалце тоа го следува Исламот. Историјата сведочи за небулозава, сегашноста и допрва иднината ќе има што да каже.
Пред некое време имаше случај во Италија каде што еден фудбалер беше казнет со еден натпревар суспензија поради blasphemy, се умеша Ватикан и се крена голема прашина, зборете ми за секуларни држави.. Нема да ме изненади да почнат да спалуваат на клада за ерес
Па типот сам нагласил дека е муслиман откако ја навредил, колку што разбрав. Не знам ти лично што си по верска определба, ама интересно ми е ова префрлање на топката. Кога атеисти или општо прогресивни луѓе што го одбиваат конзервативниот дел од религијата, ќе исмеат најчесто хомофобија во христијанството - пречеста реакција од христијаните и останатите неутрални со став дека религиите инхерентно заслужуваат почит е дека се нема храброст истото да се направи за исламот. Еве сега кога се дешава ова, напад кон хомофобијата и во исламот, и некои од нас actually и тоа го поддржуваме - читаме коментари дека да бил христијанин немало ни да се нагласи тоа... Like, seriously...? Претходно ме праша ти дали мислам дека ако со посмирен речник јавно се искритикува исламот, би добиле исти или слични реакции. Епа разгледај ги ако те интересира Zara Kay и Yasmine Mohammed на твитер, поранешни муслиманки во опресивни средини, сега outspoken атеистки и феминистки. Возрасни жени се, активистки и авторки, и не пцујат вака импулсивно. Guess what, пораките редовно им се полни со смртни закани, закани за силување, slut-shaming и сл. од муслимани. Во болните умови на тие што се дотаму затуцани да се закануваат со убиства и силувања во името на Алах, сите сме курви и исто ко да шетаме голи оти не носиме хиџаб. Би се заканувале тие на било какво искажано мислење против гадостите во кои веруваат, посебно од жена. Исто ко со силувачите што секако би силувале, наспроти тоа дека некоја си го бара. Така да далеку од цвеќиња за мирисање се и хардкор христијаните за хомофобија, ама факт е дека кај муслиманите уште поголема улога игра религијата. И да, не може да е исто говор на омраза „ти си гнасна лезбејка (оти исламот така вели)“ и „исламот е срање“ ко одговор на тоа. Би било на исто ниво во мои очи ако му рекла, рецимо - „гнасен Арап“, „ги мразам Арапите“ и слично, или „шиптар/циган“ хипотетички ако беше кај нас. Алах не постои, книги и идеологии не може да бидат повредени од навредите, а ропаци ко дотичниот кога ќе пораснат сами бираат да веруваат во целиот затуцан наратив што повредува - за разлика од тоа што она не бира да е лезбејка и не повредува никого со тоа. Општеството треба да штити луѓе и нивните права, а не догми и натприродни суштества. Make the difference already.
Како што рече @nextredstyle и двете страни претерале.Како што тој не треба да ја навредува за нејзината сексуална определеност така и таа не треба да ја навредува не само неговата туку и било која друга религија.Почитувам слобода на говор ама не и вакви навреди кон останати религии.
Јас мислам дека едната страна претерала. Тој да не ја навредил неа, немало ни таа да го навреди. Ама сега животот на девојчето е под знак прашалник од што муслиманите се мирољубива религија. Јас никаде не прочитав LGBT заедницата да му пишува закани дека ќе го убијат..
Ако е тоа вистина, тогаш тој ја насочил целата ситуација накај религија. Мене тоа ме интересираше. Јас лично не сум религиозна. Не ја префрлам топката, само ме интересираше зошто таа воопшто го плукаше исламот, ако тој ја навредил за хомосексуалноста. Сакав да знам која е улогата на религијата во нејзините коментари, без разлика дали типот бил муслиман или христијанин. Тоа ми беше муабетот. Но ете, ти објасни дека самиот тип рекол дека е муслиман и претпоставувам дека од поглед на исламот него као демек му смета хомосексуалноста. Да го немаше тоа речено, како што мислев до сега, ќе продолжев да се чудам зошто таа вмешала религија во ситуацијата. Зошто реално сега наместо да збориме за исмеавање на хомосексуалците и хомофобијата, ние збориме за исламот. Ќе беше скроз промашено пренасочување на проблемот доколку самиот тип не спомнал ништо религиозно. Енивеј, за крај ете по 6ти пат ќе нагласам дека не ги подржувам заканите кои девојката ги добива, бидејќи е примитивно однесување на неадренталци кои сакаат да бидат мачо мен луѓенца и веројатно гледаат на жената општо подолу од ѓубренце, а не па ли на хомосексуалците. ✌
Пошто никаде досега јас не сум видела човек геј човек така да провоцира и да повикува на насилство. Цела нивна "пропаганда" (морам вака да се изразам иако го мразам овој збор) е дека треба да се шири љубов и прифаќање, дека love is love и дека секој човек е слободен да си се изразува и да си сака слободно се дури со тоа не повредува друга индивидуа (ова морам да го пишувам секојпат пошто рипаат одма дека биле педофили или зоофили). Сите закани, говори на омраза, повикување на силување, насилство, на крв се од хетеросексуални луѓе и од верски фанатици. Слободно може кој сака да ме демантира, да ми постира еден случај, твит или што и да е каде геј човек повикува на истиве работи како верските фанатици. Нема. Бај д веј, исламот нивни за хомосексуалци има неколку решенија меѓу кои јавно каменување, фрлање од кров, камшикување итн итн. И после се чудат зошто е најмалку сакана религија, зошто има толку голема стигма кон нив. Си ја заслужиле, апсолутно.
Епа не може бе да му навреди религија! Треба него да го навреди што е кретен а не цела религија. Изгледа ти имаш вишок време за вакви теми
Оние кои ја осудуваат, го прават истото. Навреди и закани, разлика само што од едната страна е човек на кој му го уништиле животот и од друга страна религија на која нема како да и наштетиш ако вреѓаш, негираш или сакаш да забиваш прст во шупакот на тој бог. Муслиманите по ова прашање се ептен хардкор, ама џабе е разглабање зошто тоа е тоа, капацитетот на тие што го прават тоа не дозволува да разберат. Знаеме со кој си имаме работа ако навредиш или повредиш некој таков и би требало да пазиме како се изразуваме со нив, затоа што за жал ко што кажав џабе е се, ќе си го папаш стапот. Џабе филозофирања и барање решенија и жалби и поплаки. грешка е на девојчето само што така се изразила после толку поминати настани и случки каде летале глави за ваков случај. Иначе тоа што го кажала не е шокантно, барем секој трет го мисли тоа и би сакал и да го каже, ама ете живот мила.
Јас не видов дека некој од тие двајца момци, што девојката објавила скриншат, дека пишал дека е муслиман. Првиот, да муслиман е, по името, и по тоа што и вика дека шминката и е како на ѓавол (шејтана). Вториот не е муслиман, но и тој и се заканува со смрт и и вика дека е француска курва. Веќе кажав дека многу и не ја поддржаа и од нејзините, не знам зашто. Ама фала на навредите што ги упативте и на некои недолжни. И погоре прашав нешто, што не ни ви одговара за да дадете одговор. Штета.
Епа затоа нека му врати со кретен и готово. Немало потреба од прашина. По ова што прочитав, девојката тешко дека ќе остане безбедна... За жал