А најјако од се ми е што кога Трамп стави бан на Иран, Ирак, Либија, Сирија и тие другите први што излегоја на протест против него беа од ЛБГТ заедницата. Како бре не искочи некој од нив тогаш да каже дека им смета тоа, да ги нарече гнасни или океј е кога некоја група ти води битка во твое име. За пасош и селење од нивни земји ќутат и збор не зборат. Можат до утре да си веруваат во прикаски дека се религија на мир. Ама религија што убива жени, каменува хомосексуалци, сече клиториси на жени, предлага закони со кои можеш да ескивираш казна за силување ако се ожениш со жртвата е се освен религија на мир. Затоа никој човек не оди таму, туку сите се преселуваат во земјите на запад.
Секoгaш ќе се нaјдaт aпoлoгети нa ислaмoт и џaбе е дa се викa јaс сум милa, штoм oпштествoтo нa улицa не и пoмaгa и не се менувa, нaјчеснo е дa се кaже девoјкo сели се ислaмoт пoбеди.
Тоа слобода на говор, ми е малку како нож со две острици. Испаѓа дека секој може се на секого да му рече, да го навреди, и тоа да се смета за ОК дека е слобода на говор. Значи според слобода на говор, тој ја нарекол гнасна лезбејка, оти му се може, слободно си говори, а таа му возвраќа со исто така гаден речник, оти нели, слобода на говор. И што се случи.... ете ова се случи. Јас само ќе речам.... треба почит кон сите заедници, религиозни, геј, и не знам какви, и да се учиме да се прифаќаме едни со други. Од срце да се почитуваме да не треба до ова да доаѓа, а не со воведување на цензура, или со слобода на говор. Ајде, може за едно 500-600 години ќе еволуира човекот, не знам!
Се согласувам со @Amellie13 , би додала само дека колку и да е лош зборот кон некој, никој не заслужува да биде во ваква ситуација, особено дете од 16 години кое и не размислува и постапува зрело, не треба да убиеме некој ако нè навредил, постојат многу други начини да се реши ова.
Ти па штом видиш сум пишал одма контра. Секако дека се загрижив, не знаете какви фанатици има низ Европа.
Религиите носат само омраза и поделба помеѓу луѓето, ништо друго. Колку би бил светот подобар да не постојат! Поддршка за девојката. Се' што кажала, за се' е во право. И да, таа е жртвата во случајот. Таа сега се плаши да излезе од дома и да си води нормален живот, а зошто? Зашто ги навредила нивните imaginary friends. Ужас. Како што рече @WildMk, булшит се сите религии, сите до една. Ми се гади. Таканаречените верници испаѓаат најподли од сите.
Oнa кoгa сo децении се пoвикувa нa пoчитувaње нa сите религии и тoлерaнцијa.. А кoгa ќе се пoјaви еднo лoшo јaбoлкo кoе oдбивa дa се рефoрмирa дa не фaли ни зaпиркa, тoгaш сите не чинеле и биле исти. Oкејјјјјј.
Говор на омраза е, ама не е оправдување за насилство. Исто како што на дотичниот не му се џитнаја да го силуваат или убијат оти користеше говор на омраза за ЛГБТ.
Ај малку да елаборираме, што е говор на омраза а што слобода на говор. Две страни поназад и ти пиша дека сите религии се булшит. Дали е тоа говор на омраза? Озбилно сум збунета со дефинициите, само знам дека денес како никогаш досега мора да се автоцензурираме, да не случајно повредиме/навредиме некого. Е бате демократија и слобода на говор ( и Аутокоректов ме цензурира, ме мрзи да се борам и со него).
И 'булшит' е говор на омраза Политички коректен говор на омраза, е слобода на говор... Така некако му доаѓа
Девојкава не се наоѓа во Шеријатска земја каде што бласфемијата се казнува со смрт, туку во модерна, секуларна Европска држава наречена Франција. Никој нема за право, а поготово, дојденците, да и изречуваат смртна казна за напишан коментар, во нејзината РОДЕНА земја, нејзина до последно, по сите можни основи. Франција е секуларна држава и секој граѓанин смее да искаже критичка мисла или презир према било која религија, тоа е и поентата на секуларноста, воедно и на демократијата, зарем не ?
Ама кого мразиш, ако кажеш булшит? Каков е тој, политички коректен говор на омраза, шо драпаш сега, округло па на ќоше? Сите сме ние политички некоректни, ако имаме критичко видување на религиите и религиските лидери? Без пцуење. И добра поента @lovestoneddd , во секуларна држава.
Абе не треба да вреѓаш. То е цела работа. Едно е да речиш: Сметам дека религиите се проблем кој го попречува развојот на цивилизираното општество. Друго е: Ебате глупите Муслимани/Христијани.
А во случај да го кажеш првото, испаѓаш религиофоб ( или како и би се викало). Врти сучи, или си со нас или си наш непријател. Е многу напредува демократијата. Во рикверц.