Нема 'паметно' решение. Пошто за се' некој може да се најде 'наврден'. Ама вистинскиот проблем е, што има насилни луѓе, и 'навредата' сакаат да ја светат крвно.
Говор на омраза. И двајцата претераа. Не ја бранам само девојкава иако она прво почна и ситуацијата ескалираше. Сигурно и мене некој да ме навредува по било која основа нема да ќутам.
Има разлика од навреда и закана Рајти. Едно е да те навредам по било каква основа а сосема друго е ради тоа да ми се заканува летнување на главата.
Епа штом е така, да си ќутиме. И ако не викнат на дејт да му се согласиме. И ако не му се согласиме, нека ни вика одвратна, ваква, таква, нека лепи наши слики во јавна соба со коментар радодајка и слично. Тоа попуштањето, милоста, простувањето и вртењето друг образ, се инаку христијански доктрини. Сепак, најарно да се забулиме. Ако не не види, никој нема да не задева.
Ај вака, за нештата да бидат појасни. Религиската припадност како определба на група луѓе е на исто ниво како политичката и/или партиска определеност. Двете можеш да ги бираш и промениш свесно, зависат од тебе и често влијаат на тоа како ги третираш луѓето и нивните права. Па, како такви, *плукањето* по истите, не е автоматски говор на омраза - секако, сѐ додека не преминува граници на демонизирање на сите припадници, негирање нивни човекови права, закани за насилство - што го нема во случајов од страна на девојката, само (ептен раздразнет) напад кон самата религија и догма. Дури и во целиот бес, таа рекла дека го мрази исламот, а не муслиманите како луѓе. Сигурно повеќето разумни луѓе не мислите дека *плукање* и исмевање на мајндсетот на политичката левица или десница на пример е надвор од слободен говор. Жалам, ама религиската припадност не е ништо посвето, само општеството ве наведува да бидете по entitled и осетливи на тоа прашање. Еве, за мене можда ми се глупи некои мемиња против атеисти, превртувам очи 360 степени кога ќе прочитам од апологети поистоветување со комунизмот и дека се убивале луѓе во име на атеизмот (нели, паралелно на тврдењето дека исламот како определба е полн со омраза) и слично, но не мислам дека сето тоа не спаѓа во слободен говор. Границата на омраза е премината на пример кога во една анкета „што мислите за атеистите“ во Турција неколку минувачи (и да, лесно ќе погодите од која религија се истите) му одговараат на новинарот малтене во стил *све тоа треба да се убие*. Додека од друга страна - расата, националноста, сексуалноста се категории со кои се раѓаме, не можеме да влијаеме на нив и никого не повредуваме со нив. Да не ја прифаќаш нечија припадност во категории според овие фактори значи да го негираш самото негово постоење. Затоа хомофобијата, национализмот, расизмот се по дифолт биготство и говор на омраза. Што се однесува до „исламофобијата“, според мене сето тоа што е легитимно дискриминација на муслиманите општо како луѓе може да се сврсти и само под расизам и/или национализам, сѐ друго е злоупотреба за толерирање на вредности кои се антитеза на сѐ напредно и либерално.
Не-не. Во никој случај не реков да ќутиме. Само констатирав ситуација. Ко шо знајш, ни сум била, ни ќе бидам поборник за ќутење.
Абе не беше ова лично, само така авторефлексивно... пуштив мисла да тече. Да знам што да ја учам ќерка ми. Уште не знам, бтв. Страшни времиња упм.
А кaкo тoa кoгa нa христијaнин ќе му ги речеш истиве рaбoти зa исус кaкo Милa прoследувa нaсмевкa и чoвекoт си прoдoлжувa сo свoјoт живoт, кaкo тoa едни мoжaт дa трпaт нaвреди a други кaкo штo е случaјoт сo чaрли хебдo oдмa oдaт нa убиствa. Знaчи прoблемoт не е слoбoдaтa нa гoвoр прoблемoт е штo имa луѓе кoи немoжaт дa трпaт критикa, и се дoдекa имa луѓе штo им дoзвoлувaaт дa се вaдaт сo гoвoр нa oмрaзa или други измислени збoрoви кaкo ислaмoфoбијa oни ќе прoдoлжaт дa јa нaметнувaaт нaсилнo свoјaтa идејa нa пo нивнo прaвилнo oднесувaње.
И после коа ќе кажам дека религијата е најголемо зло на модерниот свет сите ми викаат дека треба да сум потолерантен, јер нели либерал сум бил
Ќе помине Мила. Ќе останат бројни муслимани во Европа, научени на помалку или повеќе поинакви цивилизациски вредности. Па ќе ти седне до тебе во автобус, да те праша дали сакаш да бидете пријатели. Или негде другаде. И така натака... Едит:Пази молимте, побожен а модерен. Да бидеме другари (frend се знае што се подразбира) Па прво за жена треба да ме побара, нели?
Девојката прва почна? Грешка си. Таа го одбила бидејќи таа е геј, потоа тој ја навредил, секако дека и таа ке врати со иста мера.
Не е навикнат да чуе не. Козата, како преференца на муслиманските мажи, е животински вид кој нема способност да зборува. Кутрите...
Значи сосем нормално ни е кога ги критикуваме и пцуеме ВМРО и СДСМ и пред луѓе, и на телевизија, и на форум и социјални мрежи и секаде, ама сега ова на девојката било погрешно. Абе како не. Стварно како што кажа @Someonespecial што е разлика дали критикуваш партија или религија кога и двете се избор?
Норт Дам што мислете кој го запали лани? Такви насилни мажишта со бради до колената. И не се сите муслимани такви јас познавам секако чесни и што не дискриминираат ниту пак се занимаваат со такви ѓаволски работи силување убивање и сечење на клиторис.
Како па да не. Малце луѓе се изгинати во кростоносни војни? Жените "вештерки" од кого биле палени на клада, знаеш? Од христијаните. Аман кога ќе прочитам христијаните на навреда враќале со насмевка. Кога некој те навредува, те допира, ти влага у територија, првиот импулс е да му ја влепиш една, животинското во нас работи. Е сега некои посвесни луѓе, цивилизирано решаваат проблеми, некои несвесни гледаш како случајов. Ама не кажувај сказни, христијаните враќале со насмевка. И христијани, и муслимани, и атеисти имам сретнато и прекрасни и гадови. Човечки особини се, не мешај брзини