Ама за доктрини правиме муабет @Mantub . Јас не знам какви доктрини има исламот, заврти го другиот образ е христијанска доктрина. Крстоносните војни и вештерките, што ги живееше христијанството пред векови, сега го живее исламот, Ваљда дека помлада религија, уште е во пубертет . Инаку во право си за луѓето, секакви ги има сегде, секакви се некако се декларираат.
Крстoнoсни вoјни се истo тaкa неспoредливa и измисленa ретoрикa нa тие штo гo штитaт ислaмoт, ти препoрaчувaм дa гo пoгледнеш видеoвo и дa ми oбјaсниш кaкo мoжеш дa ги спoредиш двете пaтем сегa збoрувaме зa денешнo време.
Според која политичка партија и тоа е тешко да се погоди на крај да се угоди. Не знам што се зафативте со говорот а не со делата закани по живот и секакви други закани?
Одлично. Нека се истребат меѓу себе либералфашистите и фанатичните исламисти и континентов повторно ќе стане нормално место.
А палењето вештерки кој го измисли, марсовците? Убаво пиша некој, денешниот ислам = христијанство од пред неколку векови.
Акo е пред некoлку гoдини... Кoлку вештерски се зaпaлијa пред некoлку гoдини... А кoлку жени беa кaменувaни.
Има и има и многу културни и мирољубиви луѓе и меѓу нив, јас во моиве коментари претежно се осврнувам на оние пофанатични, радикални ограноци кои и те како ги има и се однесуваат како што се однесуваат да не може Мила од дома да излегува и да функционира најнормално што во земја како Франција е нонсенс.
Да не претеруваме сега, и просечен закоравен христијански бумер нема да ти се насмевне за истите зборови за Исус, туку на зборови барем ќе колне до петто колено по социјални мрежи. А да дојде на власт крајна десница на која ти се надеваш, палиш и навиваш за низ цела Европа, другачие ќе почнат да стојат работите и на дело со христијанските забеготини. Тие приказни да им ги продаваш на оние што не те читале што спамаш во политички настани, па и попатно за ЛГБТ што ти е оригиналниот став. Исто ретроградно зло се alt-right и исламски фундаментализам, две страни на една паричка.
Настрана од оваа ситуација, назад во реалноста во 21 век а не во 11 те молам, мислам дека толку насилство и на некој начин СТРАВ да дадеш критика за нешто НЕ ПОСТОИ во христијанството колку што постои во исламот, да не зборуваме за последиците. Барем јас не сум слушнала и видела вакви ситуации како оваа и како линковите кои ги имаат претходно објавено, кои за жал станаа секојдневие.
Не само партии, се пцујат и критикуваат Скопје вс провинција, и рандом град вс рандом град, и навивачи на рандом спортски клубови и мажи вс жени, се пцујат и Грци и Албанци и рандом други националности, се навредуваат пејачи, актери, водители (видете ја темата за јавни фаци) и никому ништо, ама ете исламот е special snowflake и не смее да се зуцне против него.
Колку е 10 века во милијарди години еволуција? Ништо посебно. Колку понеобразовани се луѓето, толку се порелигиозни. Институционална религија, не лична спиритуалност. Стариот Завет е дел од Куранот, исто како и во Библијата. Исус го има и во Куранот, исто како и во Библијата. Прашање е кој како го тумачи напишаното и колку буквално го разбира. Да ја читаш Библијата и да ја следиш слепо, ич нема да е невообичаено да колиш 'неверници'.
Да резимираме, 16 годишно девојче кажува дека Исламот е религија на омразата, муслиманите на тоа реагираат со закани за смрт и силување, чисто за да и докажат дека греши, така? Исто, во Франција богохулење е легално, криминално е вреѓање на припадниците на дадената вера. Пример, ти можеш да кажеш дека Алах, Исус, Буда е ваков, таков, онаков но не смееш да кажеш дека муслиманите, христијаните, будистите се вакви, такви, онакви. Ја разбирате разликата, така? Следно. Кој стоеше зад крвопролевањето во Шарли Едбо? Кој убиваше невини луѓе на концертот на Eagles of Death Metal? Кој косеше случајни минувачи со камион во Ница? Да се тргнеме подалеку од Франција- Бостонскиот Маратон во Америка, настапот на Ариана Гранде во Лондон, кој убиваше таму? И исламофобија после. Е исламофобија де. Од 2015 до сега 250 лица во Франција го имаат изгубено животот во терористички напади огранизирани од исламистички фундаменталисти. И се случува сега ова со Мила и што има да изјави главниот човек кој стои на организацијата за борба против исламофобијата (парафразирам)- „Што си посеала, тоа ќе си жнее“. И после не ги сакале. Е баш се прашувам зошто. JeSuisMila, нормално. **** А нашиве христијани нека не рипаат многу зошто мислам дека сите (ок, повеќето) го паметиме „скандалот“ со факинг Библија. Ви текнува како вриштеа дел од верниците тука и бараа бан за членката? За малку ќе имавме наша феминска JeSuisKakoIDaSeVikaseClenkata. Ич ама ич не се лупајте во гради дека христијанството е нешто подобро од исламот. Разликата е што живееме во секуларна држава (и ако не грешам, повеќето христијански држави се секуларни) па ако фрлиш геј од зграда, ќе одиш во затвор. Гледаме што се случува сега во Америка, во позатуцаните држави, каде активно се работи да се криминализира абортусот. Ви текнува летово дека еден фин христијанин поднесе предлог-закон секоја жена која имала абортус да биде убиена? Всушност, нема потреба подалеку да одам од „верниците“ на форумов. Не се банирани од што беа фини, културни и полни со почит и љубов кој ближниот. Јас лично немам проблем со религиите и религиските книги. Јас имам проблем со верниците. Нереално е да живееш во 2020 ама притоа буквално да следиш нешто што е напишано пред два милениума, кога животот и мислата биле многу поразлични од денес. Баш ме интересира „верниците“ што се залагаат за забрана на абортусот, бидејќи така пишува во Библијата, дали додека протестираат носат облека од мешани влакна Исто, православната црква моментално учи дека мастурбацијата е лоша. Па ве молам, продолжете да објаснувате како ние сме „фините“, а тие се „лошите и затуцаните“.
Може не ми е коментарот за овде, ама ?! Тоа учат негде институционално или како? Не сум учела од православна црква иначе, затоа може не ми е јасно. Верувам дека верските книги, така како што се напишани, не произведуваат злоба и насилство. Кој како ги толкува е друга работа.
@Biljarkata, не можам да ти дадам конкретен одговор, за жал. Ама еве како знам. Другарка моја пред година дена го најде Џизс и сега е нов човек. Ова „нов човек“ не е комплимент, инаку Па така преку неа знам дека нашава МПЦ се залага за чување до брак (добро, за ова се изнаслушавме на форумов пред неколку години), абортус никако и сега најново е дека и мастурбацијата е вид на грев. Дали ова поп лично и го има кажано не знам, ама знам дека лани постоеше некоја православна религиозна страна каде се толкуваат и објаснуваат ваквите работи.
Тоа е едно од нештата што го забранува христијанството (па и исламот ако не се лажам), како и: гледање порно, јадење свинско, имање тетоважи, имање секс пред брак, носење полиестер и сл. Да не почнувам за геј луѓето и оние од друга раса, религија и нација. Исто и жената треба да ќути и да е потчинета на мажот, да не подучува. Ништо чудно што дечково така ја нападнал девојкава откако го одбила, сосема заслепен од овие религиски догми. После ова уште поцврсто верувам дека религијата е најлошото нешто што му се случило на човештвото.
@Amellie13, и морските плодови со тврди „оклопи“ (ракчиња, школки, краби) не треба да се јадат ама гледам нашиве „верници“ тоа ги спречи да се преждераваат со евтина морска храна кога ќе отидат некаде на одмор. Изгледа дека не стигнале до тој дел од Библијата. Битно, мастурбацијата им смета. Е сега, вистинското прашање е колку од нив навистина не ја практикуваат зад затворени врати, кога никој не ги гледа. Океј, Господ ги гледа ама...битно остатите смртници не го знаат тоа и овие ќе може на раат да си осудуваат и да гледаат од високо а Господ секако е милозлив и ќе им прости.